Предавање: ТОЛКУВАЊЕ НА БЕСЕДАТА НА ГОРАТА – 3. дел!
На 22. јуни 2012 г. во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во рамките на „Седмицата посветена на Светото Писмо“ (18. – 24. јуни) се одржа предавање: Толкување на Беседата на гората (третиот од трите делови на ова предавање). Предавач беше презвитер Ивица Тодоров. Во продолжение, учесниците можеа да поставуваат прашања.
Во Беседата на гората Христос ги определува блаженствата како духовна лествица кон состојбата на радост, полнота, извесност и спокој. Смирен христијански живот неизбежно зрачи во околината со блаженствата.
Видовме дека Создателот го подигна старозаветниот (избран) народ за да посведочи за Едниот Бог и Месијата кој треба да пристигне. За да се обезбеди извршувањето на оваа тешка и историски одговорна задача Создателот во Стариот Завет постави строг закон.
Строгоста на Законот беше потребна затоа што егоизмот го испразнува човекот од љубов и милост, а го исполнува со суровост. Оваа состојба поврзана со религија и повикување на Бог станува особено опасна за што, за жал, има драстични примери во историјата. Во тој контекст, Стариот Завет за сторена неправда одобруваше одмазда – око за око, заб за заб.
Исус Назареецот воведува ново многу потешко барање – на злото да не се спротивставуваме. Односно: ако некој те удри по образот (десниот – што го насочува контекстот кон достоинството), остани смирен затоа што си по образот Божји создаден.
За да го постигнеме ова духовно ниво треба со блаженствата да го изградиме својот духовен живот. Човече, за тебе Бог го прати својот Син да биде распнат, за да го подигне паднатиот Адам во ново подобие. Затоа во својата личност имаме вонредна вредност која никој не може да ни ја одземе.
Беседата на гората е основа на христијанското живеење. Сила за ненасилно спротивставување на злото не од слабост (овчедушие) туку од мудрост. Тоа е христијанската култура на ненасилие:
- не судете, за да не ви се суди;
- бидејќи ја гледате раската во туѓото око, а гредата во сопственото око не ја гледате.
Лето Господово 2012
-
Ратислав Кардалев
-
Ена Абјаниќ
Друго:
- Започнува седмицата посветена на Светото Писмо
- МЕСИЈАТА – очекуван од Старозаветниот народ Божји – Израелот и сведочен од Новозаветниот - Црквата
- Трибина: „Зошто голем процент од современите православни христијани НЕ ГО ЧИТААТ
- Предавање: ТОЛКУВАЊЕ НА БЕСЕДАТА НА ГОРАТА – 1. дел!
- Предавање: ТОЛКУВАЊЕ НА БЕСЕДАТА НА ГОРАТА – 2. дел!