логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 vozdvizenie.jpg

СВЕТИ ТАЈНИ

Во Православната Црква обично се споменуваат седум тајни: крштавање, миропомазание, причестување, покајание, брак, свештенство и елеоосветување. Обичајот да се бројат тајните не се јавува како древна традиција, туку бил позајмен од католичката црква. Традицијата вели дека се што постои и што се случува во Црквата е светиња и тајна. Нашите молитви, благослови, добри дела, мисли, постапки - се учествува во вечниот живот. А се грешно и мртво се осветува и оживува со силата на Бога Отецот, во Христа и Светиот Дух. Така преку Господа, се постанува тајна, дел од Тајната на Царството Божјо, која уште сега се чувствува во животот во овој свет.
Животот почнува со раѓањето. Тајната на крштавањето е раѓање во вечниот живот Божји. Но самиот акт на раѓање е недоволен, мора уште да постои тоа што постојано ќе го овозможува животот: неговата снага, енергија и сила. Така тајната на миропомазанието е дарување за нас на таквата сила која е пресветиот, благ и животворен Дух.
Животот мора да биде поддржуван. Ние го правиме тоа со помош на храната и пиењето и живееме телесно. Приврзаноста кон материјата го овозможува опстанокот на човекот. Но јадењето и пиењето не може вечно да не одржува во живот. Нашата природна приврзаност за овој свет е приврзаност за смртта. Потребно ни е посебно јадење и пиење што ќе не хранат за вечниот живот. Таа храна е тајната вечера на Синот Божји, телото и крвта Христови, тајната на светата евхаристија - причестувањето со самиот живот.
Сите што се раѓаат во овој свет се смртни, дури и најсовршената човечка љубов е осудена да умре. Во тајната на христијанскиот брак Самиот Господ не благословува на вечна дружба и љубов, за плодовите на нашата љубов, зачнувањето на деца и постоењето на семејството да не бидат во смрт, туку во вечен живот.
До крајното воспоставување на Царството Божјо, животот останува подложен на напади од злото: грев, болести, страдања, тага и смрт. Тајната на покајанието служи како лек за духовните болести, таа ни дава можност да му се обратиме на Бога, да бидеме опростени и повторно примени во Божјиот живот од којшто не одделија гревовите. А тајната на елеоосветувањето се јавува како средство против нашите телесни болести, што се резултат на власта на гревот над нашите тела и поради кои ние неизбежно доаѓаме во допир со страдањето и смртта. Елеоосветувањето ја менува смислата на нашите страдања, тие да не не водат кон смртта, туку во вечниот живот, и ги вклучува нашите рани и маки во животворниот Христов Крст.
И на крај, во Црквата и за Црквата, има тајна на свештенството (ракоположување), дар на служење и учителствување. Сето духовништво: епископи (архијереи), свештеници (ереи) и ѓакони постојат само затоа за да го прогласуваат и претставуваат во Црквата боженствениот живот на Царството Небесно. На таков начин од паѓањето до самата смрт, во секој аспект на нашето земно постоење, вистиниот живот, каков што го создал Бог, ни се дава нам во Црквата. Во ова и се состои смислата за Христовото доаѓање во светов: Јас дојдов за тоа, за да имаат живот и да го имаат во изобилие (Јн. 10, 10).

КРШТАВАЊЕ
Во христијанската Црква крштавањето не само што ја симболизира моралната промена и духовната преродба, туку тоа реално се претвора во дејство на смртта врз човекот и негово воскреснување во Христа, и тој станува одново роден со вода и Светиот Дух во Царството Божјо (Јн. 3. 5).
Службата на крштавањето почнува со тоа што оној кој се крштава се одрекнува од сатаната и го прима Христа. Пред потопувањето во вода, тој или неговите старатели (крстните родители, кумовите), го прогласува Символот на Верата. Кумовите задолжително мораат да бидат православни, бидејќи тие гарантираат за крштеникот пред целата Црква, го примаат него од кршталната вода, го внесуваат во Црквата и се грижат за неговиот духовен живот.
По прогласувањето на верата, над водата се читаат молитви и таа се благословува. Свештеникот се моли над крстениот и го помажува со осветен елеј како знак на воспоставување во него на светоста и добрината на Божјото создание. Потоа, по свеченото пеење Алилуја (што на еврејски значи Фалете го Бога), свештеникот го потопува крштеникот три пати во вода, во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух.
Со ова потопување крштеникот како да умира за светот и повторно со силата на Христовото воскресение, се раѓа во животот вечен. Него го облекуваат во бела крстителна облека, која се јавува како образ на новата човечност, на Самиот Христос новиот и небесен Адам. Затоа кога новокрстениот во свечената процесија го обиколуваат три пати околу капалната, симболизирајќи го влегувањето во Царството Божјо и во вечениот живот, хорот ги пее зборовите на апостолот Павле: Сите вие, коишто во Христа се крстивте, во Христа се облековте (Гал. 3. 27).
Во древните времиња таквата процесија одеше од баптистериумот (местото за крштавање) во Храмот, каде што новокрстените примаа Света Причесиа на Божјата Литургија. Крштавките обично се правеа пред велигденската Литургија. Нашата литија околу храмот на Воскресното утрење е потсетузање дека сме крстени, дека сме го напуштиле животот на овој свет за да влеземе во вечниот живот на Воскреснатиот Христос во Царството Божјо.
Но до примање на Светата Причесна новокрстениот мора да прими дар од Светиот Дух во тајната на миропомазанието.

МИРОПОМАЗАНИЕТО

Во тајната на миропомазанието добиваме печат на дарот од Светиот Дух (Рим. 8; 1 Кор 1, 21, 22). Ако крштавањето е нашето лично учествување во Велигденот, смртта и воскресението Христови, тогаш миропомазанието е нашето лично учествување во Педесетницата, во слегувањето на Светиот Дух. Исто така, како што Велигденот без Педесетницата нема смисла за светот, така и крштавањето без миропомазанието, нема смисла за христијанинот.
Дарот на Светиот Дух се дава на новокрстениот преку помазување на сите делови од телото со свето миро. Тоа посебно се приготвува на Велики Четврток од епископите на Црквата, бидејќи дарот на Светиот Дух бил од почетокот даден на луѓето преку Христовите апостоли, чии следбеници се јавуваат епископите (Дела. 8,14; 19,1-7).
Во миропомазанието на човекот му се дава сила од горе (Дел.ап. 1, 2) за новиот живот, добиен при крштавањето. Како што Христос е Помазаник Божји, така и човекот, по храбрите зборови на отците, постанува Христос, заедно со Него и помазаник на Синот Божји.
И така ние ја обиколуваме капалната само по нашето миропомазание и потоа го слушаме апостолското и евангелското читање за нашето спасение и просветување во Христа (види подолу).
По крштавањето и миропомазанието свештеникот го постригува новиот член на семејството Божјо. Крстообразното постригување на косата од главата значи, дека човекот целосно се предава себеси на Бога. Косата од древно време била симбол на сила (Суд. 16, 17), затоа се до XV век духовништвото на Православната Црква носеше тонзура целиот живот, покажувајќи дека нивната сила е во Бога.
Заедно со крштавањето и миропомазанието, новороденото дете се воцрквува. Како и детето Исус, кој бил донесен во храм на четириесетиот ден од раѓањето, како што беше пропишано со старозаветниот закон, така и крштавањето и воцрквувањето во Православната Црква се врши обично околу четириесеттиот ден од животот на детето. Во исто време се воцрквува и мајката на новороденчето, исто така според старозаветниот обичај и по примерот на обредот на очистување на Божјата Мајка (Лк. 2, 22). Воцрквување на мајката е нејзино враќање во собирот на на¬родот Божји по долгиот престој надвор од Храмот и Литургијата. Тоа мора да се направи до крштавањето на детето, за да може и мајката да присуствува при тајната на неговото влегување во Царството Христово.
Тајната на крштавањето и миропозанието, кои се викаат и свето просвештение, се завршуваат со Причесната на Светите Тајни.

ЧИТАЊЕ НА АПОСТОЛОТ ЗА ВРЕМЕ НА КРШТЕВАЊЕТО

Браќа, сите ние што се крстивме во Исуса Христа, во Неговата смрт се крстивме. И така, ние се погребавме со Него преку крштавањето во смртта, та, како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, така и ние одиме во обновен живот. Зашто, ако сме сраснати со Него во еднаква смрт, ќе бидеме соучесници и во воскресението, знаејќи дека нашиот стар човек е распнат со Него, за да биде уништено гревовното тело, па да не бидеме веќе робови на гревот; бидејќи, кој умрел, тој се ослободил од гревот. А, ако сме умреле со Христа, веруваме дека со Него и ќе живееме, знаејќи оти Христос, откако воскресна од мртвите, нема веќе да умира: смртта нема веќе власт над Него. Зашто, ако умре Он, умрел   еднаш за гревот, а што живее, за Бога живее. Па така и вие сметајте се мртви за гревот и живи за Бога во Христа Исуса, нашиот Господ (Рим. 6, 3-11).

ЧИТАЊЕ НА ЕВАНГЕЛИЕТО ЗА ВРЕМЕ НА КРШТЕНИЕТО

Во она време единаесетте ученици отидоа во Галилеја во гората, каде што им заповеда Исус, и кога го видоа, му се поклонија, а некои се посомневаа. Тогаш Исус се приближи и им рече: ми се даде секоја власт на небото и на земјава. Одете и направете ги ученици сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, учејќи ги да пазат се што сум ви заповедал. И ете јас сум со вас во сите денови до свршетокот на светот. Амин (Мт. 28,16-20).

