логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 nedelanapravoslavieto.jpg

 

НЕДЕЛА ОД ПРВАТА СЕДМИЦА НА СВЕТИОТ ПОСТ

08 март 2009 г.


NEDELA.NA.PRAVOSLAVIETO3


Стихови:
Иконите беа непристојно исфрлани;
Се радувам гледајќи го (враќањето на) нивното пристојно почитување.


               Во овој ден, Прва недела од светиот пост - Недела на Православието, или издигнувањето на светите и чесни икони, Црквата Христова го прими празнувањето на она што се случи за време владеењето на Михаил и блажената царица света Теодора, и светиот патријарх константинополски Методиј. А тоа стана вака: кога по Божјо допуштање царската власт ја приграби Лав (III) Исавријанец, кој пред тоа беше чувар (пастир) на магариња и свињи, а црковната управа ја зеде светиот патријарх Герман, веднаш овој (патријархот) беше повикан од оној (царот) кој му рече: „Слушај, владико! Мене ми се чини дека светите икони во ништо не се разликуваат од идолите, затоа нареди што поскоро да ги изнесат одовде. Ако тие се вистински ликови на светители, нека ги кренат повисоко, за да не би, валајќи се во гревови, да ги осквернуваме секогаш кога ги целиваме". Патријархот, пак, го одвраќаше царот од таквата зла помисла, велејќи му: „Зар ти, цару, не си слушнал како побесне некој си по име Конон, кој бил против иконите"? А царот му вели дека тогаш тој бил се уште млад. Но бидејќи патријархот не сакаше да се покори и да го послуша, царот го прогони, а на негово место го постави својот едномисленик Анастасиј. И така тогаш почна гонење против иконите. Се зборува дека тој порано негувал таква омраза против Евреите, кога тој се уште бил сиромав, кога ги пасел магарињата и кога му било претскажано од некој маѓепсник дека ќе биде издигнат на царско достоинство.

   
                 По него царската власт ја зеде (неговиот син) Константин Копроним кој продолжи уште пожестоко да ги гони иконите. И што треба да се каже! Колку и кави беззаконија изврши овој (цар)?! Но и тој заврши мошне срамно. По него за цар беше поствен неговиот син Лав (IV), но и тој водеше лош живот (продолжи да ги гони иконите). По неговата смрт (780), власта ја презеде (неговата сопруга) Ирина со нејзиниот (помал) син Константин.

           Тие, поучени од светиот патријарх Тарасиј, го свикаа Седмиот (вселенски) собор и светата Црква повторно ги доби своите икони. По нив, власта ја зеде Никифор (I). Потоа Ставрикиј, а по него Михаил Рангаве кој ги почитуваше божествените икони. Михаила го наследи ѕверообразниот Лав (V) Ерменин кој, измамен од некој злочестив монах, почна ново гонење против иконите. И пак Црквата Божја беше нагрдена. Него го наследи Михаил (II), а Михаила го наследи неговиот син Теофил кој продолжи со гонењето на иконите. Овој Теофил предаде на различни мачења мнозина од светите отци. Против чесните икони тој издаде указ во кој бараше: секој оној што во градот крева бунт, нема да дочека многу денови. По дванаесетгодишно такво владеење, тој се разболе. А царицата Теодора (неговата сопруга), кога заспала, на сон ја видела Пречистата Богородица, како го прегрнала Предвечниот Младенец, окружена од пресветли анели, кои го биеја и понижуваа нејзиниот маж Теофил. Кога неа ја напушти сонот, и кога Теофил си дојде малку на себе, тој повика: „Тешко мене, бедниот: јас сум биен поради светите икони". Веднаш потоа царицата ја положи врз него иконата на Богородица, молејќи и се со солзи. По ова, Теофил, кога виде некого од оние што стоеја наоколу, како носи надбедреник, побара од него и го целиваше (надбедреникот). И веднаш потоа, устата која зборуваше против иконите, и грлото кое бесрамно зеваше, се врати на поранешната состојба, и се ослободи од бедата и неволата што го држеше и заспа, откако исповеда дека добро ќе ги почитува светите икони. Потоа царицата ги извади од своите ковчези светите и чесни икони за да ги целива, и го учеше и Теофила да ги почитува со сета душа.

NEDELA.NA.PRAVOSLAVIETO2


                   По малку време Теофил си замина од овој живот, а Теодора ги повика оние што беа во прогонство и во затворите и им заповеди да живеат слободно. Јован беше симнат од патријаршискиот престол, како и Анис кој поскоро беше поглавар на вражалците и началник на бесовите отколку патријарх. А на престолот дојде Христовиот исповедник Методиј кој порано пострада многу и жив беше ставен во гроб.

          Во врска со ова, се случи некаква божествена посета на Јоаникиј Велики кој се подвизуваше на гората Олимп: великиот испосник Арсакиј дојде при него и му рече: „Бог ме испрати при тебе, да одиш при преподобниот маж Исакиј Затворник во Никомидија и од него да научиме која е волјата Божја и што е прикладно за Неговата Црква". И, кога дојдоа кај препододбниот Исакиј, од него слушнаа: Така вели Господ - ете, се приближи крајот на непријателите на моето (ликовно) изобрзување. Затоа отидете кај царицата Теодора и при патријархот Методиј и речете им вака: остави се што не е свето и така ќе ми принесеш жртва со ангелите, почитувајќи го мојот образ (лик-икона) и крстот. Кога го слушнаа ова, тие веднаш дојдоа во Константиновиот град и кажаното му го пренесоа на патријархот Методиј и на сите Божји избраници. Собрани заедно, тие отидоа при царицата и најдоа дека таа е покорна на се ова, бидејќи таа беше благочестива и богољубива. Веднаш потоа царицата ја извади иконата на Богородица што ја носеше обесена на вратот и, пред сите присутни, ја целива велејќи: ако некој не и се поклонува на оваа (икона) и со љубов не ја целива, не како служење, не како на богови, туку како на икони (образи), поради љубовта кон првообразите (архетиповите), да биде проколнат (анатема).

            А тие се зарадуваа со голема радост. За возврат, таа побара од нив да се молат за нејзиниот маж Теофил. Тие, пак, кога ја видоа нејзината вера, иако се откажуваа, сепак се покорија, бидејќи светиот патријарх Методиј, откако ги собра сите луѓе, клир и архијереи, отидоа во големата Божја црква. Меѓу избраните од нив беа овие: Великиот Јоаникиј од Олимп, Арсакиј и Навкратиј, и учениците на Теодор Студит, и великиот Теофан и Теодор написан, и исповедниците: Михаил Староградец и сингел, и многу други направија сеноќен молебен на Бога за Теофил, при што сите се молеа со солзи со продолжено молење. Ова го направија во првата седмица од постот, собрани заедно со царицата Теодора и со други жени и со други луѓе. Додека се случуваше сево ова, во петокот наутро на сон и се стори дека се наоѓа кај некој крсен столб и како некои минуваат по патот шумно и виде како тие носат разни орудија за измачување; меѓу нив беше воден врзан и царот Теофил, со рацете врзани назад; бидејќи го позна, и таа тргна со оние што го водеа. Кога стигнаа до бакарната врата, имаше натприродно видение, некој маж како седи пред иконата Христова, кого го поставија спроти Теофила. Тој одвај ја отвори устата и рече: „Жено, голема е твојата вера; разбери дека, заради твоите солзи и вера, како и заради прозбите и молењата на моите слуги, и на моите свештеници, му давам прошка на твојот маж Теофил". Потоа им рече на оние што го водеа: „Одврзете го и предадете го на неговата жена". А таа, кога го зеде, замина веселејќи се и радувајќи се. Веднаш потоа и сонот ја остави. Ова го виде царицата Теодора. Патријархот, пак, Методиј, по молитвите и молењата што ги направи за него, зеде нова хартија, ги напиша на неа имињата на сите цареви еретици, вбројувајќи го меѓу нив и Теофила, и сите ги положи под чесната трпеза.

Во петокот и тој виде некој голем и страшен ангел како влегува во храмот и, кога дојде при него, му рече: „Услишано е молењето твое, епископе, и царот Теофил доби прошка, немој повеќе за ова да Му здодеваш на Бога". А тој, за да провери дали видението е вистинско, се симна од своето место, ја зеде хартијата, ја развитка и, за големо чудо, најде дека името на Теофила е избришано од Бога.

Кога дозна за ова царицата, таа многу се зарадува и му прати порака на патријархот да ги собере во црквата сите луѓе со чесни крстови и со свети икони, за да им се оддаде почит на светите икони и да бидат известени сите за новото чудо. Наскоро сите се собраа во црквата со свеќи. Дојде и царицата со синот. Таму направија литија со светите икони, со божествените и чесни крстови и со свештеното и божествено Евангелие, па излегоа дури и до големото игралиште, викајќи: „Господи помилуј". И така, откако пак се вратија во црквата, отслужија Божествена Литургија.

NEDELA.NA.PRAVOSLAVIETO4


                На овој начин беа повторно востановени светите и чесни икони од гореспоменатите свети мажи, кои за нив проповедаа благочестиво и правилно ги славеа. А противниците и нечестивите и оние што не ги почитуваа светите икони, беа отфрлени и на проклетство предадени. Оттогаш овие свети исповедници определија ова свештено торжество да се извршува секоја година, за да не се случи некогаш пак да паднеме во истото злочестие.
Неизменлив образу (иконо) на Отецот, по молитвите на Твоите свети исповедници, помилуј не. Амин.

 

 

Извор: ПОСЕН ТРИОД

Издавач: МПЦ Црква Св. Петка-Мил Парк, Викторија- Австралија и Австралиско- новозеландска епархија и Преспанско- пелагоника епархија

Превод: преводот и препев од црковнословенски јазик, го направи   д-р Јован Таковски

 

Друго:

takovski.jovan9.jpg
Интервју со протопрезвитер- ставрофор д-р Јован Таковски

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3211
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7696
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная