логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ВЕНЧАВАЊЕ ВО СВЕТА ЛИТУРГИЈА

 

Ѓаконот: Благослови, Владико.
Свештеникот: Благословено е Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
Ѓаконот: Во мир на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За вишен мир и за спасение на нашите души, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За мир на целиот свет, добросостојба на светите Божји цркви, и за соединување на сите, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За овој свет храм, и за оние што со вера, побожност и благоговение влегуваат во него, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За блажењејшиот архиепископ наш (името), високопреосвештениот наш митрополит (името), за чесното презвитерство, во Христа ѓаконството, за сиот црковен клир и народ на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За благочестивиот и Христољубив народ наш и за православните христијани, да им помогне и да одолеат на секој непријател и противник, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За овој град (или: ова село; или: оваа света обител), за секој град, земја и за оние што со вера живеат во нив, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За благорастворување на воздухот, за изобилие на земни плодови и мирни времиња, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
 За чедата Божји (     ), кои сега се соединуваат во брачна заедница и за нивното спасение, на Господа да се помолиме.
 Народот: Господи помилуј.
 За да биде благословен овој брак, како оној во Кана Галилејска, на Господа да се помолиме.
 Народот: Господи помилуј.
 За да им подари целомудрие и пород на полза, на Господа да се помолиме.
 Народот: Господи помилуј.
 За да се возвеселат гледајќи синови и ќерки, на Господа да се помолиме.
 Народот: Господи помилуј.
 За да им се подарат добри чеда и беспрекорен живот, на Господа да се помолиме.
 Народот: Господи помилуј.
 За да им се даде ним и нам сè што просиме за спасение, на Господа да се помолиме.
 Народот: Господи помилуј.
 За да нив и нас нè избави од секоја опасност, гнев, беда и потреба, на Господа да се помолиме.
 Народот: Господи помилуј.
За тие што пловат, патуваат, боледуваат, страдаат, што се заробени, и за нивно спасение, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Да се избавиме од секаква скрб, гнев и опасност, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Заштити, спаси, помилуј и запази нè, Боже, со Твојата благодат.
Народот: Господи, помилуј.
Спомнувајќи ја Пресветата, Пречиста, Преблагословена, Славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија со сите Светии, самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.
Народот: Тебе, Господи.

МОЛИТВА НА ПРВИОТ АНТИФОН (тивко)
ГОСПОДИ, Боже наш, чија власт е неспоредлива и славата недостижна, чија милост е безмерна и човекољубието неизречиво, Сам Ти, Владико, според Своето милосрдие, погледај на нас и на овој свет храм, и покажи ни ја, нам и на оние што со нас се молат, Твојата богата милост и Твоето милосрдие.
Свештеникот:
Зашто Тебе Ти приличи секоја слава, чест и поклонение, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш, и во сите векови.
Народот: Амин.

Свештеникот: На Господа да се помолиме.
Народот: Господи помилуј.

 Боже пречисти и Создателу на секоја твар, Ти по Своето човекољубие си Го изменил во жена реброто на нашиот праотец Адам, си Ги благословил ì си рекол: “плодете се и множете се и господарете со земјата”, и со соединувањето си направил од двајцата еден: “затоа ќе го остави човек таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја и обата ќе бидат едно тело” и “Бог што составил човек да не разделува”. Ти си го благословил слугата Свој Авраам и откако си ја отворил утробата на Сарра, си го направил татко на многу народи. Ти Исаака на Ревека си ì го подарил и си ì го благословил рождеството нејзино. Ти си ги соединил Јаков со Рахил и од него си ги направил дванаесетте патријарси. Ти си ги здружил Јосифа и Асента и си им ги подарил Ефрем и Манасија како пород. Ти си ги примил Захариј и Елисавета и како Претеча чедото нивно го покажа. Ти си ја израснал Приснодева по плот од Јесеевиот корен и од неа си се воплотил и родил за спасение на човечкиот род. Ти по неискажаниот Свој дар и мноштвото благост, си дошол во Кана Галилејска и благословувајќи го бракот таму си покажал дека законитиот брак е Твоја волја и раѓањето на деца во него. Сам Ти Владико Пресвети, прими ја молбата на нас, рабите Твои, и како таму, така и овде дојди невидливо со застапништвото Твое, благослови го овој брак и подај им на чедата Твои (     ) мирен живот, долговечност, целомудрие, заемна љубов во мирна заедница, долговечно потомство, во децата благодат и невенлив венец на славата. Удостој ги да видат деца од нивните деца, сочувај ја беспрекорна постелата нивна, дај им небесна роса и изобилие земно. Исполни го домот нивни со пченица, вино и елеј и со секое добро, та да даваат на оние кои имаат потреба, дарувајќи им ним и на оне кои се со ним сè што им е потребно за спасение.
 Зашто си милостив и човекољубив Бог и ние на Тебе слава Ти вознесуваме, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.

Народот: Амин.
И се пее првиот антифон:
По молитвите на Богородица, Спасителу, спаси нè. (трипати); (односно првиот изобразителен псалм: Слава... И сега... Благословувај Го душо моја Господа, и сета внатрешност моја - Неговото свето име! Благословен Си Господи).
Ѓаконот, поклонувајќи се кон олтарот, оди од своето место и застанува пред иконата Христова, држејќи го орарот со три прсти од десната рака.
По завршувањето на антифонот, ѓаконот застанува на обично место (пред светите двери) и, откако ќе се поклони, говори:
Пак и пак во мир на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Заштити, спаси, помилуј и запази нè, Боже, со Твојата благодат.
Народот: Господи, помилуј.
Спомнувајќи ја Пресветата, Пречиста, Преблагословена, славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија со сите Светии, самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.
Народот: Тебе, Господи.

МОЛИТВА НА ВТОРИОТ АНТИФОН (тивко)
ГОСПОДИ Боже наш, спаси ги Твоите луѓе и благослови го Твоето наследство; запази ја полнотата на Твојата Црква, освети ги оние што ја љубат убавината на Твојот дом; Ти нив прослави ги со Твојата божествена сила, и не нè оставај нас кои се надеваме на Тебе.
Свештеникот:
Зашто Твоја е власта, и Твое е царството и силата и славата, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.

Свештеникот: На Господа да се помолиме.
Народот: Господи помилуј.

Kliment.Vencavka.jpg

Благословен си Господе Боже наш, свештенодателу на таинствениот и чист брак и законодавче на телесниот, пазителу на непропадливоста и добар распоредителу на земните блага, Кој во почетокот си го создал човекот и си го поставил како цар на творението и си рекол: “Не е добро за човекот да биде сам; да му создадам помошник подобен на него”. И откако си му зел едно од ребрата, си ја создал жената, за која Адам рекол: “Ете тоа е коска од моите коски и плот од мојата плот; и таа ќе се нарекува жена, зошто е земена од мажот. Затоа ќе го остави човек таткото свој и мајката своја и ќе се присоедини кон жената своја и ќе бидат двајцата едно тело”, а тие што Бог ги составил човек да не ги разделува”. И сега Владико Господи Боже наш, Сам Ти испрати ја небесната Твоја благодат на овие чеда Твои (     ) и дај му на ова чедо Твое во сè да му се покорува на мажот, и на ова Твое чедо да биде глава на жената, та да проживеат по волјата Твоја.
Благослови ги, Господи Боже наш, како што си ги благословил Авраам и Сарра. Благослови ги, Господи Боже наш како што си ги благословил Јаков и сите патријарси. Благослови ги, Господи Боже наш како што си ги благословил Јосиф и Асента. Благослови ги, Господи Боже наш како што си ги благословил Мојсеј и Сепфора. Благослови ги Господи Боже наш како што си ги благословил Јоаким и Ана. Благослови ги Господи Боженаш како што си ги благословил Захариј и Елисавета. Запази ги Господи Боже наш како што си го запазил Ное во ковчегот. Запази ги Господи Боже наш како што си го запазил Јона во китовата утроба. Запази ги Господи Боже наш како што си ги запазил трите свети момчиња од огнот испраќајќи им роса од небото. И нека дојде на нив онаа радост што ја имала блажена Елена кога го нашла Чесниот Крст.
Спомни ги, Господи Боже наш, како што си ги спомнал Енох, Сим и Илија. Спомни ги, Господи Боже наш, како што си ги спомнал светите Ти четириесет маченици, испраќајќи им венци од небото. Спомни ги, Господи Боже наш и родителите нивни кои ги одгледале, затоа што по молитвите на родителите се закрепнуваат основите на домовите. Спомни Си, Господи Боже наш, за роднините и пријателите коишто дошле на овој радосен чин. Спомни Си, Господи Боже наш, за чедото Твое (     ) и за чедото твое (     ) и благослови ги. Дај им плод на утробата - добри чеда, душевно и телесно согласие. Возвиси ги како кедрите Ливански, како лоза благородна. Дарувај им класно семе, та имајќи во изобилие сè за секое добро и благоугодно на Тебе дело. Дарувај им да видат синови од своите синови, како новонасадени маслини околу нивната трпеза и откако Ти благоугодат, да засветат како светила на небесата - во Тебе, нашиот Господ, Кому Му припаѓа секоја слава, чест и поклонение, сега и секогаш и во сите векови.

Народот: Амин.
И се пее вториот антифон:
Спаси нè Сине Божји, Кој воскресна од мртвите (во недели и од Велигден до Спасовден), нас кои Ти пееме: Алилуја! (трипати)
односно вториот изобразителен псалм. На крајот на антифонот се пее:
Слава... И сега... Амин. Единороден Сине и Слово Божјо, бесмртен Си, и Си благоволил заради нашето спасение да се воплотиш од Светата Богородица и секогаш Дева Марија, и неизминливо Си се вочовечил; Се распна, Христе Боже, и со смрт смртта ја уништи; Еден Си од Света Троица, и Те прославуваме со Отецот и Светиот Дух, спаси нè.
Ѓаконот се поклонува кон олтарот и оди пред иконата на Богородица.
Ѓаконот:
Пак и пак во мир на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Заштити, спаси, помилуј и запази нè, Боже, со Твојата благодат.
Народот: Господи, помилуј.
Спомнувајќи ја Пресветата, Пречиста, Преблагословена, славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија со сите Светии, самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.
Народот: Тебе, Господи.

МОЛИТВА НА ТРЕТИОТ АНТИФОН (тивко)
ТИ, Кој Си ни ги дарувал овие заеднички и согласни молитви; Кој и на двајца или тројца, сложни во Твое име, Си ветил да им дадеш она за што се молат; Самиот и сега во полезност исполни ги прозбите на Твоите чеда, давајќи ни во сегашниот век познавање на Твојата Вистина, а во идниот дарувај ни живот вечен.
Возглас:
Зашто Си благ и човекољубив Бог, и Тебе слава Ти вознесуваме, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.

Свештеникот: На Господа да се помолиме.
Народот: Господи помилуј.

 Боже свет Кој од земен прав си го создал човекот и од реброто негово си ја создал жената и си ја соединил со него за помошник нему подобен затоа што така му било угодно на Твоето величие - да не биде човекот сам на земјата. И сега, Владико, Сам Ти простри ја раката Од Твоето свето живеалиште и соедини го чедото Твое (     ) со чедото Твое (     ), зошто од Тебе се соединуваат маж со жена. Соедини ги во согласие, венчај ги да бидат една плот, дај им плод од утробата и да добијат добри чеда.
 Зашто Твоја е власта и Твое е царството и силата и славата, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш, и во сите векови.

Народот: Амин.

Ги отвораат царските двери за малиот Вход.
Се пее третиот антифон, или Блаженствата, или тропарот. Кога ќе почне пеењето на: Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, свештеникот и ѓаконот, стоејќи пред Светиот Престол, прават три поклони. Потоа свештеникот го зема Светото Евангелие и му го дава на ѓаконот; и така, излегувајќи низ северната врата, прават мал Вход, додека пред нив одат свеќоносци; и, застанувајќи двајцата среде храмот, ги приклонуваат главите, а кога ѓаконот тивко ќе рече: на Господа да му се помолиме, свештеникот тивко говори:

МОЛИТВА НА ВХОДОТ
Владико Господи, Боже наш, Кој на Небесата Си востановил чинови и војски на Ангели и Архангели да í служат на Твојата слава; направи входот наш да биде вход и на светите твои Ангели, сослужувајќи со нас и сославословувајќи ја Твојата добрина. Зашто Тебе Ти приличи секоја слава, чест и поклонение, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Ѓаконот, по завршената молитва, покажувајќи кон исток со својата десна рака и држејќи го орарот со три прсти, кон свештеникот говори:
Благослови го, Владико, светиот Вход.
Свештеникот, благословувајќи, вели:
Благословен е Входот на Твоите Светии, постојано, сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Тогаш ѓаконот оди кон епископот или настојателот, ако е присутен, а тој го целива Евангелието; а ако не е присутен, го целива само свештеникот. Кога ќе заврши и последниот тропар, ѓаконот оди на средината па, застанувајќи пред свештеникот и издигнувајќи го Светото Евангелие, гласно повикува:
Премудрост, простум!
Тогаш се пее:
Дојдете да се поклониме и да припаднеме кон Христа: Спаси нè, Сине Божји, во Светиите дивен (ако е недела: од мртвите воскреснат), нас кои Ти пееме: Алилуја.

Ѓаконот и свештеникот откако се поклонат, влегуваат во олтарот, па ѓаконот го остава Светото Евангелие на Светиот Престол.
Тогаш се пеат одредени тропари и кондаци.

 Свештеникот ги зема венците и најнапред го венчава младоженецот, правејќи му трипати крст над главата со венецот велејќи:
 Се венчава чедото Божјо (     ) со чедото Божјо (     ) во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

 Потоа на ист начин ја венчава и невестата велејќи:
 Се венчава чедото Божјо (     ) со чедото Божјо (     ) во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
 
 Потоа ги благословува трипати велејќи:
 Господи Боже наш, венчај ги со слава и чест !


Свештеникот, за време на пеењето на тропарите, тивко ја говори молитвата на Трисветата песна:
МОЛИТВА НА ТРИСВЕТАТА ПЕСНА
Боже Свет, Кој во светиите почиваш, Тебе со трисвет глас Ти пеат Серафимите и Те славословуваат Херувимите, и Тебе Ти се поклонуваат сите Небесни Сили; од небитие во битие Ти сè Си привел; Ти Си го создал човекот според својот образ и подобие, и со секој Свој дар Си го украсил; Ти даваш мудрост и разум на оној што Те моли, и не го презираш грешникот, туку за спасение Си одредил покајание; Ти Си нè удостоил нас, смирените и недостојни служители Твои, и во овој час да стоиме пред славата на светиот Твој Жртвеник и да Ти принесуваме должно поклонување и славословие; Самиот Ти, Владико, и од устите на нас грешните прими ја Трисветата песна, и посети нè со Својата благост; прости ни го секое согрешение, волно и неволно; освети ги нашите души и тела, и дај ни во светост да Ти служиме во сите денови од нашиот живот, - по молитвите на Света Богородица и на сите светии, кои од памтивек Ти угодиле.
Ѓаконот, кога ќе се испее последниот кондак, кон народот возгласува:
Да се помолиме на Господа.
Народот: Господи, помилуј.
Ѓаконот, приклонувајќи ја главата и држејќи го орарот со три прсти, кон свештеникот тивко вели:
Благослови го, Владико, времето на Трисветото.
Свештеникот, благословувајќи го, гласно говори:
Зашто Си свет, Боже наш, и Тебе слава Ти вознесуваме, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш,
Ѓаконот: и во сите векови.
Народот: Амин.
Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни, помилуј нè. Ш(или: Вие кои во Христа се крстивте, во Христа се облековте, Алилуја; или: На крстот Твој му се поклонуваме, Владико, и светото воскресение Твое го славиме)Ќ. (трипати)
Додека народот пее, свештеникот и ѓаконот, исто така, ја говорат Трисветата песна, заедно правејќи три поклони пред Светиот Престол. Потоа, кон свештеникот, ѓаконот вели:
Заповедај, Владико.
И одат на Горно место; свештеникот, одејќи, вели:
Благословен е Кој доаѓа во името на Господа.
Ѓаконот:
Благослови го, Владико, Горниот престол.
Свештеникот, благословувајќи, вели:
Благословен Си на Престолот на славата на Твоето Царство, Ти, Кој седиш на Херувими, сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Ѓаконот, по завршувањето на Трисветата песна, доаѓа пред светите двери и говори:
Да внимаваме.
Свештеникот: Мир на сите.
Чтецот: И на духот твој.
Ѓаконот: Премудрост!
Чтецот: Прокимен, глас...
Ѓаконот: Премудрост!
Чтецот го говори насловот на Апостолот;
Ѓаконот: Да внимаваме!
И се чита неделниот Апостол и оној за венчание. По завршувањето на Апостолот, свештеникот говори:
Мир на тебе што ни читаше!
И се пее Алилуја со стиховите. Додека тоа се пее, ѓаконот ја зема кадилницата со темјан, пристапува кон свештеникот, прима благослов и ја вади Светата Трпеза наоколу, целиот олтар и свештеникот, а од солеата го кади иконостасот и народот.
Свештеникот тивко говори:
МОЛИТВА ПРЕД ЕВАНГЕЛИЕТО
Заблескај ја во нашите срца, човекољубив Владико, неминливата светлост на Твоето богопознание, и нашите духовни очи отвори ги за разбирање на Твоите евангелски проповеди. Возложи го во нас и стравот на Твоите блажени заповеди та, победувајќи ги сите плотски похоти, да оствариме духовно живеење, мислејќи и творејќи сè што Тебе Ти е угодно. Зашто Ти Си просветлување на нашите души и тела, Христе Боже, и Тебе слава Ти вознесуваме, со беспочетниот Твој Отец, и пресветиот и благ и животворен Твој Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин.
А ѓаконот, оставајќи ја кадилницата, приоѓа кон свештеникот и, приклонувајќи ја главата, држејќи го со три прсти орарот, покажува на Светото Евангелие и вели:
Благослови го, Владико, благовестителот на светиот Апостол и Евангелист (името на Евангелистот чие Евангелие се чита).
Свештеникот, пак, осенувајќи го со крсниот знак, говори:
Бог, по молитвите на светиот славен Апостол и Евангелист (името), да ти даде слово да благовестуваш со голема сила, за исполнување на Евангелието на Својот возљубен Син, Господ наш Исус Христос.
Ѓаконот, велејќи Амин и поклонувајќи се побожно кон Светото Евангелие, го прима од рацете на свештеникот и излегува низ светите двери, а пред него одат свеќоносци; доаѓа и застанува на амвонот (насред храмот; или се качува на проповедалницата).
Свештеникот, од светите двери, вели:
Премудрост, простум стоејќи, да го чуеме Светото Евангелие; Мир на сите.
Народот: И на духот твој.
Ѓаконот:
Ќе се чита од Светото Евангелие според (името на евангелистот).
Народот: Слава Ти, Господи, слава Ти!
Свештеникот: Да внимаваме!
И се чита Светото Евангелие редовно и за венчание.
Свештеникот, по читањето на Евангелието, го благословува ѓаконот и вели:
Мир на тебе, што благовестуваше.
Народот: Слава Ти, Господи, слава Ти!
Ѓаконот, доаѓа до светите двери (кои се затвораат откако ќе му го предаде на свештеникот Светото Евангелие), па застанува на одредено место и ја почнува ектенијата:
Да речеме сите од сета душа и од сета мисла наша, да речеме.
Народот: Господи, помилуј.
Господи Седржителу, Боже на нашите отци, Ти се молиме, послушај и помилуј.
Народот: Господи, помилуј.
Помилуј нè, Боже, според Твојата голема милост, Ти се молиме, послушај и помилуј.
Народот: Господи, помилуј. (трипати)
Уште се молиме за благоверниот и христољубив народ наш и за сите православни христијани.
Народот: Господи, помилуј. (трипати)
Уште се молиме за блажењејшиот архиепископ наш (или: високопреосвештениот митрополит; или: преосвештениот епископ наш (името), и за сите во Христа браќа наши.
Народот: Господи, помилуј. (трипати)
Уште се молиме за браќата наши, свештеници, ѓакони и за сето во Христа братство наше.
Народот: Господи, помилуј. (трипати)
(Ако е манастир: Уште се молиме за настојателот на оваа света обител (името) и за сето во Христа братство наше.
Народот: Господи, помилуј. (трипати)
Уште се молиме за блажените и секогаш спомнувани создатели и ктитори на овој свет храм (или: оваа света обител) за сите патријарси православни, и за сите порано починати отци и браќа наши, кои лежат тука и насекаде во Православието.
Народот: Господи, помилуј. (трипати)
Уште се молиме за плодоносците и доброчинителите во овој свет и сечесен храм (или: оваа света и сечесна обител), за оние коишто се трудат, коишто пеат, и за луѓето што стојат на молитва, чекајќи од Тебе голема и богата милост.
Народот: Господи, помилуј. (трипати)
Уште се молиме за милост, живот, мир, здравје, спасение, посетение на Божјите чеда (    ).
Народот: Господи, помилуј. (трипати)
Свештеникот, додека ѓаконот го говори ова, чита тивко:
МОЛИТВА НА УСРДНОТО МОЛЕЊЕ
ГОСПОДИ, Боже наш, прими го ова усрдно молење од Твоите слуги и помилуј нè според мноштвото на милоста Твоја, и испрати ни го Твоето милосрдие нам и на сите Твои луѓе, кои чекаат од Тебе богата милост.
Возглас:
Зашто Си милостив и човекољубив Бог, и Тебе слава Ти вознесуваме, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.


Ѓаконот:
Огласени, помолете се на Господа.
Народот: Господи, помилуј.
Верни, да се помолиме за огласените, Господ да ги помилува.
Народот: Господи, помилуј.
Да ги огласи со Словото на вистината.
Народот: Господи, помилуј.
Да им го открие Евангелието на правдата.
Народот: Господи, помилуј.
Да ги соедини со Својата света, соборна и апостолска Црква.
Народот: Господи, помилуј.
Спаси, помилуј, заштити и сочувај ги, Боже, со Твојата благодат.
Народот: Господи, помилуј.
Огласени, вашите глави приклонете ги пред Господа.
Народот: Тебе, Господи.
Свештеникот, пред да го развие антиминсот, пред светото Вознесување, тивко говори:
МОЛИТВА ЗА ОГЛАСЕНИТЕ
ГОСПОДИ Боже наш, Кој на висините живееш и на смирените гледаш, Кој на човечкиот род Си му го испратил спасението, - Единородниот Твој Син и Бог, Господ наш Исус Христос; погледај на Твоите огласени чеда, што Ти ги приклониле своите глави, и во време благонадежно удостој ги за бањата на повторното раѓање, за отпуштање на гревовите и за нетлена облека; соедини ги во Твојата света, соборна и апостолска Црква, и вброј ги во Твоето избрано стадо.
Свештеникот го простира антиминсот и говори возглас:
Да го слават и тие со нас пречесното и величествено име Твое, - Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
Ѓаконот:
Вие огласените, излезете; огласени, излезете; вие огласените, излезете. Без огласените, вие верните, пак и пак во мир на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Свештеникот, откако ќе го развие антиминсот, тивко говори:
МОЛИТВА НА ВЕРНИТЕ
ТИ благодариме, Господи Боже на Силите, Кој Си нè удостоил и сега да застанеме пред Твојот свет Жртвеник и да припаднеме во Твоето милосрдие за гревовите наши и за човечките незнаења. Прими го, Боже, нашето молење, направи нè достојни за принесување молитви и прозби и бескрвна жртва за сите Твои луѓе; и оспособи нè нас, кои со силата на Твојот Свет Дух Си нè поставил на оваа служба Твоја, неосудно и непречено, со чисто сведоштво на нашата совест, да Те призиваме во секое време и на секое место; та услишувајќи нè, да бидеш милостив кон нас со мноштвото на Твојата благодат.
Ѓаконот:
Заштити, спаси, помилуј и сочувај нè, Боже, со Твојата благодат.
Народот: Господи, помилуј.
Ѓаконот: Премудрост!
Свештеникот гласно:
Зашто Тебе Ти приличи секоја слава, чест и поклонение, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
Ѓаконот:
Пак и пак во мир на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
ВТОРА МОЛИТВА НА ВЕРНИТЕ (тивко)
Повторно, и многупати кон Тебе припаѓаме, и Тебе Ти се молиме, Благ и Човекољубив, та погледнувајќи на нашето молење, да ги очистиш нашите души и тела од секоја нечистота, телесна и духовна, и да ни дадеш невино и неосудно да стоиме пред светиот Твој Жртвеник. А и на тие кои со нас се молат, дарувај им преуспевање во животот и верата и разумот духовен; дај им на тие што секогаш со страв и љубов Ти служат, невино и неосудно да се причестат со светите Твои Тајни, и да се удостојат со Твоето Небесно Царство.
Ѓаконот:
Заштити, спаси, помилуј и запази нè, Боже, со Твојата благодат.
Народот: Господи, помилуј.
Ѓаконот: Премудрост!
и влегува во олтарот.
Свештеникот, возгласува:
Та секогаш чувани со Твојата власт, Тебе слава да Ти вознесуваме, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
И се отвораат светите двери. Тогаш се пее Херувимската песна, а ѓаконот, ја зема кадилницата, става темјан, приоѓа кон свештеникот и, откако прими благослов, ја кади Светата Трпеза, околу, и целиот олтар и свештеникот, потоа излегува пред светите двери, го кади иконостасот и народот, говорејќи го Псалм 50. За тоа време свештеникот тивко ја чита оваа молитва:
Никој од врзаните со телесни похоти и страсти не е достоен да Ти приоѓа или да се приближи, или да Ти служи Тебе, Цару на славата; зашто да Ти се служи Тебе - велико и страшно е и за самите Небесни сили. Но сепак, заради неискажливото и неизмерно човекољубие Твое, непроменливо и неизменливо Си станал човек, и Си ни бил Архиереј и, како Владика на сите, Си ни го предал свештенодејствието на оваа литургиска и бескрвна жртва; зашто единствен Ти, Господи Боже наш, владееш со небесното и земното, носен на Престол херувимски, Господ на Серафимите и Цар на Израилот, Кој Си единствен Свет и во светиите почиваш.
Затоа Те молам Тебе, единиот благ и добропослушлив: погледни на мене грешниот и непотребниот Твој слуга, и очисти ја мојата душа и срце од нечестива совест, и оспособи ме со силата на Твојот Свет Дух, облечен во благодатта на свештенството, да застанам пред оваа Твоја света Трпеза, и да свештенодејствувам свето и пречисто Тело Твое и чесна Крв Твоја, зашто кон Тебе приоѓам, приклонувајќи го својот врат, и Ти се молам, да не го одвраќаш Твоето лице од мене, ниту да ме отфрлаш од Твоите чеда, но удостој да Ти бидат принесени, преку мене грешниот и недостоен Твој слуга, овие Дарови. Зашто Ти Си, Кој принесува и Се принесува; Кој прима и Се раздава, Христе Боже наш, и Тебе слава Ти вознесуваме, со беспочетниот Твој Отец, и пресветиот и благ и животворен Твој Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин.
По молитвата и кадењето, свештеникот и ѓаконот, застанувајќи пред Светиот Престол, ја говорат Херувимската песна и се поклонуваат по еднаш (трипати).
Свештеникот:
Ние, кои херувимите
таинствено ги изобразуваме,
и на Животворната Троица
Трисвета песна пееме,
секоја животна грижа
сега да ја оставиме;
Ѓаконот:
Како оние кои ќе го примат Царот на сите,
невидливо носен на престол
од Ангелски Сили,
Алилуја, Алилуја, Алилуја.
Потоа свештеникот го целива светиот антиминс и Светата Трпеза (а ѓаконот ја целива само Светата Трпеза), велејќи:
Ти згрешив, Спасителу, како блудниот син, прими ме Оче, мене кој се кајам, и помилуј ме.
Се поклонуваат кон народот и одат кај Предложението; ѓаконот оди напред; свештеникот го кади Предложението, па со ѓаконот трипати се поклонуваат, молејќи се:
Боже, очисти ме мене грешниот, и помилуј ме.
Ѓаконот му вели на свештеникот:
Земи, Владико.
Свештеникот, поклонувајќи се трипати, го зема воздухот и го полага на рамењата на ѓаконот, велејќи:
Подигнете ги рацете свои кон Светињата и благословувајте Го Господа.
Потоа, го зема светиот дискос, му го дава на ѓаконот во рацете, во висина на неговата глава, со сето внимание и побожност; ѓаконот со еден прст на десната рака ја држи и кадилницата; свештеникот, пак, ја зема во рацете Светата Чаша. Така го прават Великот Вход: излегуваат на северната врата, а пред нив одат свеќоносци, и врват низ храмот, молејќи се двајцата за сите, и говорејќи:
Ѓаконот:
Благочестивиот и христољубив народ наш христијански, да го спомене Господ Бог во Своето Царство, постојано, сега и секогаш и во сите векови.
Свештеникот:
Блажењејшиот архиепископ (или: високопреосвештениот митрополит; или: преосвештениот епископ) наш (името), чесното свештенство, во Христа ѓаконството и преподобното монаштво и сиот црковен клир и народ, да го спомне Господ Бог во Своето Царство, постојано, сега и секогаш, и во сите векови.
Ктиторите, приложниците, дарителите, украсителите, пејачите и градителите во овој свет и сечесен храм да ги спомне Господ Бог во Своето Царство, постојано, сега и секогаш, и во сите векови.
Вас и сите православните христијани да ве спомене Господ Бог во Своето Царство, постојано, сега и секогаш и во сите векови.
Народот:
Амин. За да го примиме Царот...
Ѓаконот, влегува на светите двери прв, и кога ќе влезе свештеникот, вели:
Свештенството твое да го спомене Господ Бог во Своето Царство, постојано, сега и секогаш и во сите векови.
Свештеникот ја става Светата Чаша на Светиот Престол, па го зема од ѓаконот Светиот Дискос и го става на Светиот Престол, говорејќи:
Благообразниот Јосиф откако го симна од дрвото Твоето пречисто Тело, со чиста плаштаница го обви и, помажувајќи го со мириси, во нов гроб го положи.
Во гробот телесно, во адот, пак, со душата како Бог, а во рајот со разбојникот, и на Престолот Си бил, Христе, со Отецот и Духот, сè исполнувајќи, Неограничен.
Како живоносен, како навистина попрекрасен од рајот, и поблескав од секоја царска брачна одаја, се покажа, Христе, Твојот гроб, изворот на нашето воскресение!
Свештеникот ги зема покривачите од Светиот Дискос и Светата Чаша, и ги става свиткани во една страна на Светиот Престол, па земајќи го воздухот од рамењата на ѓаконот и окадувајќи го, со него ги покрива Светите Дарови, говорејќи:
Благообразниот Јосиф...
Потоа ја зема кадилницата од ѓаконот и трипати ги кади Светите Дарови, говорејќи:
Според благоволението Твое, Господи, чини му добро на Сион, и нека се соѕидаат ѕидините Ерусалимски; тогаш ќе Ти биде угодна жртвата на правдата, приносот и сепаленицата; тогаш ќе положат на Твојот олтар телци.
Потоа свештеникот ја враќа кадилницата, ја приклонува главата и вели кон ѓаконот:
Спомни ме, брате и сослужителу.
Ѓаконот му одговара:
Да го спомене Господ Бог твоето свештенство во Царството Свое.
Ѓаконот, приклонувајќи ја главата и држејќи го орарот со три прсти од десната рака, му вели на свештеникот:
Помоли се за мене, Владико свети.
Свештеникот му одговара:
Светиот Дух ќе дојде на тебе и силата на Севишниот ќе те осени.
А ѓаконот вели:
Твој Дух, пак, да ни содејствува во сите денови од нашиот живот.
И пак ѓаконот:
Спомни ме, Владико свети.
Свештеникот:
Да те спомене Господ Бог во Своето царство, постојано, сега и секогаш и во сите векови.
Ѓаконот: Амин.

Ѓаконот потоа ја целива десницата на свештеникот, излегува на северната врата, застанува на вообичаеното место и говори:
Да ја дополниме нашата молитва пред Господа.
Народот:
Господи, помилуј.
Ѓаконот:
За предложените чесни Дарови, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За овој свет храм, и за оние што со вера, побожност и со страв Божји влегуваат во него, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Да нè избави од секаква скрб, гнев и опасност, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Заштити, спаси, помилуј и запази нè, Боже, со Твојата благодат.
Народот: Господи, помилуј.
Цел ден совршен, свет, мирен и безгрешен, од Господа просиме.
Народот: Подај, Господи.
Ангел на мирот, верен водител, пазител на нашите души и тела, од Господа просиме.
Народот: Подај, Господи.
Проштевање и отпуштање на нашите гревови и прегрешенија, од Господа просиме.
Народот: Подај, Господи.
Останатото време од нашиот живот да го поминеме во мир и покајание, од Господа просиме.
Народот: Подај, Господи.
Христијански крај на нашиот живот, безболен, непосрамен, мирен, и добар одговор на Страшниот Христов суд, просиме.
Народот: Подај, Господи.
Спомнувајќи ја Пресветата, Пречиста, Преблагословена, славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија со сите Светии, самите себе и еден друг, и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.
Народот: Тебе, Господи.
Свештеникот, тивко:
ГОСПОДИ Боже, Седржителу, единствен Свет, Кој ја примаш благодарствената Жртва од оние што со сето срце Те призиваат, прими ја молитвата и од нас грешните, и принеси ја на Твојот свет Жртвеник, и оспособи нè за гревовите свои и за народните незнаења да Ти принесуваме Дарови и духовни жртви. И удостој нè да најдеме благодат пред Тебе, жртвата наша да Ти биде благоугодна, и Благиот Дух на благодатта Твоја да слезе на нас, и на овие предложени Дарови, и на сиот Твој народ.
Свештеникот гласно:
По милосрдието на Твојот Единороден Син, со Кого Си благословен, со пресветиот и благ и животворен Твој Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
Свештеникот: Мир на сите.
Народот: И на духот твој.
Ѓаконот:
Да се возљубиме еден со друг, и единомислено да Го исповедаме:
Народот:
Отецот, и Синот, и Светиот Дух, - Троица едносуштна и неразделна.
Свештеникот се поклонува трипати, говорејќи тивко:
Ќе Те возљубам, Господи, крепост моја. Господ е тврдина моја, и прибежиште мое. (трипати)
Потоа ги целива Светите Даровки онака како што се покриени, и тоа најнапред врвот на Светиот Дискос, говорејќи: Свети Боже; потоа врвот на Светата Чаша, говорејќи: Свети Крепки; и најпосле Светата Трпеза, говорејќи: Свети Бесмртни, помилуј нè.
Ако служат двајца или повеќе свештеници, тогаш и тие ги целиваат Светите Дарови, и еден друг по рамењата. Постариот вели:
Христос е помеѓу нас.
Помладиот одговара: И é, и ќе биде.
Исто така, ако служат повеќе ѓакони, тие го целиваат крстот на орарот и еден со друг, и говорат исто што и свештениците.
Ако служи само еден ѓакон, и тој на ист начин се поклонува на местото каде што стои, и го целива орарот на местото каде што е знакот на крстот, а потоа произнесува:
Двери, двери, со премудрост да внимаваме.
Свештеникот, подигнувајќи го воздухот над Светите Дарови, го вее над нив и говори исто што и народот:
ВЕРОИСПОВЕДАНИЕТО
Верувам во едниот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и земјата, на сè видливо и невидливо.
 И во едниот Господ Исус Христос, Синот Божји Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови: Светлина од Светлина, вистински Бог од вистинскиот Бог, роден, несоздаден, единосуштен на Отецот, преку Кого сè постанало. Кој заради нас луѓето, и заради нашето спасение слезе од небесата, и се воплоти од Светиот Дух и Дева Марија, и стана човек. И Кој беше распнат заради нас, во времето на Понтиј Пилат, и страдаше и беше погребен. И Кој воскресна во третиот ден, според Писмото. И Кој се вознесе на небесата, и Кој седна оддесно на Отецот; и Кој пак ќе дојде со слава да им суди на живите и мртвите, и Неговото Царство не ќе има крај.
 И во Светиот Дух, Господ Кој дава живот, Кој исходи од Отецот, Кому заедно со Отецот и Синот Му се поклонуваме и Го славиме, и Кој говорел преку пророците. Во една Света Соборна и Апостолска Црква. Исповедувам едно крштение за опростување на гревовите. Го чекам воскресението на мртвите: И животот во идниот век. Амин!

Ѓаконот:
Да застанеме смерно, да стоиме со благоговение, да внимаваме, светите Дарови во мир да ги принесеме.
Народот:
Милост од мирот, жртва на благодарност.
Свештеникот, благословувајќи го народот, возгласува:
Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, и љубовта на Бога Отецот, и заедницата со Светиот Дух, да биде со сите вас.
Народот: И со духот твој.
Свештеникот, подигнувајќи ги двете раце, возгласува:
Горе да ги имаме срцата!
Народот: Ги имаме кон Господа.
Свештеникот: Да благодариме на Господа.
Народот:
Достојно и праведно е
да Му се поклонуваме на Отецот
и Синот и Светиот Дух
- на Троица едносуштна
и неразделна.
Свештеникот се моли, почнувајќи го
СВЕТОТО ВОЗНЕСУВАЊЕ
Достојно и праведно е Тебе да Те воспеваме, Тебе да Те благословуваме, Тебе да Те фалиме, Тебе да Ти благодариме, Тебе да Ти се поклонуваме на секое место од Твоето владеење, зашто Ти Си Бог неизглаголив, непоимлив, невидлив, недостижен, Кој секогаш си, И на ист начин си, Ти, и Единородниот Твој Син, и Духот Твој Свет. Ти од небитие Си нè привел во битие, и кога сме отпаднале пак Си нè подигнал, и не Си отстапил да правиш сè, додека не Си нè возвел на Небесата и не Си ни го дарувал Твоето идно Царство. За сето тоа Ти благодариме Тебе, на Твојот Единороден Син, и на Твојот Свет Дух: за сите знајни и незнајни, видливи и невидливи доброчинства што Си ни ги направил. Ти благодариме и за оваа служба што Си благоволил да ја примиш од нашите раце, иако пред Тебе стојат илјада Архангели, и миријада Ангели, Херувими и Серафими, шестокрили, многуоки, возвишувајќи се раскрилени,
Свештеникот, возгласува:
Победната песна пеејќи, воскликнувајќи, извикувајќи и говорејќи ја:
Ѓаконот ја зема света ѕвездичка од Светиот Дискос; при изговарањето на глаголите од возгласот, прави над него крсен знак, па ја склопува, ја целива и ја остава врз светите покривки.
Народот:
Свет, Свет, Свет, Господ Саваот! Полни се небото и земјата со Твојата слава; Осана во висините, благословен е Оној Кој доаѓа во името Господово; Осана во висините!
Свештеникот, приклонувајќи ја главата, се моли:
Со овие блажени Сили, човекољубив Владико, и ние воскликнуваме и говориме: Свет Си и Пресвет, Ти и Твојот Единороден Син, и Твојот Свет Дух; Свет Си и Пресвет, и величествена е Твојата слава. Ете, така Си го возљубил Твојот свет, што Си го дал и Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не погине, но да има живот вечен.
Кој, кога дојде, го исполни спасителниот Домострој за нас, во ноќта во којашто беше предаден, или поточно Самиот Себеси се предаде, за живот на светот. Земајќи го Лебот во Своите свети и пречисти и непорочни раце, откако благодари и го благослови, го освети, го прекрши, им даде на Своите свети Ученици и Апостоли, велејќи:
Гласно:
Примете, јадете, ова е Телото Мое, кое за вас се прекршува за отпуштање на гревовите.
Народот: Амин.
Свештеникот, тивко:
Исто и за Чашата по вечерата рече:
Гласно:
Пијте од неа сите, ова е Крвта Моја на Новиот Завет, која за вас и за мнозина се излева, за отпуштање на гревовите.
Народот: Амин.
Свештеникот, тивко се моли:
Спомнувајќи си, пак, за оваа спасителна заповед, и за сè што заради нас станало: крстот, гробот, тридневното воскресение, вознесението на Небесата, седнувањето оддесно, второто и славно пришествие, -
Ѓаконот притоа ги вкрстува своите раце, ставајќи ја десната врз левата, и со десната го зема Светиот Дискос, а со левата Светата Чаша, го подигнува и со внимание прави крсен знак (ако нема ѓакон, тогаш тоа го прави свештеникот).
Свештеникот притоа возгласува:
Твои (Дарови) од Твоите, Тебе Ти ги принесуваме за сите и за сè,
Народот:
Тебе Те воспеваме,
Тебе Те благословуваме,
Тебе Ти благодариме, Господи,
и Ти се молиме,
Боже наш!
Свештеникот и ѓаконот трипати се поклонуваат пред Светиот Престол, молејќи се во себе и говорејќи:
Боже, биди милостив кон мене грешниот, и помилуј ме.
Свештеникот:
Господи, Кој во третиот час Си го испратил Твојот Пресвет Дух на Твоите Апостоли, Него, Благи, не одземај го од нас, но обнови нè нас кои Ти се молиме.
Ѓаконот, стихот:
Срце чисто соѕидај во мене, Боже, и Дух прав обнови во утробата мојата. (двапати)
Свештеникот:
Господи, Кој тргна во третиот час...
Ѓаконот:
Не ме отфрлај од Твоето лице, и Твојот Свет Дух не Го одземај од мене.

Свештеникот, со приклонета глава, се моли тивко:
УШТЕ Ти ја принесуваме оваа словесна и бескрвна служба, и Те молиме, и преколнуваме: испрати Го Твојот Свет Дух на нас и на овие предложени Дарови.
Ѓаконот, приклонувајќи ја главата, со орарот покажува на Светиот Леб, тивко говорејќи:
Благослови го, Владико, Светиот Леб.
Свештеникот:
И створи го овој Леб чесно Тело на Христа Твој.
Ѓаконот: Амин.
Ѓаконот потоа, покажувајќи со орарот на Светата Чаша, говори:
Благослови ја, Владико, Светата Чаша.
Свештеникот, благословувајќи, вели:
А што е во оваа Чаша, чесна Крв на Христа Твој.
Ѓаконот: Амин.
Ѓаконот, пак, покажувајќи со орарот на двете, говори:
Благослови ги, Владико, двете.
Свештеникот, благословувајќи ги, вели:
Претворајќи ги со Својот Свет Дух.
Ѓаконот: Амин. Амин. Амин.
Ѓаконот, приклонувајќи ја главата кон свештеникот, вели:
Спомни ме, Владико свет.
Свештеникот вели:
Да те спомене Господ Бог во Своето Царство, постојано, сега и секогаш и во сите векови.
Ѓаконот: Амин.
Свештеникот, приклонувајќи ја главата, тивко се моли:
А на тие што ќе причестуваат (овие Свети Тајни) да им бидат за трезвеност на душите, за отпуштање на гревовите, за присоединување со Твојот Свет Дух, за исполнување на Небесното Царство, за смелост пред Тебе, а не за суд или за осуда.

