По повод 45 годишниот Јубилеј од возобнувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква на 04. 11. 2012 година, 22 – ра Недела по Педесетница, св. Аверкиј епископ Ераполски, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со Високопреосвештените Митрополити на МПЦ – ОА, Митрополит Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски г. Петар, Митрополит Дебарско – кичевски г. Тимотеј, Митрополит Повардарски г. Агатангел, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион и Преосвештените Епископи, Епископ Велички г. Јосиф и Епископ Лешочки г. Јосиф, во сослужение на Архимандритите Нектариј и Никола, Игумените Дамаскин и Фотиј, свешеници и ѓакони од сите епархии на МПЦ – ОА, ја освети новоизградената црква посветена на Патронот и Заштитникот на Нашата МПЦ – ОА Светиот Климент Охридскиот Чудотворец во населбата Сењак во Штип, чиј што камен – темелник го има осветено и поставено како тогашен Митрополит Брегалнички г. г. Стефан. На малиот вход од Светата Архиерејска Литургија, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, го произведе во Архимандрит Неговото Високопреподобие Игуменот на Лесновската обител отец Дамаскин. Во преолнетата новоосветена црква содржајна пригодна беседа одража Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.
Извор: Брегалничка епархија