Со понеделникот од Неделата на сите Светии започнува постот на светите Апостоли, востановен според црковното празнување на споменот на светите првоначални Апостоли Петар и Павле. Траењето на постот е различно и зависи од периодот на празнување на Пасха.
Тој започнува во понеделниот на сите Светии, чија дата е подвижна, а завршува на 12 јули. Најголемо траење на периодот на Петровиот пост е шест недели, а најмалку една недела.
Овој пост е востановен во чест на светите Апостоли, кои со воздржание и молитва се подготвувале себеси за проповед на Евангелието низ светот и со својот пример ги учеле учениците во делата на спасителното служење.
Според правилото, во понеделник, среда и петок се пости без зејтин; во вторник и четврток се пости со зејтин, а во сабота и недела се дозволува риба.
Преземено од МПЦ