Уште Ти ја принесуваме оваа словесна служба за починатите со вера Праотци, Отци, Патријарси, Пророци, Апостоли, Проповедници, Евангелисти, Маченици, Исповедници, Подвижници, и за секој праведен дух во вера што починал.
Свештеникот ја зема кадилницата и, кадејќи пред Светиот Престол, говори:
ОСОБЕНО за Пресветата, Пречиста, Преблагословена, славна Владичица наша Богородица и Секогаш Дева Марија:
Народот:
ДОСТОЈНО е, навистина, Блажена
да Те нарекуваме Тебе, Богородице,
Присноблажена и Пренепорочна,
и Мајко на нашиот Бог.
Почесна од Херувимите
и неспоредливо пославна
од Серафимите;
Бога Слово девствено што Го роди,
Тебе вистинската Богородица, ние Те величаме.
Наместо Достојно, на најголемите празници се пее ирмос.
Свештеникот му ја дава кадилницата на ѓаконот кој, кадејќи го кружно Светиот Престол, ги спомнува од диптихот починатите и други покојни кои сака.
Свештеникот тивко се моли:
За Свети Јован, Пророк, Претеча и Крстител, за светите славни и сефални Апостоли, за светиот (името), чиј спомен го славиме, и за сите Твои Светии; заради нивните молитви посети нè, Боже. И спомни ги сите починати со надеж на воскресение за живот вечен (овде ги именува и починатите коишто сака), и упокој ги, Боже наш, кадешто блеска светлината на Твоето Лице. Уште Те молиме, спомени го, Господи, секое епископство на православните, коишто правилно го предаваат словото на Твојата Вистина, секое презвитерство, во Христа ѓаконство, - секој свештенички чин. Уште Ти ја принесуваме оваа словесна служба за вселената, за светата соборна и апостолска Црква, за оние што живеат во чистота и чесен живот, за благочестивиот и христољубив народ наш. Дај им Господи, ним и нам, спокоен и тивок живот, да поживееме во секое благочестие и чистота.
Свештеникот, гласно:
Меѓу првите спомени го, Господи, блажењејшиот архиепископ (или: високопреосвештениот митрополит; или: преосвештениот епископ) наш (името), кого си го дарувал на Твојата света Црква, та во мир, целиот, чесен, здрав, долгоденствен, правилно да го предава словото на Твојата Вистина.
А ѓаконот ги спомнува живите од диптихот, и уште кои сака.
Народот: И за сите и за сî.
Свештеникот тивко се моли:
Спомени го, Господи, овој град во кој (или: ова село во кое; или: оваа света обител во која) живееме, секој град и земја, и оние со вера што живеат во нив. Спомени ги, Господи, оние што пловат, патуваат, боледуваат, страдаат., заробениците и нивното спасение. Спомени ги, Господи, плодоносците и доброчинителите во Твоите свети Цркви, и оние што Си спомнуваат за сиромасите, и на сите нас испрати нí ја Твојата милост.
Возглас:
И дај ни со една уста и едно срце да го славиме и воспеваме пречесното и величествено име Твое, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
Свештеникот, свртувајќи се кон народот и благословувајќи го, вели:
И да биде милоста на великиот Бог и Спасител наш, Исус Христос, со сите вас.
Народот: И со духот твој.
Ѓаконот зема благослов од свештеникот, излегува на северната врата и, застанувајќи на определеното место, говори:
Откако ги спомнавме сите светии, пак и пак во мир на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Ѓаконот:
За принесените и осветени чесни Дарови, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Та човекољубивиот Бог наш, откако ги прими во Својот свет и наднебесен и нетварен Свој Жртвеник, како благоухание на духовен мирис, да ни ја испрати божествената благодат и дарот на Светиот Дух, да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Да нè избави од секаква скрб, гнев и опасност, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Заштити, спаси, помилуј и запази нè, Боже, со Твојата благодат.
Народот: Господи, помилуј.
Цел ден совршен, свет, мирен и безгрешен, од Господа просиме.
Народот: Подај, Господи.
Ѓаконот:
Ангел на мирот, верен водител, пазител на нашите души и тела, од Господа просиме.
Народот: Подај, Господи.
Простување и отпуштање на нашите гревови и прегрешенија, од Господа просиме.
Народот: Подај, Господи.
Сè што е добро и полезно за нашите души и мир за светот, од Господа просиме.
Народот: Подај, Господи.
Останатото време од нашиот живот во мир и покајание да го завршиме, од Господа просиме.
Народот: Подај, Господи.
Христијански крај на нашиот живот, безболен, непосрамен, мирен, и добар одговор на Страшниот Христов суд, просиме.
Народот: Подај, Господи.
Единство во верата и заедница со Светиот Дух испросувајќи, самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.
Народот: Тебе, Господи.

 На Господа да се помолиме.
 Народот: Господи помилуј.
 Господи Боже наш, Кој во Твојот домострој на спасение си устроил, во Кана Галилејска со Своето присуство да го покажеш бракот чесен, Сам Ти и сега чедата Твои (     ), кои што си благоизволил да се соединат, сочувај ги во мир и единомислие, покажи го чесен нивниот брак, нивната постела нескверна зачувај ја, благоволи нивното сожителство да биде непорочно и удостој ги да достигнат длабока старост, исполнувајќи ги Твоите заповеди со чисто срце.
 Зашто Ти си Бог наш, Бог кој милува и спасува, и Тебе слава Ти вознесуваме, со беспочетниот Твој Отец и Пресветиот, и Благ и Животворен Твој Дух, сега и секогаш и во сите векови.
 Народот:  Амин.

Свештеникот, приклонувајќи ја главата, тивко се моли:
Тебе Ти го доверуваме сиот свој живот и надеж, човекољубив Владико, и просиме, и молиме и Те преколнуваме: удостој нè да се причестиме со Твоите небесни и страшни Тајни од оваа свештена и духовна Трпеза, со чиста совест, за отпуштање на гревовите, за простување на прегрешенијата, за заедница со Светиот Дух, за наследство на небесното Царство, за смелост пред Тебе, а не за суд или за осуда.
Свештеникот, гласно:
И удостој нè, Владико, со смелост неосудно да смееме да Те призиваме, Тебе небесниот Бог Отец, и да говориме:
Народот:
Оче наш, Кој Си на небесата, да се свети името Твое, да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја како на Небото така и на земјата. Лебот наш насуштен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници; и не воведувај нè во искушение, туку избави нè од лукавиот.
Свештеникот:
Зашто Твое е царството и силата и славата, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
Свештеникот: Мир на сите.
Народот: И на духот твој.
Ѓаконот: Нашите глави да ги приклониме пред Господа.
Народот: Тебе, Господи.
Свештеникот, тивко се моли:
Ти благодариме, невидлив Цару, Кој со Својата неизмерна сила сè Си создал и со изобилството на Твојата милост сè Си привел од небитие во битие. Сам, Владико, погледај од Небесата на оние што Ти ги приклониле своите глави; зашто не ги приклонија на тело и крв, но на Тебе величествениот Бог. Ти, пак, Владико, на сите нас раздели ја за добро Жртвата, секому според потребите: плови со оние што пловат, сопатувај со патниците, болните исцели ги, Лекару на душите и телата.
Возглас:
Со благодатта и милосрдието и човекољубието на Твојот Единороден Син, со Кого Си благословен, со пресветиот и благ и животворен Твој Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
Ѓаконот влегува во светиот олтар; завесата на светите двери се затвора.
Свештеникот, тивко се моли:
Почуј, Господи Исусе Христе, Боже наш, од светото живеалиште Твое и од Престолот на славата на Твоето Царство, и дојди за да нè осветиш, Ти, Кој со Отецот седиш горе, и овде со нас невидливо сопрестојуваш; и удостој нè со Твојата моќна рака да ни го преподадеш пречисто Тело Твое и чесна Крв Твоја, а преку нас и на сиот народ.
Тогаш свештеникот се поклонува, исто и ѓаконот, пред светите двери, и тивко говорат:
Боже, очисти ме грешниот и помилуј ме. (трипати)
Потоа ѓаконот се препашува со орарот крстовидно; и кога ќе го види свештеникот да го допира Светиот Агнец за да го подигне, возгласува:
Да внимаваме.
Свештеникот, го подигнува Светиот Агнец и возгласува:
Светињата е за светите.
Народот:
Еден свет, еден Господ Исус Христос, во слава на Бог Отецот. Амин.
Народот пее причесен.
Тогаш ѓаконот влегува во светиот олтар и, застанувајќи оддесно на свештеникот којшто го држи Светиот Леб, говори:
Раздроби го, Владико, Светиот Леб.
Свештеникот, раскршувајќи го на четири дела со внимание и побожност, вели:
Се раздробува и разделува Агнецот Божји, Кој се раздробува и не се разделува, секогаш јаден и никогаш недојаден, осветувајќи ги оние коишто се причестуваат.
И ги поставува на светиот дискос крстовидно:
И ѓаконот, покажувајќи со орарот на Светата Чаша, говори:
Исполни ја, Владико, Светата Чаша.
Свештеникот, земајќи ја горната честица (ИС), со неа прави крсен знак над Светата Чаша, говорејќи:
Со полнотата на Светиот Дух.
И ја става во Светата Чаша.
Ѓаконот: Амин.
Ѓаконот ја зема тéплотата (млака вода) и вели кон свештеникот:
Благослови ја, Владико, топлината.
Свештеникот благословува, велејќи:
Благословена е топлината на Твоите светии, постојано, сега и секогаш и во сите векови.
Ѓаконот, крстовидно налевајќи во Светата Чаша колку што е потребно, вели:
Топлината на верата исполнета од Светиот Дух. Амин.
И застанува понастрана. Потоа свештеникот и ѓаконот се поклонуваат и говорат:
Боже, милостив биди кон мене грешниот. (трипати)
Свештеникот се поклонува кон ѓаконот (кон своите сослужители), велејќи:
Брате и сослужителу, прости ми (ако се повеќемина, им вели: простете).
Потоа се поклонува кон народот, молејќи и од него простување. Исто така и ѓаконот (и сослужителите, ако ги има), моли простување од свештеникот и народот.
Тогаш свештеникот говори:
Ѓаконе, пристапи.
Ѓаконот, пристапувајќи со страв Божји, вели:
Еве, приоѓам кон бесмртниот Цар и Бог наш. Преподај ми го, Владико, чесното и свето Тело на Господ и Бог и Спасител наш Исус Христос.
Свештеникот, држејќи честичка од честицата ХС му ја дава на ѓаконот и вели:
Тебе, ѓаконе (името) ти се дава чесното и свето и пречисто Тело на Господ и Бог и Спасител наш Исус Христос, за отпуштање на твоите гревови и за живот вечен.
Ѓаконот му ја целива раката што му го дава Светиот Агнец и оди зад Светиот Престол, па приклонувајќи ја главата, се моли...
Тогаш свештеникот, земајќи и самиот една честичка од Светиот Агнец, вели:
Чесното и пресвето Тело на Господ и Бог и Спасител наш Исус Христос ми се дава мене, свештеникот (името), за отпуштање на моите гревови и за живот вечен.
И така, приклонувајќи ги главите, двајцата говорат:
МОЛИТВА ПРЕД ПРИЧЕСТУВАЊЕТО
Верувам, Господи, и исповедам дека навистина Си Ти Христос, Син на живиот Бог, Кој дојде во светот да ги спасиш грешните, од кои прв сум јас. Уште верувам дека е ова самото пречисто Тело Твое, и ова самата чесна Крв Твоја. Затоа Ти се молам: смилувај се на мене, и прости ми ги прегрешенијата мои, волни и неволни, направени со збор и дело, свесно и несвесно, и удостој ме неосудно да се причестам со Твоите пречисти Тајни за прошка на гревовите и за живот вечен.
На Твојата Тајна вечера прими ме за причесник денес, Сине Божји, зашто нема да ја соопштам Тајната на Твоите непријатели, ниту ќе Ти дадам целив како Јуда, но како разбојник Те исповедам: спомни Си за мене, Господи, во Твоето Царство.
Да не ми биде за суд или за осуда причестувањето со Твоите свети Тајни, Господи, но за исцелување на душата и телото. Амин.
И така, со страв и секоја предострожност се причестуваат.
Потоа свештеникот, држејќи го убрусот, ја зема Света Чаша со двете раце и се причестува од неа трипати, велејќи:
Со чесната и пресвета Крв на Господ и Бог и Спасител наш Исус Христос се причестувам јас недостојниот свештеник (името), за отпуштање на гревовите и за живот вечен. Амин.
И, забришувајќи ги своите усни и Светата Чаша со убрусот, ја целива Светата Чаша и вели:
Еве, се допре до моите усни, и ќе ги земе беззаконијата мои, и гревовите мои ќе ги очисти.
Потоа го повикува ѓаконот, велејќи:
Ѓаконе, пристапи.
Ѓаконот пристапува и се поклонува, велејќи:
Еве, пристапувам кон Христа, бесмртниот Цар и Бог наш. Преподај ми, Владико, чесна и пресвета Крв на Господ и Бог и Спасител наш Исус Христос.
Свештеникот говори:
Се причестува работ Божји, ѓаконот (името) со чесната и света Крв на Господ и Спасител наш Исус Христос, за отпуштање на гревовите и за живот вечен.
Свештеникот, кога ѓаконот ќе се причести, вели:
Еве се допре до усните твои, и ќе ги земе беззаконијата твои, и гревовите твои ќе ги очисти.
Свештеникот ја остава Светата Чаша и ги раздробува преостанатите два дела на Светиот Агнец (НИ и КА) на ситни честички за да има доволно за сите причесници, па ги става во Светата Чаша и ја покрива.
Тогаш се отвораат царските двери, а ѓаконот, поклонувајќи се еднаш, со побожност ја прима Светата Чаша од свештеникот, доаѓа до дверите и подигнувајќи ја кон народот, говори:
Со страв Божји, вера и љубов, пристапете.
Народот:
Благословен е Оној, Кој доаѓа во името Господово; Бог е Господ и ни се јави.
Тогаш пристапуваат верните и по свештеникот ја говорат молитвата пред Светата Причест: Верувам, Господи, и исповедувам... и така се причестуваат: врвејќи еден зад друг и поклонувајќи се со стравопочит и со рацете прекрстени на градите, пристапуваат кон свештеникот, изговарајќи го своето име, и секој ги прима божествените Тајни; а свештеникот, причестувајќи ги, за секој посебно говори:
Се причестува чедото Божјо (името) со чесното и пресвето Тело и Крв на Господ и Бог и Спасител наш Исус Христос, за отпуштање на гревовите и за живот вечен.
Ѓаконот на секого му ги забришува усните со убрусот, а причесникот ја целива Светата Чаша и, поклонувајќи се, врви. Народот за тоа време пее:
Тело Христово примете, Изворот на животот вкусете Го; вкусете и видете колку е благ Господ...
По причестувањето свештеникот влегува во олтарот и ги остава Светите Дарови на Светиот Престол.
Ѓаконот тогаш го зема со левата рака Светиот Дискос и од него ги става во Светата Чаша преостанатите честички, говорејќи:
Откако го видовме Христовото воскресение, да Му се поклониме на Светиот Господ Исус, единствениот безгрешен. На крстот Твој му се поклонуваме, Христе, и светото воскресение Твое го воспеваме и славиме; зашто Ти Си Бог наш, освен Тебе друг не знаеме, Твоето име го призиваме. Дојдете сите верни, да му се поклониме на светото Христово воскресение. Зашто, ете, преку крстот дојде радоста за сиот свет. Секогаш благословувајќи го Господа, да го воспеваме Неговото воскресение; зашто претрпувајќи распнување, со смрт смртта ја разруши.

