Македонската православна црква-Скопска православна епархија во соработка со Хуманитарната организација при Македонската православна црква "Милосрдие", со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а по повод празникот посветен на свети Василиј Велики-Василица на 14 јануари 2008 година /Стара Нова година/
ќе подели новогодишни пакетчиња во градинката во населба Драчево-Скопје во 9 часот, Домот за деца без родители "11 Октомври"-Скопје во 11 часот, "СОС Детско село"-населба М.А. Ченто-Скопје во 13 часот, училиштето за деца со посебни потреби "Партениј Зографски"-Скопје, Домот за деца со посебни потреби во Штип, како и во храмовите во Скопската православна епархија за децата кои посетуваат часови по веронаука.
Со почит и Божји благослов,
Од Канцеларијата на
Скопската православна епархија