На 12-ти октомври 2012 година, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на Преподобен Киријак Отшелник, во храм на св.Петка, во Скопје, презвитер Здравко Пејковски одслужи Божествена Литургија.Верниот нсрод на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Презвитер Здравко Пејковски:
„На Гората на Блаженството Господ Исус Христос го отсликувал животот на духовниот човек, каков тој треба да биде. Практичниот живот во црквата потврдил дека овие Христови зборови се исполнуваат секојдневно. Имено, оној кој е милостив во име на Христа, тој има и чисто срце, а оној пак, што е со чисто срце неможе а да не биде и кроток. И на тој начин всушност, уште овде, на овој свет ние имаме предвкус на вечниот живот во Бога.
Животот на христијанинот е и индивидуален, целосно се исполнува во заедницата Христова, затоа што само преку заедништво човек може да го иполни секое Блаженство. “
Преминпортал
Лето Господово 2012