„Почеток на мудроста е стравот од Господа; здрав разум имаат сите, кои според неа постапуваат.
Пофалбата Негова пребива вечно"
(Пс.111,10)
Толкување на архиепископот Иринеј
Пророкот ги потсетува верниците на ви-стинското богопочитување и чување на законот. Нарекувајќи го стравот Божји почеток или осно-ва на мудроста, тој ги осудува заради безумието сите оние кои не го сообразуваат својот живот со Неговиот закон. На тоа се однесуваат зборовите: „Разбирањето е добро за сите кои го прават". Би-дејќи пророкот, отфрлувајќи ја божемната му-дрост на овој свет, посредно ги прекорува сите о-ние кои се гордеат со остроумноста, заборавајќи дека вистинската мудрост и здравиот разум се пројавуваат во пазењето на законот. Всушност, Божјиот страв овде се зема за основа на благоче-стието и тој во себе ги содржи сите елементи на вистинското богопочитување.
Последните зборови од псалмот некои ги поврзуваат со Бога, а некои со човекот кој се плаши од Бога и го прави она што му заповедаат Бог и разумот и на кои награда за тоа ќе им биде во тоа дека ќе се населат во Господовиот дом и во него ќе пребиваат во сите денови на својот живот, та ќе бидат едни од оние кои ќе Го фалат Господа во вечни векови и самиот, бидувајќи прославен од Бога како добар и верен слуга; а следствено на тоа, и од ангелите, од сите синови Божји ќе прими пофалба, според вистинскиот збор: „Праведниот останува во вечен спомен. Од лоши Гласови нема да се исплаши...и (Пс. 112:6-7).
„Блажен е оној човек, кој се бои од Господа и кому му се мили Неговите заповеди".
(Пс. 112:1)
(Продолжува)
Подготви: Стојанка Тежак
ЉУБОВТА КОН БОГА И
БОЖЈАТА ЉУБОВ
Што е тоа страв Божји, како се стекнува и како да се живее со него според учењата на светите Отци
Превод Протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, Охрид 2004
Друго:
ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА
ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА