ПОКАНА
Македонската православна црква – Охридска архиепископија, односно Преспанско-пелагониска епархија со седиште во Битола, има особена чест да Ве покани на свечената прослава по повод впишувањето во списокот на светиите на Светите Четириесет Битолски Преподобномаченици во Соборниот храм „Св. В-мч. Димитриј“ во Битола, на 28 Октомври 2012 г.
ПРОГРАМА
7.00 – Утрена богослужба.
8.45 – Пречек на архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, со архијереите на МПЦ-ОА.
9.00 – Света архијерејска Литургија со објавување на Одлуката на САС на МПЦ-ОА за впишување во списокот на Светиите, Битолски Славни Четириесет Преподобномаченици. На Малиот вход за прв пат ќе биде изнесена иконата на Светите Четириесет Битолски Преподобномаченици и Неговото Блаженство со неа ќе ги благослови присутните верници.
11.30 – Свечена Литија со иконата на Светите Славни Четириесет Битолски Преподобномаченици
Извор: Бигорски манастир