Скопје, 27.06.2012 год. - манастирска црква на св.вмч.Ѓеорѓиј, Криви дол
На празникот на светиот пророк Елисеј, свети Методиј, патријарх Цариградски и преподобен Нифонт;
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 24)
Рече Господ: „Секој што ги слуша и исполнува овие Мои зборови, ќе биде како благоразумен маж, кој си направил куќа на камен. И заврна дожд и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа, но таа не падна, оти беше изградена на камен. А секој, што ги слуша овие Мои зборови и не ги исполнува, прилега на човек глупав, кој си направил куќа на песок. И заврна дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа, и таа падна, а паѓањето ѝ беше страшно.“ И кога ги заврши овие зборови, народот се чудеше на Неговото учење, зашто Он ги поучуваше како Оној, Кој има власт, а не како книжниците. А кога слезе од планината, по Него врвеше многу народ. И ете, се приближи еден лепрозен. Му се клањаше и говореше: „Господи, ако сакаш, можеш да ме очистиш.“ А Исус кога ја пружи раката, се допре до него и рече: „Сакам, очисти се!“ И тој веднаш се очисти од лепрата. И му рече Исус: „Гледај, никому не кажувај; а оди, покажи им се на свештениците и принеси дар, како што заповедал Мојсеј, ним за сведоштво.“
На 27 јуни 2012 година, во третата недела по Педесетница кога го прославуваме споменот на светиот пророк Елисеј, свети Методиј, патријарх Цариградски и преподобен Нифонт; во манастирскиот храм посветен на св. вмч. Ѓеоргиј во Криви Дол, во Скопје, отец Горан Тасески во сослужение на ѓаконот Игор Настоски отслужи Божествена Литургија . Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
Preminportal
Лето Господово 2012