 

СВЕТАТА ЕВХАРИСТИЈА

Светата Евхаристија во Православното Предание се вика тајна на тајните или тајна на Црквата. Таа е срце на црковниот живот, извор и цел на сите црковни учења и установи.
Како и обредот на крштавањето, и евхаристиската трпеза не била создадена првпат од Христа. Слични свети ритуални трпези постоеле и во Стариот Завет и во паганските религии. Дури и денес празничното заедничко јадење останува едно од главните ритуални настани во животот на луѓето. Старозаветната пас-хална трпеза во почетокот била празнична вечера посветена на споменувањето на еврејското ослободување од египетското ропство, а Исус Христос ја преобрази во дејство кое се врши во Негов спомен.
Самиот збор евхаристија значи благодарење. Така се вика не само светата трпеза, лебот и виното, туку и сите дејствија на црковното собрание: молитви, читање на Писмото и прогласувањето на Божјото Слово, споменувањето Христово и причестување со Неговото Тело и Крв, бидејќи општото значење на Господовата гозба е благодарење на Бога во Христа и Светиот Дух, за се што Тој направил во создавањето, спасението и прославување на светот.
Тајната Евхаристија исто така се вика и Света Причесна, зашто таа е мистична заедница на луѓето со Бога, едни со други и заедница на сите луѓе и сите созданија во Бога преку Христа и Светиот Дух. Причесната се дава на сите членови од Црквата (вклучувајќи ги крстените и миропомазани новородени секогаш во два вида: со леб и вино, во кои, се подразбира, е потполното Христово присуство, Неговото вистинско Тело и Крв.
Во историјата на христијанската мисла постоеле различни обиди за објаснување, на кој начин лебот и виното се претвораат во Телото и Крвта Христови. За жал, овие објаснувања често биле премногу рационалистички и зависеле од филозовските конструкции. Пројавените спорови, поради тоа, го поставија почетокот на разногласноста во богословската мисла: едни говореле дека евхаристичните Дарови се оригинални Тело и Крв Христови; други тврделе дека се само симболички и мистични. Трагедијата на овие два пристапи е во тоа што тие го спротивставуваат реалното со симболичното и мистичното.
Православната Црква го отфрла учењето за тоа дека евхаристичните Свети Дарови се само интелектуални и психолошки симболи. Ако беше така, додека се служи Литургијата и се дели светото Причесно, луѓето би биле повикани да мислат на Христа и да имаат заедништво со него само во своите срца. На овој начин Евхаристијата би била сведена на обична трпеза, кај што единството со Бога се остварува само на умствено ниво.
Меѓутоа, зборувајќи за евхаристичните Дарови, православното предание сепак често го употребува терминот симболи, а литургијската жртва ја нарекува духовна и бескрвна. Црквата се користи со овие зборови затоа што во Православието реалното, оригиналното, стварното не му се спротивставува на симболичкото, духовното или мистичкото. Напротив, православното гледиште е дека сета стварност - светот и самиот човек се реални и притоа и симболични и мистични до таа мера, што самата таа стварност мора да ни го открие и објави Бога. Така евхаристијата во Православната црква е сфатена како вистинско Тело и вистинска Крв Христова, особено затоа што лебот и виното се тајни и симболи на Божјото вистинско присуство и објавување на нас во Христа. Така, јадејќи го лебот и пиејќи го виното коишто се мистично осветени со Светиот Дух, имаме вистинско соединување со Бога преку Христа којшто самиот е леб на животот (Јн. 6, 34, 41).

Јас сум живиот леб којшто слезе од небото; ако некој го јаде овој леб ќе живее вечно; и лебот којшто јас ќе го дадам е мсето тело, кое ќе го дадам за животот на светот (Јн. 6, 51).

И така Евхаристичкиот леб е телото Христово, а телото Христово е евхаристичниот леб: двете се соединуваат во едно. Во право¬славната терминологија зборот симболички имено значи: соединување во едпо.
Така ние ги читаме зборовите на св. апостол Павле:

Зашто го примив од Господа тоа и што ви го предадов, дека Господ Исус во ноќта кога беше предаден, го зеде лебот, и заблагодарувајќн, го прекрши и рече: Земете, јадите, ова е моето тело, кое за вас се прекршува; ова правете го во мој спомен. Исто така, и чашанш, по вечерата, говорејќи: Ова чаша е Новиот Завет со мојата крв, ова правете го, секогаш кога пиете, во мој спомен. Зашто секогаш кога го јадете овој леб и ја пиете оваа чаша, смртта Господова ја објавувате, додека не дојде. Така кој го јаде овој леб или ја пие чашата Господова недостојно, ќе биде виновен против телото и крвта Господови (I Кор. 11, 23-27).

ПОКАЈАНИЕ

Со тајната на покајанието во Црквата ние се помируваме со Бога, кога гревот ќе не одвои од црковниот живот. Црковното Предание го нарекува покајанието обновување на тој длабок интимен живот со Бога, кој им се дава на луѓето во главните христјански тајни.
Човекот не е сосема грешен, и затоа не му е неопходно покајување преку тајните за секој пропуст. Но ако ние сме извршиле тежок грев или долго не сме се причестувале, тогаш неопходна ни е исповед. Сепак и сите христјани кои живеат во заедница со Христа, мораат од време на време да доаѓаат на исповед, за свесно да се смират себеси пред Господа и да добијат раководство од пастирот за христијанскиот живот.
Во самата форма на оваа тајна постојат три главни елементи. Прв, е искрена тага поради своите гревови и раскинувањето на заедништвото со Бога. Втор, е срдечна и отворена исповед на гревовите. Во древните времиња таа се извршувала во храмот јавно, пред сите луѓе, но сега обично се извршува во присуство на само еден свештеник.
Како трет елемент на покајанието се јавува разрешителната молитва, преку која на покајаниот грешник му се дарува Христовото опростување.
Покајанието се завршува со целосно, по Христовите заповеди, помирување со Бога и со сите луѓе, и причестување со Светите Тајни. Покајникот, по покајувањето, треба да се труди со сите сили да се воздржува од гревот, да живее праведно, во верна послушност кон Бога.
Тајната на покајанието, како и воопшто сите тајни, се јавува како дел од Црковниот живот кој проповеда тврда вера, дека Самиот Христос преку Светиот Дух присуствува во Црквата. Човек што нема таква вера, никогаш нема да го разбере значењето на покајанието и нема да почувствува потреба од отворена исповед на своите гревови. Кога пак ние ја разбираме Црквата како целосно заедништво со Бога во Неговото Царство, тогаш не само што ни се открива значењето на тајната на покајанието и исповедта, туку станува за нас драгоцен дар, највозвишена тајна Божја и единствена можност за соединување со Него преку Христовото простување.

ЕЛЕООСВЕТУВАЊЕ

Христос дојде во овој свет за да ги понесе човечките болести. Еден од знаците на Неговото божествено месијанство беше исцелувањето на болните. Исцелителната моќ во Црквата продолжува бидејќи Самиот Христос преку Светиот Дух борави во неа.
Тајната на помазание на болните е посебна молитва на Црквата за оздравување. Ако верата на христјаните е доволно јака, и ако тоа е Божја волја, ние можеме да се надеваме дека Господ ќе ги исцели болните.

Ако некојмеѓу вас е болен, нека ги повпка црковните презвитери и нека се молат над него, помазувајќи го со елеј во името Господово. И молитвата на верата ќе го спаси болниот, и ќе го Подигне Господ, и ако направил гревови ќе му бидат простени. Иеповедајте ги гревовите едни на другите, и молетс се на Бога едни за другите, за да оздравите (Јак. 5, 14-16).

Тајната на елеоосветувањето по својата форма е соборна, затоа колку што може повеќе верници треба да се собираат на оваа молитва. Обично за служба потребни се седум свештеници (бројот 7 симболизира множество), во неа има седум апостолски и евангелски читања, седум молитви и седум помачкувања со елеј.
Целта на оваа тајна е исцелување и простување на гревовите, но во нејзината длабочина лежи Христовата молитва за исполнување на волјата Божја.
Преку оваа тајна страдањата на болните се осветуваат и се соединуваат со страдањата Христови. Осветувањето на телесните рани му дава на болниот духовна сила, за неговата изнемоштеност да не биде за смрт, туку за вечно спасение и воскресение и живот во Царството Божјо.
Вака или онака, смртта неизбежно доаѓа кај човекот. На сите им е судено да умрат, дури и на тие на кои во овој живот им било дарувано одложување на смртта преку исцелувањето. Исцелувањето на болниот не е цел сама по себе, туку е само знак на Божјата милост, кој му дава на човекот време уште да поработи на спасението.
Во тие случаи кога е јасно, дека човекот ги одживува последните минути на својот земен живот, се читаат посебни молитви за одвојување на душата од телото. Тоа потврдува дека тајната на елеоосветувањето постои за болните, но не е исклучена и за тие што умираат. Тоа не е последна тајна како што сметаат некои, а и во самата служба никаде не се говори, дека таа треба да се применува само во крајни случаи. Елеоосветувањето е тајна на духовното, душевното и физичкото исцелување (заздравување) на човекот што страда, независно од тежината на неговата болест.

БРАК

За да биде љубовта на мажот и жената совршена каква што ја создал Бог, таа мора да биде единствена, неуништлива, бескрајна и божествена. Господ не само што го подари ова учење, туку дава и сила тоа да се оствари во тајната на христијанскиот брак во Црквата. Во него на мажот и жената им се дава можност да станат еден дух и едно тело, што е невозможно да се достигне само со човечката љубов. Христијанскиот брак, склучен на земјата, со силата на Светиот Дух не се прекинува со смртта, туку во совршенство продолжува во Царството Божјо.
Долго време во Црквата немало посебен брачен обред. Црквата едноставно го признавала единството на сопружничкиот пар, и со примање на светите тајни бракот станувал христијански, т.е. стварен лик на Божествената љубов, единствена и бесмртна.
Кога во Црквата била разработена посебна служба за тајната на бракот, како нејзин пример послужи крштавањето. Кон тие што се венчаваат се обраќаат исто како и кон тие што се крштаваат. Тие ја исповедуваат својата вера и љубов кон Бога. Нив ги воведуваат во храмот во свечена поворка. Над нив се молат и ги благословуваат. Тие го слушаат словото Божјо. Нив ги венчаваат со венци на славата Божја како наследници на вечниот живот од Неговото Царство. И тие го завршуваат својот брак така како што се завршуваат и сите тајни: заедничко примање на Светата Причесна.
Тајната на бракот не е склучувавање на правен договор, во неа не се содржат било какви клетви и заклетви, во суштина тоа е крштавање и мирпомазување на човечката љубов со Христа во Светиот Дух.
Природно е што православната венчавка е возможна само за тие кои веќе и припаѓаат на Црквата, т.е. за луѓе што се крстени и коишто се причестуваат. Но, сепак, земајќи ја во предвид трагедијата на христијанското разединување во современиот свет, се допушта црковно венчање на православен со крстен неправославен христијанин, со надеж дека тие ќе можат да дојдат до потполно единство во Христа.
Уверението дека човечката љубов како подржување на божествената, треба да внесе во создавањето и грижа за другите, не значи дека раѓањето на децата во суштина е единствената цел на бракот и исклучително и единствено оправдание и озаконување на неговото постоење. Не значи ни дека сопружниците без деца не можат да живеат со вистински христијански живот. Меѓутоа, свесната одлука на сопружниците да немаат семејство - од причини за личен комфор и удобност, желба за луксуз и слобода, страв од одговорност. одбивање да се дели матерјалниот имот. нетрпеливоста кон децата итн., - не е христијанска и во никој случај не може да биде во склад со библиското, моралното и светотајнското учење и искуство на Православната црква за значењето на животот. љубовта и бракот.
Во светлината на овие разгледувања за бракот. контролата на раѓањето на децата е многу деликатна работа, која во начало не се оправдува и се смета возможна само со највнимателно испитување на совеста, со молитва и со пастирско водство.
Абортусот е строго забранет во Православната црква и не може да се оправдува на никој начин, освен ако постои голем ризик за смртност, или со најдлабоко покајание во случаеви како што е непоправливо нарушување на здравјето на мајката или можност на смрт при породувањето. Во таквите исклучителни случаеви мајката мора сама да донесе одлука, и сите мораат да бидат спремни поради тој чин да застанат пред Господа барајќи ја Неговата божествена милост.

СВЕШТЕНСТВО

Православното учење говори дека Христос е единствен Свештеник. Пастпр и Учител па Црквата. Тој е нејзина жива и единствена Глава. И тајната на свештенството сведочи за тоа.
Свештениците на Православната Црква делуваат за Христа или место Хриета. не како Тој Самиот да отсуствува, туку напротив. нивна задача е да го истакнуваат и сведочат стварното  присуство на Христа во светот.
Епископите. свсштениците и ѓаконите го добиваат дарот на Светиот Дух, за во Него да го јавуваат Христа на луѓето. На таков начин, преку своите избрани слуги, Христос го исполнува Своето Свештенство. постојано принесувајќн се себеси како жртва на Отецот за свонте браќа и сестри по човештво. Преку служителите Христос исто така дејствува и како Учител прогласувајќи им ги на луѓето божествените зборови на Отецот. Тој дејствува исто така како и добар Пастир по кој одат овците. Тој делува како Лекар, простувајќи ги гревовите и изцелувајќи ги болестите физички. душевни и духовни. Тој делува како Епископ (грчки: набљудувач), набљудувајќи ја општината и бдеејќи над нејзе. Тој делува како Ѓакон (грчки: служител), бидејќи Тој дојде не да му служаш Нему, шуку да нослужи и ја даде душата Своја за да откупи мнознна (Мт. 20, 28).
Тајната на свештенството обезбедува континуитет и единство на Црквата низ вековите, од времето на Христа и апостолите, до воспоставувањето на Царството Божјо во вечноста.
Духовништвото мора да вложува максимум сили за исполнување на Божјата благодат, што му е дадена во дарот на ракоположувањето, но точноста и благодатноста на извршените тајни не зависи од личната добродетелност на секој од нив, туку од Христовото присуство, кој дејствува со Светиот Дух во Својата Црква.

ЕПИСКОПИ

Епископи се викаат постарите свештенослужители во таа смисла што тие ја носат одговорноста пред Бога и луѓето, за животот на доверените црковни општини и за зачувување на Црковното единство во целиот свет. Тие ги претставуваат своите епархии пред другите епархии исто така како што ја претставуваат Вселенската Црква пред своите сопствени свештеници, ѓакони и народ.
Секој епископ на Православната Црква управува со својата епархија, т.е. со црквите на определена географска територија. Како по правило и титулата на епископот води поте¬кло од името на главниот град од неговата епархија. Епископот на градот кој се наоѓа во центарот на голема област со неколку епархии обично се вика митрополит или архиепископ. Митрополит значи епископ на метропола, т.е. на главниот град. Архиепископ значи постар епископ. Понекогаш оваа титула им се доделува на епископите поради лични заслуги. Титулата патријарх припаѓа на епископот од главниот град на поголема територија, која содржи други митрополии и епархии. Во наше време тоа обично ја означува Помесната Црква.
Кога епископите на некоја област се собираат на собир (што тие мора регуларно да го прават према правилата на црковното право), тогаш на него претседава митрополит; а пак на соборот на Помесната Црква претседава патриархот. Но митрополитите и патријарсите раководат и претседаваат над поголеми територии од своите сопствени епархии само во чисто човечки и практични работи, а во своето епископско служење тие не се поважни и поглавни од другите. По дадената благодат тие се сосема рамни еден со друг. Ниеден епископ не се смета дека е непогрешен, ниту еден не поседува власт надвор од својата епар¬хија. Сите тие се јавуваат како служители на Христа и Неговата Црква.
Почнувајќи од VI век, Православната Црква наложува за епископатот обврска на безбрачност. Правило е тие да се потстрижени барем во најнискиот монашки чин.

СВЕШТЕНИЦИ

Свештениците, уште наречени јереи или презвитери, му помагаат на епископот во неговата работа. Во денешно време свештениците ја исполнуваат пастирската обврска во месните цркви, а во Црквата од старото време тоа го правеле епископите. Свештениците предводат при извршување на Евхаристијата. учат, проповедаат, се грижат и го насочуваат своето стадо во христијанскиот живот. Тие се назначуваат од епископите и припаѓаат на парохиите во кои служат. Никој не го прима дарот на свештенството лично ниту индивидуално. Независно од својот епископ инадвор од својата парохиска заедница свештеникот нема никаква власт и не може да врши служба.
За да биде прифатен како свештеник на Православната Црква, мажот мора да биде женет, притоа да е тоа прв брак (соодветно и на неговата жена). Ако свештеникот е вдовец, тогаш не смее повторно да се ожени ако го продолжува служењето. Ако пак во свештенство се прима неоженет маж, тогаш тој ја губи можноста после тоа да стапи во брак.

ЃАКОНИ

Првовремено ѓаконите им помагале на епископите во грижите околу практичната страна на животот на црковната општина. Во последните неколку столетија ѓаконското служење обично се ограничувало на помагање на свештениците во извршување на црковните служби. Сепак ѓаконите можат и мораат да исполнуваат и друга мисионерска, пастирска и просветителска работа во парохијата. За нив не е задолжително да имаат посебно богословско образование, тие можат да се избираат директно од парохијата. Правилото на Црквата за бракот на свештениците се однесува и за нив.
Покрај епископите, свештениците и ѓаконите кои што ги претставуваат главните ракоположени свештенослужители на Црквата, во праксата на Православната црква се дава посебен благослов за службата на ипоѓакон и чтец. Црквата ги благословува и таквите служители-мирјани, како на пример, членовите на парохискиот совет, учителите на црковните школи, пејачите и.т.н. А во раната Црква имало и молитви за посветување на егзорцисти (коишто изгонуваат бесови), вратари, ѓакониси и неракопложени проповедници (последниве постојат во Црквата и денес).

ПОГРЕБЕНИЕ

Иако погребната служба не се смета за тајна, сепак таа се наоѓа меѓу посебните литургиски обреди на Православната Црква. Ние веќе зборувавме за тајната што ги осветува човечките страдања, и за посебните молитви при разделба на душата и телото. Кога човекот ќе умре, Црквата прави служба над неговото тело, која се вика парастос или панихида (двата збора значат бдение или целоноќно бдение) што представува некоја видоизменета форма на утрената.
Таа започнува со обичните молитви на Трисвјатое и 90. псалм, по кои следува посебна велика ектенија за умрените. Наместо Бог Господ се пее Аллилуја, како во време на Големиот Пост а потоа следува погребниот тропар.

