Нека ни е за многу години свети Наум. Денешново мое јавување сакам да го искористам за еден убав и редок настан од нашата црковна општина.
Во многу пишани и електронски медиуми деновиве се рашири веста под наслов “Средношколка од македонско потекло добитник на конгресна награда”. Прекрасна вест, е усте позначајна што нашата средношколка потекнува токму од нашата Македонска зедница од градот Лос Ангелес каде што македонците се собрани под крилото на Мајката Црква- Македонската црковна општина, посветена на Успението на Пресвета Богородица.
Натаа е една од нашите млади амбасадори кои достоинствено ја преставуваат Македонија насекаде. Не само во слики, туку и во збор и дело и е пример за една кротка и вистинска македонка. Член е и во нашето црковно неделно училисте па покрај сликањето има голема дарба и за настап со песни и стихотворби.
Нејзините родители Лјупцо и Весна по потекло од Кукуречани-битолско, успеаа со нивната кротост и дружељубивост да бидат почитувани членови на нашата црковна општина. Иако релативно млади, Љупчо беше и на чело на црковната општина-председател во 2004-2006 година.
Втората нивна ќерка Андријана пак е добар гимнастичар и исто е и член на нашето неделно училиште. Но овие среќни родители можат да послужат за пример и во тоа како се живее во повеќедетно семејство. Тие по подолга пауза беа благословени од Бога со третта рожба и го добија Антониј кого пред два месеци го крстивме.
Наташа наградата ја доби лично во Вашингтон а тоа се 2000$ школарина за освоено прво место во сликарство во конкуренција од 176 пријавени. Два билети за авион и сместување, а за другите три си доплати семејството. Престојот во Вашингтон го искористија и да ги посетат историските знаменитости и да ја посетат насшта Македонска Амбасада
Од името на сите читатели на семејството Царовски и на Наташа им го честитаме успехот со желба за уште повеќе награди и достоинствено преставување на нашата македонска култура без разлика каде живееме.
За Преминпортал:
Отец Ристо Ристовски
Лето Господово 2012