логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

П.  Кој е Христос?       
О.  Христос е Син Божји и Бог - втората Ипостас на Светата Троица.
       
П Кога на Синот Божји му беше дадено името Исус Христос?      
О.   По овоплотувањето од Света Дева. 
     
П.  Колку природи исповедуваме во Христа, Синот Божји, овоплотен поради нас?      
О.  Исповедуваме две природи: една божествена и една човечка. Божествената природа е самото Божество, а човечката природа е тело и душа.
      
П.  Колку суштества исповедуваме во Христа?      
О. Исповедуваме две суштества: едно едино- сушно на Отца по Божество, а другото единосушно на Мајката по човештвото. 
     
П.  Колку волји исповедуваме во Христа?   
О.  Исповедуваме две волји: волја божествена и волја човечка.   
   
П.  Што е волја божествена?      
О. Волја божествена е, на пример, да се очи- стуваат губавите, кога Христос сакаше да покаже Божја волја и дејствие, му рече на лепрозниот: Сакам, очисти се!      

П Што е волја човечка?      
О. Волја човечка е, на пример, да се бара вода како на крстот. 
     
П.  Колку делувања се во Христа?      
О.  Исповедуваме две делувања - Божјото и човечкото.   
   
П.  Што е тоа Божествено делување?      
О. Божествено делување е „ да се спаси секој човек и да дојде во познание на вистината”.    
  
П.  Што е делување Човечко?      
О.  Да се патува, да се труди и сл.   
   
П.  Колку Ипостаси исповедуваме во Христа?      
О. Исповедуваме една Ипостас на Бога Слово, зашто Тој е Единствениот Син Божји, и Син на Дева, како што порано рековме.
      
П.  А има ли Христос човечка Ипостас?      
О.  Нема, зашто нема два Сина или двајца Христо- си, туку еден Христос - Син Божји и Син на Дева, како што рековме порано.
    
П. Колку раѓања на Синот Божји исповедуваме?     
О. Исповедуваме две раѓања: првото предвечно, безвремено, бесплотно, зашто засјал од Отецот како Светлина од Светлина; второто, на крајот, Бог велик, предвечен, беспочетен, недостижен по Божество, неопфатлив, водител на срцата на сите луѓе, се роди од Дева Богородица.    
  
П. Зашто се овоплотил Синот, а не Отецот или Светиот Дух?      
О.  За да го исполни својството на Својата Ипос-тас, да биде Син, и на небото, и на Земјата. 
    
П.  Насекаде ли е плотта Христова или не е?      
О.  Не е насекаде.      

ПА каде таа сега се наоѓа?      
О.  Плотта Христова, примена од Пресвета Бого- родица, со нас поживеа на земјава и пострада по воск- ресението од мртвите и по вознесението се наоѓа на небото.      

П.  А дали е плотта Христова на земјата?      
О.  На таинствен начин, плотта Христова е на земјава - во Божји тајни, во форма на леб и вино.      

П.  Зошто Псалмопевцот му припишува на Христа седнување кога вели: Му рече Господ на Господа мој, - седни оддесно на Мене (Пс. 109,1), а и Символот вели: И седна оддесно на Отецот?      
О.  Со зборовите на Бога Отецот кон Синот: „Седни оддесно на Мене“, Псалмопевецот покажува дека Синот  по   Божество  е  рамночесен  и единосуштен на Отецот и Светиот Дух; а Символот исповедува дека Тој и по човештвото стекнал во Бога Божествена чест.  
    
П.  Со каква природа Господ Христос пострада за нас?      
О.  Со плотта како страсна природа, а не со Боже ството.  
   
П. Дали го славиме првото рождество Христово?      
О.  Првото Христово раѓање нема празник, зашто тоа е безвремено, за нас недостапно. Второто го праз нуваме според одредбата на Црквата на 25 декември: а претходно на 25 март (по стар стил - з. н.), по благове- стувањето од архангелот во Приснодева Марија се овоплоти Словото.   
   
П.  По овоплотувањето Христово и по соедину- вањето на Божеството со телото, не настана ли разделување на Бога Сина од Бога Отецот и од Бога Светиот Дух?      
О.  Не, зашто Божеството е насекаде присутно и се исполнува неразделно; ниту Синот со Своето ово- плотување и слегување на земјава не се раздели од Отецот, ниту Отецот од Синот, ниту Светиот Дух.   
   
П.  Можеше ли да се овоплоти Отецот или Све- тиот Дух?      
О.  За тоа рековме: Синот се овоплоти за да биде, и на небото, и на земјата Син; Бог Отецот е да е неро- ден, а на Духот да исходува. 
     
П.  Ако не постоеше небото и земјата, каде ќе престојуваше Бог?     
О.  Бог ќе беше Самиот во Себе. Тоа што Тој го создаде небото и земјата, не ги создаде за самиот себе, за во нив да престојува и да почива, туку поради нас, за да биде од нас фален и почитуван.  
    
