На 6. октомври 2012 година, во Охрид на Плаошник, се изврши чинот на Наречението на јеромонахот Јосиф од Бигорскиот манастир со што тој и официјално стана викарен епископ на поглаварот, г.г. Стефан во Скопската епархија. Тој беше именуван во епископот Велички. Следниот ден во црквата „Св. Софија“ ќе се одржи и неговата хиротонија (назначување). Јосиф Велички ќе биде дванаесеттиот член на Синодот на МПЦ.
Брегалничкиот Митрополит г. Иларион пред шест години стана последен член на САС на МПЦ. За крајот од октомври е закажана и хиротонијата на архимандритот Јосиф од манастирот во Калиште, кој ќе биде тринаесеттиот член на Синодот. Тој со титулата епископ Лешочки ќе биде викарен епископ на Полошко-кумановскиот Митрополит, г. Кирил.
Преминпортал
р.к./
Друго:
Синодот го прими Јосиф во своето братство
Синодот на македонската православна црква-ОА вечерва во Светиклиментовата црква на Плаошник ја објави веста дека од утре и официјално нов владика ќе биде архимандритот Јосиф од Бигорскиот манастир
Чинот познат во православната црква како наречение, или објавување на веста пред верниците е прв чекор пред хиротонијата или ракополагање во епископски чин. Се практикува на тој начин што во состав на вечерната литургија, сите членови на Синодот организираат заедничка вечера по примерот Тајната вечера, во која со вино и леб го примаат како свој рамноправен брат новиот член на највисокото црковно тело.
Архиепископот Стефан пред аримандритот Јосиф да седне на масата ја прочита одлуката на Синодот за неговиот избор, а тој возврати со одговор:
- Ја прифаќам и не се противам, блажењејши владико - рече Јосиф.
Потоа следеше заедничкс вечерна богослужба. Архимадритот Јосиф е дванаесетиот член на Синодот. Доаѓа од Бигорскиот маснастир и ќе биде викарен епископ на скопската епархија.
Автор:Р.З.