Предавање: ТОЛКУВАЊЕ НА БЕСЕДАТА НА ГОРАТА – 1. дел!
На 20. јуни 2012 г. во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во рамките на „Седмицата посветена на Светото Писмо“ (18. – 24. јуни)
се одржа предавање: Толкување на Беседата на гората (првиот од трите делови на ова предавање). Предавач беше презвитер Ивица Тодоров. Во продолжение, учесниците можеа да поставуваат прашања.
Теолозите оценуваат дека Беседата на гората е срцевината на Новиот Завет. Слободно може да се тврди дека Беседата е темел на Новозаветниот народ и на разбирањето на христијанството. Првото од трите предавања за Беседата беше воведно. Се истакна дека човекот е круната на созданијата на Творецот, Кој создавал само Добро исполнето со Љубов и Вистина. Но едно од созданијата – ангелот носител на светлината, подјаден од црвот на завидливост за величината на човекот влегува во затворениот круг на егоизмот, суетата и лагата од кои го создал злото.
Значи, злото не е нешто од Творецот или комплементарно на Доброто туку е агресија врз Доброто. Затоа злото ја уништува смислата на животот, се губи сознанието за Бога и случува хаос. Во ваквата состојба, човекот може да се спаси само со верата дека искупителната жртва на Месијата ги победила злото и смртта.
Како да поверуваме дека Исус е Месијата?
Современото христијанство страда од традиционализам, културолошка суштина, пагански обичаи, баење и гатање. Така секој од нас мора да помине низ фазата на „блудниот син“.
Во ова светло Блаженствата се небесна лествица која нè води во покајание. Кога така – покаени, во кротост откриеме дека сме никој и ништо, во нас се буди потребата за Доброто, Вистината и Љубовта и се станува следбеник Христов. Тогаш во кротост се доживува потребата за правда и милоста како најубава пројава на Љубовта кои водат до Бога.
Одкако ќе се разбере смислата на животот човек станува активен миротворец и борец за правда. Историјата поучува дека во таква состојба, христијаните како и Христос стануваат опасност за структурите на злото кои владеат во светов и цел на отворен или прикриен напад.
Најперфиден напад врз христијанството е лажното културолошко христијанство. Христијанин не се станува по раѓање туку по повик по што треба да се расте во духот. Затоа, Црквата мора да се оспособи да ги прифаќа оние кои добиле призив од Христа.
Лето Господово 2012
-
Ратислав Кардалев
-
Ена Абјаниќ
Друго:
- Започнува седмицата посветена на Светото Писмо
- МЕСИЈАТА – очекуван од Старозаветниот народ Божји – Израелот и сведочен од Новозаветниот - Црквата
- Трибина: „Зошто голем процент од современите православни христијани НЕ ГО ЧИТААТ
- Предавање: ТОЛКУВАЊЕ НА БЕСЕДАТА НА ГОРАТА – 1. дел!