Тропар на св. 45 Христови маченици Никополски 10 јули / 23 јули 2024
Маченици свети кои на бојно поле побрзавте,
Христа го исповедавте и венец на спасение добивте.
Повикајте и денес за нас о младенци на Царството нетлено –
Маченици свети кои на бојно поле побрзавте,
Христа го исповедавте и венец на спасение добивте.
Повикајте и денес за нас о младенци на Царството нетлено –
удесата извршени од Твоите
свети маченици, Христе Боже,
за нас се покажаа карпа несоборлива.
По нивните молитви,
намерите на противниците разруши ги,
Во трпението твое си ја стекнал
твојата награда, оче преподобен,
во молитвите си истрајувал,
бедните си ги закрепнувал,
Христе Господи,
секаде каде што благодат врз благодат се додава,
се надминува човековата природа.
Малку се ѕвездите чија светлина ги пробива облаците,
малку се бестрасните, о преподобен оче Давиде,
Светлино тивка на светата Христова слава,
девственичке од хорот на Пресвета Богородица,
цвету небесен подарен на Христијаните,
Февронио света маченичке,
моли се ти која ни покажа,
Како младенец возљубувајќи ја чистотата,
срцето во Христови раце го предаде,
Тихоне Божји угодниче,
благодатта накалемувајќи се на тебе,
сувото лозје во градина Господова го претвори,
Како младенец возљубувајќи ја чистотата,
срцето во Христови раце го предаде,
Тихоне Божји угодниче,
благодатта накалемувајќи се на тебе,
Пониженото и простото го избра Ти Господи,
да го посрамиш мудрото од овој свет,
така преку Твојот пророк Амос,
ја откри тајната на болестите човечки.
Мудроста подарена одозгора, те направи пророк и пријател Господов,
о Елисее свети Божји угодниче.
Не побара ни здравје, ни богатство, ни денови на животот изoбилно,
туку поита на Љубовта да послужиш,
народ во стадо со збор да вратиш,