логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

 

 


Еве го првото пројавување на дејството на благодатта што очистува во душата! Во грешна-та душа постои некаква нечувствителност, студе-нило кон духовните работи. Затоа што е поробе-на и е занесена со видливите успеси и совршен-ства, неа ништо невидливо не може да ја допре. Ако размислува или ако чита за тажната состој-ба на грешникот, за праведниот Божји суд, за смртта, за страшниот суд, за вечните маки - таа сето тоа го доживува како далечни предмети што не ја интересираат. Ваквите мисли, спасоно-сни посетители на душата некогаш извесно вре-ме се задржуваат во умот како интересни од сво-јата спознатлива страна, за потоа да би ги исти-снале некои други, попријатни, не оставајќи ни трага од своето делување во душата. Срцето што не е омекнато со благодат е како камен. Се што е свето во него, или изгаснува, или отстапува од него, оставајќи го студено, онакво какво што би-ло. Грешникот кој се обраќа кон Бога силно чув-ствува таква скаменетост и затоа прво Го моли Господа да го избави од скаменетата нечув-ствителност и да му дарува искрени солзи на по-кајание. Спасителната благодат во своето прво делување на срцето го обновува и духовно го о-чистува чувството.
Сега душата што се собрала во себе го гле-да своето конечно растројство, помислува да го направи ова или она заради своето поправување, но во себе не наоѓа ни сила, па дури ни располо-жение за добри дела. Притоа, природна е поми-слата: таа нели ја поминала веќе онаа линија по што нема враќање кон Бога, нели се исцрпила до таа мерка, та ни самата Божја сила не може од неа да направи нешто добро? Таквата мисла ја ужаснува. Во збунетоста таа се обраќа на Мило-стивиот Бог, но грижата на совеста и Го претста-вува Бога многу поживо како праведен Судија Кој ги казнува строго безакониците.
Целиот живот поминува пред неа и таа во него не наоѓа ниедно добро дело заради што би можела себеси да се смета достојна на милости-виот Божји поглед. Создадена, ништожна во та-ка големиот свет, се осудила да го навредува Бо-га, над Кого нема никој, со противење на Него-вата семоќна волја. Потоа ужасите на смртта, судот, вечните маки, впечатокот дека сето тоа би можело да се постигне веќе за неколку моменти, дури и во овој момент, го завршуваат нејзиниот пораз. Страв и трепет ја обземаат душата и ја покрива темнина. За тоа време душата на изве-сен начин се допира до вечните маки. Благодатта што ја довела душата до таква тешка состојба, сепак ја пази од очајување и кога трепетот ќе го предизвика своето дејство, ја воздигнува кон крстот и преку него во срцето влева радосна на-деж на спасение. Меѓутоа, овој спасоносен страв, душата нема да ја напушта цело време на испра-вување; само во почетокот тој е неопходен помо-шник во тоа да дојде до прекршување во грео-вната болест, а потоа тој останува во душата ка-ко чувар од падовите, потсетувајќи ја на тоа каде води гревот. Заради тоа, кога ќе наиде искуше-нието, кога уште во неочистеното срце повторно се појави силен нагон спрема вообичаените гре-вови, таа со плашливост и со страв Му се обраќа на Господа, молејќи Го да не и допушти да падне и да ја избави од вечниот оган. Така, благодатта го наведува спасителниот страв кон душата сето време на исправување за себе се до крајот на животот, доколку душата не успее да се воздигне до онаков степен во кој стравот исчезнува во љубов. „Кога душата, вели Дијадох, започнува да се чисти со посредство на големо внимание, таа Божјиот страв го чувствува како некој животво-рен лек, чувствува како ја грее во огнот на бе-страшност со делување на обличение". Потоа, чистејќи се постепено, таа достигнува совршено очистување напредувајќи во љубовта сразмерно смалувањето на стравот и така се здобива со со-вршена љубов.

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2050
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2070
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 514
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

09/05/2026 - сабота

Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски; Свети Јоаникиј Девички; Свети Стефан епископ Пермски; Преподобен Филотеј Зервакос ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная