Скопје, 26 -ти .10 .2012 год. - манастирска црква на св.вмч.Ѓеорѓиј, Криви дол
На празникот на светата великомаченичка Злата Мегленска, светите маченици Карп и Папила и светиот свештеномаченик Венијамин ѓакон
На 26-ти октомври 2012 година, во дваесет и првата недела по Педесетница кога го прославуваме споменот на светата великомаченичка Злата Мегленска, светите маченици Карп и Папила и светиот свештеномаченик Венијамин ѓакон , во манастирскиот храм посветен на св. вмч. Ѓеоргиј во Криви Дол, во Скопје, отец Горан Тасески отслужи Божествена Литургија . Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни .
Нашиот Господ го зеде не само телото, туку и душата, умот и волјата - сѐ што ѝ припаѓа на човечката природа – за да се соедини со целото наше битие, за наполно да го проткае, поврзувајќи го во целина она што е Негово со она што е наше... Тој споделува со луѓето сѐ, освен гревот... Во тоа е силата и благодатта на Светата Тајна на Причеста во душите коишто кон оваа Света Тајна се приближуваат со чисто срце и се чуваат од секое зло.(Свети Никола Кавасила )
Преминпортал (к.т)
Лето Господово 2012