На 04. 06. 2012 година – Духоден 2 ден, св. мч. Василик, св. Јован Владимир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во храмот посветен на „Св. Троица“ во Радовиш, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, отслужи света архиерејска Литургија. На крајот од светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, произнесе пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб. На светата Литургија присуствуваше многуброен православен верен народ како и ктиторот на црквата г. Ристо Гуштеров, Директорот на Рудникот „Бучим“ г. Николајчо Николов, Претседателот на Советот на Општина Радовиш г. Сашко Нколов и Советници од Општината Радовиш.
Извор: Брегалничка епархија