Со длабока мудрост се човекољубно уредувајќи и давајќи им на сите што е корисно, единствен Создателу, упокој ја Господи, душата на својот раб (својата рабина, своите раби), бидејќи надежта ја положија во Тебе, нашиот Творец и Создател и Бог (тропар).
Со светите упокој ја, Христе душата на својот раб (својата рабина, душите на своите раби), таму каде што нема мака, ниту тага, ниту воздишки, туку бесконечен живот (кондак).

Над упокоениот се пее 118. псалм, кој се јавува како усмен лик на праведник кој ја полага целата верба кон Господа и кој ја вложува целата љубов кон Неговите свети заповеди, со други зборови тоа е усмена икона на Самиот Христос. Овој псалм се пее над гробот Христов во Велики Петок:

Душата моја лежи во прав; оживи ме според Твојот збор... Одврати ги моите очи да не гледаат ништавило, со својот пат оживи ме... Драги ми се Твоите заповеди, оживи ме со својата правда...
Вечната правда е во Твоите откровенија; вразуми ме и ќе бидам жив... Суди го мојот суд, и избави ме, според својата реч оживи ме.

Погребната служба понекогаш ја критикуваат поради нејзината, навидум, мрачност и недоволно внимание кон воскресението и животот. Таквите критичари забораваат дека опелото не е последно слово на Црквата за смртта. Тоа е свечено размислување за нејзиниот трагичен карактер, нејзината ужасна природа и власт, власта на гревот и отуѓувањето од Бога. Токму ова сознание отсустува во современиот свет, а без него христијанското Евангелие на Животот тешко би ни било разбирливо.
И нема никаква противречност во тоа што св. Јован Дамаскин, кој го напишал веселиот канон на Велигденската Утрена, исто така стана автор и на црковните песнопеења за смртта, сурови, сериозни и безкомпромисни во реалното прикажување на крајната судбина на паднатото човечко суштество.

Која животна сладост останува без жалост? Која слава на земјата останува непроменета? Се е послабо од сенка, се е полажно од соншитата. Еден повод и сето ова го превзема смртта. Но во светлината на своето лице, Христе, и во насладување со Твојата убавина упокој го, тој (таа, тие) што си го избрал како човекољубец.
Плачам и ридам кога ќе помислам на смртпш и гледам како во гробовите лежи без облик, без слава, без вид, наишти убавина создадена по ликот Божји. О чудо! Каква тајна ни се случи? Како сме предадени на гниењето и подјармени на смртта? Навистина со Божја наредба, како што е напишано; Бог му дава на упокоениот (упокоената, упокоените покој (погребни химни).

Обично во погребната служба Блаженствата ее пеат по канонот и химните на св. Јован. Помеѓу секоја од нив се читаат вметнати молитвени стихови за умрените. Апостолот се зема од првото Послание на св. апостол Павле до Солунјаните (4, 13-17), Евангелието од св. апостол Јован (5, 24-30). По ова се кажува надгробното слово (проповед) и сите приеутни му даваат на починатиот последно целование со пеење на посебни стихири и Вечнаја Памјат.
Последнава песна. најпозната од православните погребални песнопеења е молитва упатена до Бога, за починатиот да биде вечно жнв во вечниот покој на Неговата вечна памет, бидејќи само таа им дава живот на луѓето. Шеолот или Адот или Бездната е библијското царство на мртвите што се јавува како состојба на оставеност и богозаборавеност. Тоа е состојба на неживот, затоа што во неа никој не може да го слави Бога, т.е. да го нрави она што мора да биде единствена цел на човечкиот живот, единствена смисла на неговото постоење.
Опејувањето на починатиот мора да се извршува заедно со Божествената Литургија во која верниците го среќаваат воскреснатиот Господ и сите што живеат во Него. На жалост, во наше време погребното бдение го загуби својот подготвителен карактер и се претвори во одделна независна служба, што пречи на вистинско разбирање на самото бдение, а исто така и на христијанското гледање на смислата на животот, смртта и воскреснувањето во Христа. Понекогаш Божествената Литургија се служи пред опелото. Овој обичај се појавил само неколку столетија наназад под влијание на католицизмот и тоа, исто така, внесува искривување на христијанското разбирање на смртта.

МОНАШТВО

Потстрижувањето во монаштвото не се вбројува во тајните, затоа што тоа не е задолжително за христијанскиот живот. Но тоа има многу голема улога во христијанската историја и многу високо се цени од страна на Црквата.
Во Православното Предание монашкиот позив се смета за посебен Божји дар на одделни души, кој е насочен кон нивно спасение и служење само на Господа. Монасите ја стекнуваат главната христијанска добрина и љубов преку пост и молитва, а исто така преку увежбување и во други добродетели: сиромаштво, чистота, смирение и послушност.
Во историјата на Православната Црква многу мисионери, учители и епископи дошле од монашката средина. Но сите овие служби не се јавуваат како цел или смисла на монашкиот повик каков што е. Монахот може и да не изведува конкретна служба во Црквата, како на пример: свештеничка, пастирска, учителска служба, или грижа за болните или помош на сиромашните. Тој стапува во манастир само затоа за да се кае за своите гревови, да му служи на Бога и да ја спасува својата душа, согласно со учењето на монашкиот аскетизам. Така св. Герман Аљаски бил во почетокот посветен на монашкиот живот, а потоа поради послушност кон својот духовен татко, го оставил самувањето и постанал мисионер.

Степени на монаштво
Православната монашка традиција набројува четири степени на монаштво, исти како за мажите, така и за жените. Првиот степен е искушеник (послушник), кандидат за монашкиот живот. Тој едноставно живее во манастирот под раководство на духовниот татко или мајка.
Вториот чекор е расофорно подстрижување, што означува дека човекот е примен во монашката општина и му се дава право да носи монашка облека наречена раса. Но и ова се уште не е целосно посветување во монашкиот живот.
Третиот степен се вика мала схима, што значи дека личноста положила монашки завет. Тој што ја примил се признава како вистински монах, добива ново име, носи схима (дел од облека со прикажан крст), и пелерина (мандија). Тој се обврзува да остане во монашката заедница, примајќи потполна послушност на својот духовен татко и главата на манастирот (кој се вика игумен или игуменија). Обредот на посветување во малата схима, покрај песнопеење и молитви, вклучува во себе долга серија на прашања за автентичноста на позивот на новиот монах, потстрижување и облекување во монашка облека.
И на крајот како последен степен на монаштво се јавува големата схима. Овој последен чекор се остварува од само неколку монаси, бидејќи бара најстрого исполнување на монашките идеали што се достигнуваат во најсовршена оеаменост, постојана молитва и созерцание. Монахот повторно добива ново име, му се облекува ново облечение - голема схима.
Поради прекумерно личниот карактер на монашкиот повик, не постојат определени прописи за времетраењето на некој од степените. Некои луѓе можат да напредуваат многу брзо, а на некои ќе им бидат потребни години, а трети пак никогаш не ќе можат формално да се замонашат, а сепак остануваат во манастирот. Во сите случаи решението се прима од духовниот наставник или од главата на заедницата.

Типови на монаштво
Во Православната Црква, за разлика од католичката, не постојат религиозни редови, но сепак постојат различни начини на монашки живот, и поединечни и заеднички. Кај некои манастири истакната е литургиската насока, кај други поголем аскетизам, трети ја зајакну-ваат мистичката страна на духовниот живот, а четврти се поотворени кон светот пружајќи им духовна храна на луѓето. Овие различни видови на монаштво не се формално определени или официјално одредени, туку се јавуваат како резултат на природниот развој под влијание на живата Божја благодат.
Покрај различните духовни правци, постојат уште три форми на уредување на монашкиот живот. Во колективното (општо¬жителство, киновија) монаштво сите членови на општината работат заеднички и владеат со се заеднички. Друг облик е идиоритмија во кој монасите се молат заедно, а јадат и работат поединечно. Дури се случува некои да се состануваат само за извршување на Литургијата (или само во големите празници) самостојно извршувајќи ги сите неевхаристични служби. И накрај, осаменост (еремити, анахорети, пустињаци), е кога монасите живеат во совршена осаменост или затвореност, никогаш не присоединувајќи се кон литургиската молитва на заедницата, можеби со исклучок на најсвечените моменти. Или понекогаш, дури и Светите Дарови му се донесуваат на осаменикот во неговото затворено место.
Во Православната Црква на Запад, денес постојат само неколку вистински монашки заедници во коишто се води автентичен монашки живот, а во традиционално православните земји монаштвото како и порано процветува, иако поради политичките и духовно неблагодарните услови тоа се намали по бројноста. Во последните години интересот кон монашкиот живот повторно почнува насекаде да се зголемува, особено меѓу образованите луѓе.

 (Продолжува)

Томас Хопко

ПРАВОСЛАВНА ВЕРА II

Издавач: КАНЕО

при Дебарско- кичевска епархија - Охрид , 1997 г.

Главен и одговорен уредник:

Митрополит Дебарско- кичевски Тимотеј

 

Друго:

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная