Скопје, 18 јуни 2012 год.- Соборен храм на св. Климент Охридски
МЕСИЈАТА – очекуван од Старозаветниот народ Божји – Израелот и сведочен од Новозаветниот народ Божји – Црквата
На 18. јуни 2012 г. во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во рамките на „Седмицата посветена на Светото Писмо“ (18. – 24. јуни)
Митрополитот Европски г-дин Пимен одржа предавање на тема МЕСИЈАТА – очекуван од Старозаветниот народ Божји – Израелот и сведочен од Новозаветниот народ Божји – Црквата
Зошто требаше Бог да го прати својот Син како Месија за да нè спаси?
Зато што според Божјото провидение треба да се уподобиме на Бога по благодат, но не и по природа и да ни се покаже дека и со кршливото човечко тело може да се постигне полнотата на постоењето.
Улогата на Месијата во нашите животи и постоење почнува со Неговите воплотување, страдање и воскреснување. Најголемата придобивка за нас од Воскресението Христово е токму учеството во Божјата природа по благодат.
Како плод на 3 вековното сведочења и срадања на првите христијани со Миланскиот Едикт христијанската вера се здоби со слободата на вероисповест. Следната година ќе се прослават 1.700 години од објавувањето на Миланскиот Едикт на византискиот цар Константин со кој престануваат прогонствата на христијаните. Но за жал истовремено се пројавува и формалното христијанство, а како одговор на тоа искривување на верата се појавува монаштвото во сета своја полнота до денешни дни.
И денес ние треба со љубов и дела да ја сведочиме верата во Месијата. Иако сме мало стадо, не треба да се обесхрабруваме. За тоа убав пример е и проектот „Да живееме заедно како црква“- во оваа седмицата посветен на Светото Писмо, а од година во година е посетеноста е се поголема. Проучувањето на Светото Писмо е потребно но не и доволно за спасение. Историјата на Христијанството е богата со примери на светии кои немале можност да го изучат Писмото но сепак стекнале таква вера која само со животите можеле да ја сведочат.
Сведоци сме на чудото со чистењето на фреските во црквата Свети Димитриј во Скопје. Некои учени се трудат да најдат рационални физичко-хемиски објасненија. Но да не заборавиме дека и самата коинциденција на природните закони е резултат на Божјата волја. Независно, чуда се случуваат секојдневно но треба да забележиме и да бидеме внимателни затоа што чудата кај некои луѓе ја зацврстуваат верата додека истовремено други луѓе се соблазнуваат.
,Љубовно писмо- Свето Писмо“- тоа е пораката, како што рече о. Ивица, која произлезе од разговорот со Елена Николова, студент на Филоошкиот факултет „Блаже Коневски“ - македонска книжевност, воедно и наградена за најкреативно испишана порака на платото пред Соборниот храм:„Ви посакувам мир, со него се започнува, љубов, бидејќи ја дарува смислата на несовршениот свет и соништата бидејќи можат да се остварат“. Како подарок за нејзината љубовна инвентивност, Наташа доби на подарок примерок од Светото Писмо.
Лето Господово 2012
-
Ратислав Кардалев
-
Преминпортал
Друго:
Започнува седмицата посветена на Светото Писмо