логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


   Идејата за научниот симпозиум „За македонските работи“ се родила во октомври минатата година, кога Европската комисија ја изостави придавката „македонски“ во годишниот извештај за Македонија. Како реакција на ова, дваесетина македонисти од земјава и од странство ќе говорат за научната наспроти политичката вистина за ова прашање.
 
  
Од вчерашното отворање на симпозиумот „За македонските работи“

ОТВОРЕН МЕЃУНАРОДНИОТ СИМПОЗИУМ ЗА ЈАЗИКОТ

Македонскиот јазик и уставното име на Македонија се централна тема на меѓународниот научен симпозиум „За македонските работи“, на кој учествуваат дваесетина македонисти и истражувачи од земјава и од странство на институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“. Според организаторите, идејата за ваквиот собир на кој се поканети повеќе лингвисти од светот што ќе говорат за научната наспроти политичката вистина се родила во октомври минатата година, кога Европската комисија на чело со Штефан Филе ја изостави придавката „македонски“ во годишниот извештај.

- Македонците којзнае по кој пат добија удар пожежок од шлаканица, а тоа поттикнува на бунт и борба.
Македонскиот  јазик старата „госпоѓа“ го оттурнува од себе како да не е нејзин, подбуцната од разгаленото мрзеливо милениче, чие име, простете, го заборавам. Бидејќи татковината се брани со ум и разум, предложивме симпозиум со колегите-лингвисти од странство, непристрасни мислители, за да потврдат дека овде не живеат сеништа, туку луѓе со автентична култура и генијални книжевници што творат токму на тој јазик - македонски - рече Елка Јачева-Улчар.

Цитирајќи го Мисирков, директорката на институтот Веселинка Лаброска рече дека грижата за јазикот не е само право туку и долг кон предците и оти Македонците со своите национални обележја се дел од светското семејство, а со карактеристиките на јазикот се дел од големото словенско семејство и од балканскиот јазичен сојуз.

- Тој долг нѐ обврзува пожртвувано да работиме на она што значи наука за македонскиот јазик, но и да водиме грижа дали таа наука дава плодови што нашиот народ ќе ги користи. Она што некои квази-научни кругови сакаат да го постигнат со негирањето на нашето име или на нашиот јазик нѐ прави само посилни во залагањата да ја шириме вистината за македонскиот јазик и за државата насекаде во светот - рече Лаброска.

Покровителот на симпозиумот, министерот за образование и наука Панче Кралев, рече дека странските македонисти штосе многу значајни во оваа борба се културни амбасадори на земјава.

- Ја имаме интелектуалната моќ на научниците што со својата објективност и непристрасност ги рушат табуата за „избрани народи“, за монопол над топоними, за монопол над историјата. Нашата држава е основана на вложеното дело на многу наши предци и ниеден поединец нема право да ја обезличи и преименува - рече Кралев.

Претседателот на МАНУ, Владо Камбовски, истакна дека покрај современата научна верификација за постоењето на македонскиот јазик од страна на најеминентни славистички и лингвистички кругови и со илјадници научни трудови во светот, тој е спорен, како што рече, само за луѓе што го замислуваат светот како зелена маса на која во слободен стил се исцртуваат геостратегиски карти и државни граници.

- Ненаучен и затоа и неприфатлив е обидот македонскиот идентитет да се изведе и развие не врз основа на посебноста на јазикот и неговата функција на сврзувачко ткиво или душа, како што вели Мисирков, на народната обичајност како вкупност на културното наследство, туку врз некои квази-научни тези - рече академикот Камбовски.

Тој повика јазикот да се брани и дома, да се подигнат повеќекратно капацитетите на научните институции, бројот на истражувачи и обемот и квалитетот на научното творештво и негово претставување пред светската наука. За да се запре, како што рече, стагнацискиот процес, повеќекратно треба да се зголеми буџетот и државата да одговори на својата уставна должност да го помага развојот на науката.

Учесниците на симпозиумот ги поздрави и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

- Иницијативата за овој симпозиум и придобивките од него уште еднаш ќе ја потврдат долговечноста на Македонија, Македонците и на македонскиот јазик - рече таа, нагласувајќи дека грижата за јазикот е меѓу приоритетите на Владата што резултираат со проекти како што е едицијата „130 тома македонска книжевност“.

На симпозиумот со свои излагања учествуваат македонисти од Франција, Словенија, Словачка, Полска, Чешка, Хрватска, Албанија и од Русија. 
  
   
Автор: Ивана Нолчева
 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Ние самите себе се осудуваме, ако со своите дела отпаднеме од Оној преку кого сме создадени и Кој е смисла на нашето постоење, од Богочовекот Христос. Сѐ е информација, нашиот...

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

29/05/2025 - четврток

Вознесение Христово – Спасовден; Преподобен Теодор Осветен; Блажената девица Муза; Свети Никола Мистик, патријарх Цариградски; Светиот новомаченик Николај; Преподобните маченици Саваити;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски  учители 24/11 мај 2025

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски учители 24/11 мај 2025

Рамноапостолни  учители на словенските земји,богомудри Кириле и Методие,Владиката на сите молете Го,да ги утврди сите словенски народи

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная