Во Марковиот манастир „Св. вмч. Димитриј Солунски“ во с.Маркова Сушица, ноќта, петок кон сабота (28.-29. септември 2012 г.); на празникот на светата великомаченичка Ефимија, преподобен Доротеј, светата маченичка Људмила; се одслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија предводена од отец Атанасиј Арсоски; во сослужение на ѓаконите Ѓоко Бурмузоски, Кире Горгиев и Гоце Постолов и прислужникот Мирослав Бошковски. Православните христијански души се причестија со Светите Христови Тајни. По бдението, игуманијата на Манастирот сестра Илијана и сестринството ги подкрепија заедничарите со благослов, чај, колачи и љубезни разговори.
За Преминпортал
Ратислав Кардалев