Скопје, 14 август 2012 год.- храм на св. Петка на празникот на Седумтемина Макавеи, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар; (Богородичен пост)
На 14-ти август2012 година, кога Православната црква во своите молитви благодарејќи се потсетува н аСедумтемина Макавеи, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар, во храмот на св.Петка во населбара Црниче, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Дарови.
Кога некој од братството ја отсекува својата волја и не обрнува внимание на туѓите гревови, стекнува плач. На тој начин се собираат неговите помисли, и така собрани раѓаат во срцето тага, плач по Бог, а плачот раѓа солзи. Солзите, кои се дар Божји, служат како знак за милоста Божја. Солзите во молитва – вели Свети Исаак Сирин – се знамен на милоста Божја, со која се удостоила душата заради нејзиното покајание, и знак за тоа дека таа е примена од Бог и зачекорува во полето на чистотата низ солзи.
Изнесувањето на Чесниот Крст
Овој празник е востановен договорно од Грците и Русите за време на грчкиот цар Мануил и рускиот кнез Андреј во спомен на истовремената победа, и тоа: на Русите над Бугарите, а на Грците над Сарацените. Во обете војни во војските се носени крстови од кои заблескале небесни лачи. Затоа беше востановено на 1 август да се изнесува Крстот од Света Софија, најпрво на средината на црквата, а потоа и на улиците, заради поклонение на народот и заради споменот на чудотворната помош на крстот во претходните војни. Ова не беше некој обичен крст туку вистинскиот Чесен Крст, којшто се чуваше во храмот на царскиот дворец. На 31 јули Чесниот Крст е пренесуван од царскиот дворец во Света Софија, а оттаму потоа носен по улиците заради осветување на земјата и воздухот. Најпосле, на 14 август, беше повторно вратен во храмот на царскиот дворец.
Преминпортал
Лето Господово 2012