логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Hristos.preubav.jpg
Акатист кон Семоќниот Бог,
кога сме во
духовно безсилие
и огревовена душевна празнина

Кондак 1
 
 Победоносителу и Господару на сите војски небесни, радост и веселба за сите слуги Твои, таму каде што Си тагата исчезнува, а каде што Те нема, радоста е празна! Погледни кон мене, кој со животни промашувања полн сум и од нив во страшна несреќа загинувам и затоа Те молам, избавување испрати ми и слушни ме кога кон Тебе повикувам: Господи мој, Господи, радост моја, дарувај ми да се радувам на Твојата милост!


  Икос 1

Создателу на ангелите и Господару на силите, заради спасението на од Тебе отпаднатото човештво, Ти преку девствената утроба на пречистата Марија кај нас дојде, и од нас грешните плукање, хулење и страшна смрт претрпе, и се затоа, зашто си добар и човекољубец. Осознавајќи го сето тоа, кон Тебе пристапувам и со солзи Те молам:
Господи мој, Господи, милосрден мој Спасителу, помогни ми мене што загинувам!
Господи мој, Господи, Кој дојде да ги спасиш не' праведните, а грешните, избави ме од искушенијата во кои сум заплеткан!
Господи мој, Господи, Ти кој ги прими на себе слабостите наши и ја зема нашата немоќ, исцели ја маката на моето срце! 
Господи мој, Господи, Ти кој преку својата жртва на крстот мир му даруваш на светот, тој мир дарувај и' го и на мојата душа од зло потемнета и од грев вознемирена!  
Господи мој, Господи, Кој со Својата искупителна за нас смрт, силата на смртта си ја разрушил, разруши ги и нападите на злиот кон мене насочени!
Господи мој, Господи, радост моја, дарувај ми да се радувам на Твојата милост!

Кондак 2

 Откако видов премногу примери на Твоето човекољубие, пројавени кон оние кои пред мене беа во грев, еве се дрзнувам да ги подигнам очите кон Тебе, Кој си над небесата, но и секаде присатен. Помилувај ме, Господи, мене немоќниот, избави ме од горчливата тага и удостој ме со радост и веселие да Ти пеам: Алилуја!


Икос 2

 Создателу мој, Ти си ме создал како разумно создание, но привлечен од гревот се уподобив на неразумните животни, и на нив сличен станувајќи, па и полош, зошто тие грев немаат, ја разгневив Твојата благост. Затоа, справедливо ме исполни со тага внатрешна. И од неа опоменат, со покајание прибегнав кон Тебе и горешто Те молам:
    Господи мој, Господи, од детството мое Ти ме чуваш, сочувај ме сега и од непријателите што ме напаѓаат!
 Господи мој, Господи, поткрепа на телото во староста моја, сила дај ми на духот и телото што обесилени се!
 Господи мој, Господи, единствен мој Учителу, научи ме како да чекорам по Патот на спасението!
Господи мој, Господи, радост моја, дарувај ми да се радувам на Твојата милост!


Кондак 3

 Во духовната борба наша единствена сила си Ти, дојди во мене, помошник биди и на мојата изнемоштена душа. Бранител и штит биди мој од видливите и невидливите непријатели. Моите најблиски од слабост ме оставија, пријателите и ближните го свртеа погледот, но Ти, Господи на силите, Татко на сираците, биди во мене беспомошниот, помошник мој, и затоа Ти пеам: Алилуја!

 

Икос 3

 Семоќен, Ти небесата ги имаш за престол, а земјата за негово подножје, Ти на силните на денот, на кнезовите земни, моќта им ја оттргнуваш, затоа не отфрлај ме мене, кој пред Тебе сум како прав и пепел, и кон Тебе, Кој си Сегдеприсатен и Сезнаен, се осмелувам да повикам:
   Господи мој, Господи, силата Твоја воздигни ја и со неа дојди да ме спасиш од рацете на силниците кои ме разрануваат со тага!
 Господи мој, Господи, од Тебе сите треперат, сочувај ме во Твојата десница, зашто стравот ме скочани и смртна темнина ме надви заради моите промашувања животни!
Господи мој, Господи, Кој се облекуваш во светлина како во облека, просвети ме, ослободи ме од грижите на овој свет кои во мрак ме завиваат!
Господи мој, Господи, Кој го простираш небото како шатор, простри го над мене покровот на Твојата закрила.
Господи мој, Господи, дарувај ми го мирот Твој во душата моја, што во смирение прибежиште најде!
Господи мој, Господи, радост моја, дарувај ми да се радувам на Твојата милост!

