Скопје, 5- ти .09.2012 год. - манастирска црква на св.вмч.Ѓеорѓиј, Криви дол
На празникот на Оддание на Успение; св. мч. Луп; св. Иринеј Лионски
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 90)
Во она време, фарисеите се договорија како да Го фатат Исуса во некој збор. И ги испраќаа при Него своите ученици, заедно со некои Иродовци, говорејќи: „Учителе, знаеме дека си правичен и навистина ги учиш луѓето на патот Божји, и не се боиш ни од кого, зашто не гледаш кој е кој; затоа кажи ни; како Ти се чини: треба ли да се дава данок на царот или не?“ Но Исус го разбра лукавството нивно и рече: „Што Ме искушувате, лицемери? Покажете Ми една даночна пара!“ Тие Му донесоа еден динариј. И им рече: „Чиј е овој лик и натпис?“ Тие одговорија: „На царот.“ Тогаш им рече: „Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!“ И штом го чуја тоа, тие се зачудија и, оставајќи Го, си отидоа.
На 5-ти септември 2012 година, во четринаесеттата недела по Педесетница кога го прославуваме споменот на Оддание на Успение; св. мч. Луп; св. Иринеј Лионски, во манастирскиот храм посветен на св. вмч. Ѓеоргиј во Криви Дол, во Скопје, отец Горан Тасески во сослужение на ѓаконот Игор Настоски отслужи Божествена Литургија . Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
За Преминпортал
Ратислав Кардалев