П.  Дали Бог има престол на небото?      
О.  Бог е насекаде и сè исполнува, како што е речено, но светлината на своето Божество Тој ја јавува пред сè на небото и таму има неискажлив престол, како што самиот вели: Небото е престол Мој, а земјата подножје на нозете мои (Исаиј. 66,1). Нозе, се пордразбира духовни, а не телесни т. е. Неговото присуство е слично на сончевата светлина, насекаде е и сè исполнува.    
  
П.  Дали Бог се јавувал на земјава?      
О.  Бога никој никогаш не Го видел каков е, но  колку што им е можно на нашите очи да гледаат, јавувања Божји имало, или јавно, или во сон, како што имале праоците, пророците, апостолите, мачениците и други благочестиви луѓе. Така и Синот Човечки ја објавил славата на Своето Божество при преображе- нието и вознесението, колку што можеа да сместат човечките очи.  
    
П.  Кога Бог ги создаде ангелите, дали пред сите векови?      
О.  Не, никако. Тој сам постоеше пред сите векови несоздаден и нема почеток по природа. Ангелите се создадени од Него во нивно (одредено) време.      

П.  Што се ангелите и какво сфаќање треба да  имаме за нив, кои се тие?    
О.  Ангелите се духови бесплотни, невидливи, безгрешни, не сами по себе, туку поради благодатта  Божја,  создадени  пред  сите нешта и  кои  можат  да  се  пренесуваат од место на место брзо како трепнувањето на окото. 
           
П.  Зошто се создадени ангелите?      
О.  Ангелите се создадени за да му воспеваат сла- ва на Бога и да му служат на Бога; потоа, за да им служат на луѓето во светот, да бидат заштитници на царства, градови, места, на луѓе и на сето создание.
      
П.  На колку чинови се разделуваат?      
О.  На три, а во секој чин по три: во првиот - Прес- толи, Херувими и Серафими; во вториот: Власти, Гос- подства и Сили; во третиот: Ангели, Архангели, Начала.     

П.  Дали се тие безгрешни?      
О.  Речено е веќе, тие се безгрешни, но не самите по себе, туку по благодатта Божја; затоа што не се согласија со светлоносецот да му се спротиват на Бога, затоа ја имаат од Бога таа благодат, а не од својата природа.  
    
ПШто е светлоносецот?       
О.  Светлоносецот бил најблагородниот и најна- предниот ангел, но постанал неблагодарен кон Бога и благодатта. Ја засакал повеќе љубовта кон создани ето, т. е. кон себе; се засакал повеќе себеси отколку Создателот, т. е. Бога; посакал да му биде на Бога подобен  и  се  возгордеал  поради што бил отфрлен од 26небото во пеколот со сите свои едномисленици - лишен од природната убавина, но ангелската природа оставена при него толку се претворила во темен бес и секаква нечистота, што постанал предизвикувач на беззаконија, и непријател на Бога и на луѓето.    
  
П.  Може ли овој темен ангел да се покае, зашто Бог е долготрпелив и многумилостив, не се разгневува до крај,  ниту цел век се лути?      
О.  Бог никогаш не се разгневува, кога ќе го види покајникот, но природата на паднатите ангели е толку изопачена од гревот што тие не можат да пројават покајание, бидејќи и благодатта на покајанието дадена на еден човек, заради Христовото овоплотување, на паднат ангел не му е дадена. 
     
П.  Во кое време ангелите се утврдени во благодатта за да не можат повеќе да грешат?      
О.  Во времето кога не се согласиле со светлоно- носецот, од кого благодатта беше одземена, а на нив им беше дадена. 
     
П.  Дали ангелите се создатели на земјата и на  сиот свет?     
О.  Бог е Создател на сè. Ангелите се слуги Госпо- дови. Имаше такви еретици коишто ангелите ги нарекуваа Создатели; но оваа ерес заедно со нејзините приврзаници одамна е проколната.
      
П.  Може ли Бог да создаде и друг ваков свет?     
О.  Не само таков,  туку илјадници светови може да создаде. Тоа што не создава не е немоќ, туку тоа е работа на благоволението. И кој му е Нему советник, и кој го знае Неговиот ум.   

П.  Дали до составувањето на Символот постоеше вера?      
О.  Не само до составувањето на Символот, туку од постанокот на светот постоеше верата, почнувајќи од Адама и неговото потомство, вера во Бога - Создателот на сè, и во Тој што требаше да дојде и да се овоплоти Синот Божји, наречен Месија. Таа вера беше кај сите праоци, патријарси и пророци сè до овоплотувањето на Синот Божји. По овоплотувањето на Синот Божји, верата ја проповедаше самиот Христос, апостолите ја научија, а потоа Светите Оци на вселенските собори ја распространија, ја протолку- ваа и ја утврдија со Светиот Дух.   
   
П Зошто Синот Божји е наречен Христос и што значи зборот Христос?      
О.  Зборот Христос значи „Помазаник”. Синот Божји е Цар на Небото и на земјава, а царевите ги нарекуваа Помазаници; затоа и Синот Божји се нарекува Христос, т. е. Помазаник. 
     
П.  Дали  Христос по Божеството се роди од  Пресвета Богородица?      
О.  Никој така не расудувал дека Христос по Божеството се родил од Пресвета Богородица, ниту расудувал така безбожно. Тој е роден од човештвото; а Дева Марија поради тоа се нарекува Богородица, зошто го роди Бога Словото во човечка плот, родениот пред сите времиња. 
     
П.  Дали Христос ќе се вооплотеше, ако Адам не згрешеше?    
О.  Не би се овоплотил, зашто причината на Гос- подовото вооплотување е Адамовиот пад: Адам умре за секогаш, а Христос го воскресна за секогаш.     

П.  Знаеше ли Бог дека Адам ќе згреши?     
О.  Знаел.    
  
П.  Зошто му допуштил да згреши или зошто го создал?     
О.  Недостојно е мнението дека Адамовиот престап ја победи Божјата благодат или дека лукавството на ѓаволот ја надвладеало, како Бог да се плашеше од Адамовиот грев или ѓаволското лукавство и да не ги создадеше, ни Адама, ни ѓаволот. Зашто Бог, којшто е благ и сакајќи да благодетствува, со својата благост ги создаде, и ѓаволот, и човекот во добра состојба како созданија коишто не сакаат и го мразат беззаконието. Но ѓаволот и човекот згрешија по својата сопствена и самоволна желба. А тоа што Бог им допуштил и не ги спречил да погрешат, и ѓаволот, и човекот, тоа е поради тоа што Бог не врши насилие според своето правосудие за кое Псалмопевецот посведочува: Праведен си Ти Господи и  праведен е Твојот суд (Пс. 118, 137).   
  
П.  Што правеше Христос на земјава со своето  човештво?      
О.  Одеше, проповедаше, се одмораше, постеше, јадеше и пиеше. 
     
П.  Што правеше со своето Божество?      
О.  Лепрозните ги очистуваше, мртвите ги воскреснуваше итн.
     
П Што уште правеше по своето човештво?      
О.  Страдаше, беше распнат и умре. 
     
П.  Дали Христос страдаше само со душата или само со телото?      
О.  И со душата, и со телото, зашто тело без душа не страда.
      
П.  И душата ли се распнала?      
О.  Телото се распнало, а душата страдала: телото се заковало за спасението на светот и крвта се пролеала, а душата трпела бол: особено жалел Тој којшто знаел дека не многумина ќе се покористат со Христовите страданија за свое спасение. 
    
П. Кое беше последното Христосово страдание?      
О.  Распнувањето и прободувањето. 
     
П.  Што се случувало кога Христос умираше на Крстот?      
О.  Душата се разделуваше од телото, црковната завеса се расцепи, карпи паднаа, сонцето и месечината се затемнија, мртви станаа од гробовите, земјата се тресеше. 
     
ПШто стана тогаш со Христа?      
О.  Бог пострада во плотта со плот, а не со Боже- ството, умре и созданието го виде убиен и како душата ја предава во рацете на Оца.
      
П.  Каде појде душата Христова по смртта?      
О.  Во адот, за да ја урне областа на сатаната и да ја избави душата на Адама и на сите запленети од адот, и да ја јави силата на Своето Божество.
    
П.  А каде потоа отиде душата Христова?      
О.  Во рајот кајшто и ослободените заробеници од адот ги поведе со себе; тогаш и душата на разбојникот влезе во рајот. 
     
П.  А од рајот каде појде душата Христова?      
О.  Се врати во телото и тогаш Христос вос кресна.
      
П.  Во умреното тело Христово беше ли присутно Божеството?      
О.  Многупати е кажано дека Бог е насекаде со своето Божество; така и Синот Божји беше со своето Божество и во адот со душата, и во умреното тело и насекаде неопишлив со Отецот и со Светиот Дух.  
    
П.  Дали Христос долго престојуваше на земјава по воскреснувањето?      
О.  До денот на Своето вознесение на небо.      

 

СВЕТИ ДИМИТРИЕ РОСТОВСКИ

ПРАШАЊА И КРАТКИ ОДГОВОРИ ЗА ВЕРАТА И ЗА СÈ ДРУГО ШТО ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕ ХРИСТИЈАНИНОТ

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Митрополит Дебарско-кичевски
Г. Г. Тимотеј

Издава
Издавачка установа  К а н е о “ при Дебарско-кичевска епархија - Охрид

Уредник и превод: Диме Кочовски, протојереј

Лектура: Д-р Стојан Ристески

О Х Р И Д
1995



 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Други прашања за верата

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная