Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија.
Скопје, 30.09.2012 год.- харам на св. Јован Крстител
Во седумнаесетта недела по Педесетница, на празникот на светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија и светата маченичка Агатоклија, во храмот на св. Јован Крстител, во населбата Капиштец, во Скопје, отец Михаил Таневски отслужи Божествена Литургија. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свети Симеон Нов Богослов
На оние коишто без колебање се подвизуваат во Господа, Господ не им допушта никогаш наполно да пропаднат, туку гледајќи ги изнемоштени, им содејствува и им помага, пружајќи им ја одозгора раката на Својата сила и возведувајќи ги кон Себе. И им содејствува понекогаш јавно а понекогаш тајно, знајно и незнајно, сѐ додека тие, откако ќе ја минат целата лествица, не се приближат до Него и сѐ додека сецело не се соединат со Сецелиот, заборавајќи на сѐ земно и сопребивајќи со Него, и вкусувајќи ги неискажливите добра.
Преминпортал
Лето Господово 2012
Друго:
http://preminportal.com.mk/content/view/10581/1/