О. Миропомазание е тајна со која се излива благодатта на Светиот Дух врз новокрстениот.
П. Со каква материја се врши оваа тајна?
О. Со миро осветено од православен архиереј.
П. Каква е формулата?
О. Зборовите: Печат на дарот на Светиот Дух, амин.
П. Што е потребно да се внимава во оваа тајна?
О. На мирото да не му биде повредена благодат- та. Ова миро не може да го освети обичен свештеник, туку архиереј и секој свештеник е должен да има миро осветено од архиереј.
П. Од што се прави светото миро?
О. Од дрвено масло и други видови тревки и масла.
П. Каква благодат стекнуваме со миропомазанието?
О. Се запечатуваме со дарот на Светиот Дух за да бидеме тврди и постојани во верата и во сите христи јански добродетели.
П. Што да се прави со православните хрис- тијани коишто отстапиле од својата вера и поживе- але во неправославна вера, како, на пример, магоме- танска или еврејска и јазическа, и ако пак сакаат да се обратат на православието, потребно ли е тие пак да се крстат или не е потребно?
О. Не е нужно да се крстат, туку само да се помазат со миро при што присоединетиот е должен да иска- же одрекнување од својата заблуда.
П. Се дава ли оваа тајна по вторпат?
О. Им се дава на царевите при стапување на царството.
СВЕТИ ДИМИТРИЕ РОСТОВСКИ
ПРАШАЊА И КРАТКИ ОДГОВОРИ ЗА ВЕРАТА И ЗА СÈ ДРУГО ШТО ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕ ХРИСТИЈАНИНОТ
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Митрополит Дебарско-кичевски
Г. Г. Тимотеј
Издава
Издавачка установа К а н е о “ при Дебарско-кичевска епархија - Охрид
Уредник и превод: Диме Кочовски, протојереј
Лектура: Д-р Стојан Ристески
О Х Р И Д
1995