Благословен си, Христа Боже наш,
Кој рибарите ги направи премудри ловци,
кога им Го испрати Светиот Дух,
и преку нив ја улови вселената.
Човекољупче, слава Ти,
Тропар на Педесетница, глас 8
Денес, кога Православната Црква го прославува великиот благден Педесетница - роденденот на Црквата - Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, чиноначалствуваше на Света Божествена Литургија во соборната црква „Св. Климент Охридски“, во Скопје. По Литургијата се отслужи Вечерна богослужба со читање на трите молитви со „коленоприклонение“
Извор: Скопска епархија