логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Соопштение (29.06.2012 14:41)


Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, на својата редовна седница одржана на 28 јуни 2012 г., ги избра Неговото Високопреподобие архимандритот г. ЈОСИФ (Пејовски) игумен на манастирот „Рождество на Пресвета Богородица”, Калишта, Струга, за викарен епископ на епархискиот архиереј на Полошко-кумановската православна епархија, со титула Епископ Лешочки и Неговото Преподобие јеромонахот г. ЈОСИФ (Тодоровски), од манастирот „Свети Јован Крстител - Бигорски”, за викарен епископ на епархискиот архиереј на Скопската православна епархија, со титула Епископ Велички.

Наречението на Епископот Лешочки г. Јосиф (Пејовски) ќе биде на 20 октомври 2012 г., во Соборниот архиепископски храм „Свети Климент Охридски” во Скопје, а хиротонијата за викарен епископ на Полошко-кумановската православна епархија ќе биде на 21 октомври 2012 г., во храмот „Свети Кирил и Методиј” во Тетово.

Наречението на Епископот Велички г. Јосиф (Тодоровски) ќе биде на 06 октомври 2012 г., во манастирот „Свети Климент Охридски” на Плаошник, во Охрид, а хиротонијата за викарен епископ на Скопската православна епархија ќе биде на 07 октомври 2012 г., во храмот „Света Софија”, во Охрид.

ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА САС НА МПЦ

 

Архимандрит д-р Јосиф Пејовски

 

            Роден е во 1977 година во Прилеп. По завршувањето на средното образование, во 1995 година, се запишува на Богословскиот факултет “Свети Климент Охридски” во Скопје, каде што дипломира во 2000 година со одбрана на дипломскиот труд: „Иконите низ историјата на Црквата”. Следната, 2001 година, се запишува на постдипломски студии на Филозофскиот факултет, при Универзитетот „Светите Кирил и Методиј” во Скопје, каде што магистрира во јуни 2005 година, на тема “Сфаќањето на личноста во антропологијата на свети Григориј Палама”. Истата, 2005 година, на катедрата по догматика при Православниот Богословски факултет во Скопје пријавува докторат  на тема “Догматско-богословското учење за исихазмот во делата на свети Јован Лествичник, свети Симеон Нов Богослов и свети Григориј Палама”. Докторатот го одбранува во 2009 година под менторство на протојереј-ставрофор д-р Јован Таковски.

            Замонашен е во 2005 година, кога е ракоположен и во јероѓакон, а следната 2006 година е ракоположен во јеромонашки чин. Во 2009 година е произведен во игумен на Калишкиот манастир: “Рождество на Пресвета Богородица”. Со одлука на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква во 2011 година е произведен во архимандрит. На 28.06.2012 година, е избран за Епископ лешочки, и е поставен за викар на Полошко-кумановскиот Митрополит, господин Кирил.

 

Јеромонах Јосиф Тодоровски

 

            Роден е во 1982 година во Скопје. По завршувањето на основното образование, во 1997 година, се запишува во Македонската православна богословија: “Свети Климент Охридски” во Скопје, која со успех ја завршува во 2002 година. Веднаш потоа го започнува монашкиот подвиг во братството на Бигорскиот манастир: “Свети Јован Крстител”, а воедно, како вонреден студент се запишува на Православниот Богословски факултет: “Свети Климент Охридски” во Скопје,  каде дипломира во 2010 година, со одбрана на дипломскиот труд: “Богородица – почеток на Новиот Завет”. Замонашен е на 10.09.2003 година од страна на неговиот надлежен Архиереј, Митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј. Следната, 2004 година, е ракоположен во ѓаконски чин. За јеромонах е ракоположен на денот на манастирската слава на Бигорската обител, на 07.07.2006 година.

            На 28.06.2012 година е избран за Епископ велички и е поставен за викар на Скопската православна епархија, со која раководи Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски, господин господин Стефан.

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная