Се упокои во Господ Неговата Светост Бугарскиот Патријарх Максим (06.11.2012 )
Ноќеска, во 3.50 часот, се упокои во Господ Неговата Светост Бугарскиот Патријарх Максим. Тој почина на 98-годишна возраст. Во последните седмици тој беше во болницата „Лозанец“. Неговиот викарен Епископ Јован редовно го причестуваше со Светите Христови Тајни во последните денови. Минатата недела, Неговата Светост во својата болничка соба се поклони на чудотворната икона на Мајката Божја „Достојно е“, која на негова молба и иницијатива беше донесена како дар од Света Гора за бугарскиот народ.
Денес членовите на Светиот Синод ќе направат официјално соопштение за неговото упокојување и за тоа каде ќе биде погребан. За упокојувањето на Бугарскиот Патријарх официјално ќе бидат известени и помесните Православни Цркви. Митрополитите ќе се соберат за да одредат местобљустител до одржувањето на изборите за нов Патријарх, како и за должноста на Софискиот Митрополит.
Бог да го прости поглаварот на Бугарската Црква!
Извор: Двери.бг
Преземено од: МПЦ-ОА