Дискусија: „За Божјиот избор и призив за водство на Народот Божји“
На 22. јуни 2012 г. во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во рамките на „Седмицата посветена на Светото Писмо“ (18. – 24. јуни) се одржа дискусија: „За Божјиот избор и призив за водство на народот Божји“. Пред дискусијата се прикажа филмот: „МОЈСЕЈ“. Воведен подтик за дискусијата дадоа: презвитер Игор Калпаковски, презвитер Горан Тасески и јеромонах Атанасиј; по што во дискусијата се вклучија и присутните.
На мисијата на Мојсеј можеме да гледаме како на праобраз на Христовата мисија. Специфичното кај Мојсеј е што има многу хендикепи кои наместо отежнувачки фактори стануваат шанса затоа што Му оставаат простор на Светиот Дух да делува како сака и каде сака. Слично ќе биде и кај необразуваните апостоли, пред чии очи Христос прави чудеса но сепак останаа малуверни сè додека Сетиот Дух не слезе на нив. Понизноста, смиреноста, скромноста и неподготвеноста на Мојсеј се услов за дејство на Бога.
Чистото срце на Мојсеј е предуслов за Божјиот призив. И денес Црквата треба да создаде светители за да може да го води народот во заедница со Бога. Бидејќи сите сме создадени по образот Божји тогаш и сите можеме да бидеме свети или водачи.
Поаѓајќи од смртната и распадлива човекова природа, светите отци врз основа на опит препорачуваат три степени или фази на духовен развиток: (1.) очистување на срцата од страстите и под водство на духовник; (2.) со просветлување на умот да се доведе човек во состојбата како што бил пред одпаѓањето од Создателот; и (3.) по Божјата волја натаму да се расте до полнота.
Примерите на другите луѓе се важни за формирање на духот на водачот. Така и браќата Мојсеј и Арон (кога едниот духовно паѓа, другиот тогаш се исправа) нè поучуваат дека спасението е можно само во заедница.
Лето Господово 2012
-
Ратислав Кардалев
-
Ена Абјаниќ
Друго:
- Започнува седмицата посветена на Светото Писмо
- МЕСИЈАТА – очекуван од Старозаветниот народ Божји – Израелот и сведочен од Новозаветниот - Црквата
- Трибина: „Зошто голем процент од современите православни христијани НЕ ГО ЧИТААТ
- Предавање: ТОЛКУВАЊЕ НА БЕСЕДАТА НА ГОРАТА – 1. дел!
- Предавање: ТОЛКУВАЊЕ НА БЕСЕДАТА НА ГОРАТА – 2. дел!
- Предавање: ТОЛКУВАЊЕ НА БЕСЕДАТА НА ГОРАТА – 3. дел! (22.06.2012)