5-ти август 2012 год.- манастир на св. Никола, с. Љубанци (скопско)
На 5-ти август2012 година, кога Православната црква во своите молитви благодарејќи се потсетува на светите маченици Трофим и Теофил и уште тринаесетмина со нив, и светиот свештеномаченик Аполинариј , во манастирот на свети Никола, во с. Љубанци (скопско), отец Звонко отслужи Божествена Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Свети Силуан Атонски
Господ ни ја даде заповедта да Го љубиме Бог со сето срце, со сиот ум, со сета душа. Можно ли е да Го љубиме без молитвата?... Оној што го љубиш на него мислиш, за него зборуваш, со него сакаш да бидеш.
Преминпортал
Лето Господово 2012