Блескај, блескај, Нов Ерусалиме,
зашто слава Господова на Тебе засветли.
Ликувај, сега, и весели се Сионе;
Ти, пак, Чиста, торжествувај, Богородице,
за воскресението на Породот Твој.
О велика и најсветла Пасхо, - Христе!
О Мудрост и Слово Божјо, и Сило!
Дај ни со Тебе редовно да се причестуваме,
во безвечерниот ден на Твоето Царство.
Ѓаконот, бришејќи го внимателно Светиот Дискос над Светата Чаша, вели:
Измиј ги, Господи, со Твојата света Крв, гревовите на сите овде спомнати, по молитвите на Твоите светии.
Ако нема причесници, собирањето на светите честички во Светата Чаша ѓаконот го врши веднаш по причестувањето на свештенослужителите, говорејќи ги притоа истите тропари и зборовите: Измиј ги, Господи..., па ја покрива со покровецот Светата Чаша, а ѕвездичката и другите покровци ги средува на светиот дискос.
Свештеникот тогаш го благословува народот и возгласува:
Спаси го, Боже, Твојот народ и благослови го Твоето наследство.
Народот:
Ја видовме вистинската светлина;
Го примивме Духот Небесен;
Ја најдовме вистинската вера,
поклонувајќи Ü се на неразделната Троица,
зашто Таа нè спаси нас.
Свештеникот кади пред Светиот Престол, тивко говорејќи:
Се вознесе на Небесата, Боже, и по сета земја, Твојата слава.
Тогаш го зема светиот дискос, во висина на главата на ѓаконот му го подава, а ѓаконот, држејќи го побожно кон светите двери, оди кај Предложението и го остава. Свештеникот, поклонувајќи се, ја зема Светата Чаша и тивко говори:
Благословен е нашиот Бог,
па, свртувајќи се кон народот, продолжува гласно:
постојано, сега и секогаш и во сите векови.
Народот:
Амин. Да се исполнат нашите усти со пофалба кон Тебе, Господи, за да ја пееме Твојата слава, оти нè удостои да се причестиме со Твоите свети, божествени, бесмртни и животворни Тајни; сочувај нè во Твојата светиња, везден да се поучуваме на правдата Твоја. Алилуја, Алилуја, Алилуја.
Свештеникот оди кај Предложението, ја остава Светата Чаша, се враќа кај Светиот Престол и го дипли антиминсот.
Ѓаконот излегува, застанува на вообичаено место, и говори:
Откако ги примивме простум божествените, свети, пречисти, бесмртни, небесни и животворни, страшни Христови Тајни, достојно да Му благодариме на Господа.
Народот: Господи, помилуј.
Заштити, спаси, помилуј и запази нè, Боже, со Твојата благодат.
Народот: Господи, помилуј.
Испросувајќи цел ден совршен, свет, мирен и безгрешен, самите себе, еден друг, и сиот живот наш на Христа Бога да го предадеме.
Народот: Тебе, Господи.
Свештеникот ја говори благодарствената:
МОЛИТВА ПО ПРИЧЕСТУВАЊЕТО НА СИТЕ
Ти благодариме, човекољубив Владико, добротвору на нашите души и тела, што и во денешниов ден нè удостои со Твоите небески и бесмртни Тајни. Исправи го нашиот пат, сите нас утврди нè во стравот Твој, сочувај го нашиот живот, утврди ги нашите чекори, по молитвите и молењата на славната Богородица и секогаш Дева Марија и сите Твои Светии.
Возглас:
Зашто Ти Си осветување наше, и Тебе слава Ти вознесуваме, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
Притоа свештеникот го зема Светото Евангелие, прави крсен знак над светиот антиминс и врз него го поставува. Потоа се свртува кон народот и говори:
Во мир да излеземе.
Народот: Во името на Господа.
Ѓаконот: на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Свештеникот излегува, застанува зад амвонот и гласно говори
ЗААМВОНА МОЛИТВА
Господи, Ти Кој ги благословуваш оние што Те благословуваат и ги осветуваш оние, што се надеваат на Тебе, спаси го Својот народ и благослови го Твоето наследство, полнотата на Твојата Црква запази ја, освети ги оние што ја љубат убавината на Твојот Дом; Ти нив прослави ги со Твојата божествена сила, и нас, кои на Тебе се надеваме, не нè оставај; дарувај му мир на Твојот свет, на црквите Твои, на свештениците, благочестивите и православни христијани, и на сите луѓе Твои. Зашто секое добро давање и секој совршен дар е одозгора, слегува од Тебе, Отецот на светлината, и Тебе слава и благодарност и поклонение Ти вознесуваме, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот:
Амин. Името Господово нека е благословено, од сега и довек. (трипати)
Додека се чита заамвоната молитва, ѓаконот држејќи го орарот, со приклонета глава стои од десната страна пред иконата на Господ Христос; по завршувањето на молитвата, влегува низ северната врата. Свештеникот, пак, влегува низ царските двери и одејќи кај Предложението, тивко ја говори оваа молитва:
Христе Боже наш, Ти Самиот Си исполнување на Законот и Пророците; Ти Си го исполнил сиот спасителен Домострој на Отецот, исполни ги со радост и веселие нашите срца, постојано, сега и секогаш и во сите векови. Амин.

Потоа свештеникот ги поведува младенците во трикратен опход и пее:
 глас 5: Исаија, ликувај, Дева зачна и роди Син Емануил, Бог и човек, Исток е Неговото Име, Него величајќи го, Девата ја прославуваме.
глас 7: Свети маченици, кои славно страдајќи венци добивте, молете го Господа, да ги помилува нашите души.
Слава Ти Тебе, Христе Боже, пофалбо на апостолите и радост на мачениците кои што ја проповедаа единосушната Троица.
 
МОЛИТВА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ ОД ВЕНЦИТЕ
Господе Боже наш, Ти си го благословил венецот на годината, и си ги предал овие венци да се полагаат на оние кои со брачниот закон се соединуваат еден со друг, како што им доделуваш и награда за целомудреност, затоа што се соединија со од Тебе озаконетиот брак, Ти Сам и при разрешувањето на овие соединети венци благослови го и сочувај го нивното единство неразрушиво.
  За да благодарат секогаш на Пресветото име Твое, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
Мир на сите.
Народот: И на духот твој.
Нашите глави да ги приклониме пред Господа.
Народот: Тебе Господи.
Твоите слуги, Господи, доспевајќи во согласност и извршувајќи го чинот на брак како во Кана Галилејска, оставајќи ги сега на чување овие символи негови, Тебе слава Ти вознесуваат, на Отецот, Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин.

Потоа го симнува венецот од главата на младоженецот говорејќи:
 
Возвеличи се, младоженецу како Авраам, биди благословен како Исаак и умножи се како Јаков, одејќи во мир и творејќи ги во правда Божјите заповеди.

Потоа симнувајќи го венецот од главата на невестата говори:
 
И ти невесто, возвиси се како Сарра, развесели се како Ревека и умножи се како Рахил, радувајќи му се на својот маж и пазејќи ги наредбите на законот, зашто Бог така благоволил.

На Господа да се помолиме.
Народот: Господи помилуј.
Боже, Боже наш, Кој си отишол во Кана Галилејска и си го благословил тамошниот брак, благослови ги и овие чеда Твои, кои по Твоја промисла стапија во брачна заедница. Благослови ги, кога влегуваат и кога излегуваат; направи им го животот изобилен со блага; прими ги нивните венци во Царството Твое, запазувајќи ги неосквернети, непорочни во сите векови.
Народот: Амин.
Мир на сите.
Народот: И на духот твој.

Нашите глави да ги приклониме пред Господа.

Отец, Син и Свет Дух, пресветата, единосушна и живототворна Троица, едното Божество и Царство; нека ве благослови и нека ви подари долг живот, добри чеда, напредок во животот и верата, да ве исполни со секакви блага на земјата, да ве удостои да ги добиете и ветените блага, по молитвите на Пресвета Богородица и на сите светии. Амин.

Свештеникот  го благословува народот, велејќи:
Благословението Господово да дојде на вас, преку Неговата благодат и човекољубие, постојано, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
Свештеникот:
Слава Ти, Христе Боже, надеж наша, слава Ти.
Народот:
Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови. Господи, помилуј; Господи, помилуј; Господи, помилуј, оче, благослови.
Свештеникот дава отпуст вака:
ако е недела говори:
Воскреснатиот од мртвите, -
а ако не е недела:
Христос вистинскиот Бог наш, по молитвите на Својата Света и Пречиста Мајка, светите славни и сефални Апостоли, светиот отец наш Јован, архиепископ цариградски Златоуст, светиот (името на храмовиот светител), на светите и праведни богоотци Јоаким и Ана, и на сите Светии, да нè помилува и спаси како благ и човекољубив.
Народот: Амин.
Свештеникот влегува во светиот олтар и ги говори молитвите по светото причестување.
Откако ќе ги заврши овие молитви, свештеникот ги симнува свештените одежди, говорејќи:
Сега го отпушташ во мир слугата Свој, Господи, според зборовите Твои, зашто го видоа очите мои Твоето Спасение што Си го приготвил пред лицето на сите народи, светлост за просветлување на незнабошците и за слава на Твојот народ Израил.
Трисвето; Пресвета Троице; Оче наш
Тропарот на Свети Јован Златоуст (глас 8).
Благодатта, заблистувајќи од твојата уста како светлина на огнот, ја просветли вселената, ризница на несреброљубие за светот секна, нам ни ја покажа висината на смиреномудрието; со твоите зборови учејќи нè, оче Јоване, Златоусти, моли Го Христа Бога Словото, да ги спаси нашите души.
Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух:
кондак (глас 6):
Од Небесата Си примил божествена благодат, и со твојата уста ги учиш сите да Му се поклонуваат на еден Бог во Троица, Јоване Златоусти, себлажен Светителу, достојно те фалиме, зашто Си наставник, божественото што го јавува.
И сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Богородичен (глас 6):
Беспрекорна Заштитничке на христијаните, пред Творецот незаменлива Посредничке, не презирај ги гласовите на молењата на нас грешните но, како Блага, на помош навреме пристигај, да ни помогнеш нам, кои со вера Те повикуваме; побрзај на молитвата и на молењата поитај, Богородице, постојана Заштитничке на оние што Те почитуваат.
Господи, помилуј. (12 пати)
Почесна од Херувимите
и неспоредливо пославна
од Серафимите;
Бога Слово девствено што Го роди,
Тебе вистинската Богородица, ние Те величаме.
Слава... И сега... Отпуст.
Ѓаконот, откако ќе ги употреби Светите Дарови со секоја предострожност за да не падне или остане и најситна честичка, го мие Светиот Путир со вино и вода, ја собира сета влага, па ги средува светите садови, ги покрива и ги остава на определено место, па и тој ги симнува одеждите и говори исто што и свештеникот. Потоа ги мијат рацете на определено место, заедно се поклонуваат и излегуваат, благодарејќи за сè на Бога.
Крај на Божествената Литургија
на Свети Јован Златоуст со Света Тајна Брак.

 

Подготви: Александар Божиноски  



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная