Скопје, 28 септември 2012 год.- храм на св. Петка на празникот на светиот маченик Никита, преподобен Филотеј
На 28 септември 2012 година, кога Православната црква во своите молитви благодарејќи се потсетува на светиот маченик Никита, преподобен Филотеј , во храмот на св.Петка во населбара Црниче, во Скопје, старешината на храмот отец Томе Велјановски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Дарови.
Свети Исаак Сирин
Ме прашаа еднаш како може човек да стекне смирение. А јас одговорив: „Со непрестајно сеќавање на своите гревови, со надеж што се приближува до смртта, со сиромашна облека, со тоа што во секое време ќе го зема последното место и што во секоја прилика радо ќе ги прифаќа најлошите и најпонижувачки работи, ќе биде послушен и ќе го чува непрестајното молчание, нема да копнее да оди на собранија, ќе сака да остане непознат и ќе се смета себеси за ништожен, со тоа што нема да учествува во ниедна своја одлука, ќе ги ненавиди разговорите со мноштвото луѓе, и што ќе биде некористољубив; па и со тоа што секоја своја мисла ќе ја воздигне над какво и да е кудење и обвинување на кој било човек, како и над секое натпреварување (...), со тоа што сам и во осаменост ќе се бави само со својата работа и нема да се грижи за ништо друго на светов, освен за самиот себеси. Накусо: туѓинување (оддалеченост од светот), сиромаштија и живот во осаменост – ете од што се раѓа смирението и што го очистува срцето.
Преминпортал
Лето Господово 2012