Халкидики, 14.09.2012 год.-
На 14- ти септември 2012 година, кога Грчката православна црква го прославува празникот на Воздвижение на св. Крст, во храмот на св. Атанасиј на Халкидики, се отслужи Божествена Литургија. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Старец Софрониј
Секој што вистински верува дека евангелските заповеди ни беа дадени од Единствениот Вистински Бог, од оваа вера црпи сила да живее според образот Христов. Верниот не си допушта критички пристап кон зборот Господов, но се поставува себеси под судот на тој Збор. Затоа самиот се препознава себеси како грешник и тагува над својата бедна состојба. Отсуството на тагата заради гревот покажува дека уште не ни се открила замислата за човекот од пред создавањето на светот. Вистински покајаниот грешник не бара возвишени созерцанија: тој е наполно зафатен со својата битка против гревот и страстите.
Преминпортал
Лето Господово 2012