Скопје, 9.09.2012- храм на св.Арх. Михаил
На 9-ми септември 2012 година, кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на светиот маченик Фануриј, преподобен Пимен Велики, светиот свештеномаченик Кукша и Пимен Посник, во храмот на св.Арх. Михаил, во населбата Автокоманда, во Скопје, се одслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
авва Макариј Александриски- Ако сакаш да извојуваш победа над страстите и лесно да ги натераш во бегство мноштвото мислени иноплеменици, собирајќи се во себе преку молитвата и со помош Божја слегувајќи во длабочините на срцето – побарај ги во себе оние три силни ѓаволски џинови, т.е. заборавноста, мрзливоста и незнаењето, од коишто се хранат, дејствуваат, живеат и се крепат во сластољубивите срца и во невоспитаните души сите останати страсти... Кога умот ќе ја спознае безуспешноста на своите спротивставувања на поранешните претстави, и ќе Му ја исповеда на Бог својата поранешна вина, веднаш исчезнува самото искушение и тој одново стекнува власт да внимава на срцето и со сета претпазливост преку молитвата да го чува, настојувајќи да влезе во највнатрешниот и невознемирлив простор на срцето, каде што веќе нема никакви лукави помисли.
Preminportal
Лето Господово 2012