Кондак 4

 Тонејќи во бурата на овој многуметежен живот кон Тебе ги протегам рацете, Пастиру наш,  и како што си го спасил Петар, кога тонеше, подај ја и кон мене Твојата силна рака и избави ме од овие искушенија, за со радосно и благодарно срце да Ти пеам: Алилуја!

Икос 4

 Го слушнав, Господи, Твојот пресладок глас со кој ми кажа: „Повикај ме во ден на тага и Јас ќе те избавам, а ти со радоста ќе Ме прославиш”, и затоа од длабочините на моето очајание со дерзновение пристапувам кон Тебе и повикувам:
 Господи мој, Господи, згрешив против небото и пред Тебе, прими ме кај Тебе повторно, како што си го примил блудниот син!
 Господи мој, Господи, Ти Кој го оправда митарот повеќе од фарисејот, не влегувај во суд со мене, Твојот слуга, зашто никој од живите не ќе се оправда пред Тебе!
 Господи мој, Господи, Учителу на мудроста животна, научи ме на неа мене, Твојот слуга!
 Господи мој, Господи, Ти Кој го просветлуваш и очистуваш умот наш, дај ми таков ум, за нападите и итрите сплетки на лукавиот да можам да ги распознавам и одбегнувам!
 Господи мој, Господи, Ти, кој со милост ги исполнуваш оние кои во смирение се, погледни на мојата тага, но и на мојот труд од неа да излезам, и исполни ме одвнатре со Твојата благост!
  Господи мој, Господи, радост моја, дарувај ми да се радувам на Твојата милост!

Кондак 5

 Преку пролеаната Божествена крв на Твојот возљубен Син Исус Христос, а во тајната на просветувањето и повторното раѓање – крштевањето, се оправдав и мир најдов пред Тебе, Татко наш Небесен, но непослушен на заповедите Христови и самоодделувајќи се од тајната на заедништвото – причестувањето, еве повторно се вратив како куче на својата повраќаница, се вратив на гревот. И затоа Ти праведно ме опоменуваш со оваа лута беда. Слушни ме Господи, Боже мој, во овој ден на моето будење од сонот гревовен и излеј ја Твојата милост и избавување на мене за слободно да можам да извикувам: Алилуја!
  Икос 5

 Кога царот Давид виде како пророкот Натан го изобличуваше за неговите беззакони дела, се осозна, го исповеда гревот и извика: “Згрешив пред Господа и ме слушна Господ, и ме избави мене од моите беззаконија”. Што да кажам јас, беззаконикот, што згрешив повеќе од него и досега не придобив никаков плод на покајание, и затоа, знам, ми се истурија сите овие злини. Но милостив биди кон мене што во искрено покајание Ти се молам:
 Господи мој, Господи, укрепи ме со силата Твоја од висините за да не попуштам под налетот на сите злини што се истурија врз мене!
 Господи мој, Господи, Кој милостиво погледна на солзите на пророкот Езекиил, погледни со Твојот милосрден поглед и кон потокот на моите солзи!
 Господи мој, Господи, Кој ги слушна воздишките на Манасиј, послушај го и офкањето на моето срце!
 Господи мој, Господи, Кој живееш во висините и милостиво погледнуваш на оние со смирен дух, погледни кон мене грешниот!
Господи мој, Господи, радост моја, дарувај ми да се радувам на Твојата милост!

 Кондак 6

 Твојот Претеча и Крстител, Сине Божји, како проповедник на покајанието непрестајно вика кон мојата совест да се покајам за злите дела. Но јас, немарниот, глув за сето тоа, дозволив да се заплеткам во игрите на злото и да се судрам со Твојот праведен гнев. Оттогаш беди и тага се излија на мене грешниот, не можам главата да ја подигнам. Затоа, Спасителу мој, пред да ме повикаш од овој минлив свет во Твојата светлина, дарувај ми време да се пронајдам себе си, да се очистам од злото, Тебе да Ти се уподобам и на светлината Твоја, и пред во неа да заминам, во себе да ја внедрам. И затоа благодарно Ти пеам: Алилуја!
 
Икос 6

 Твоето утешително слово, Пастиру мој, како утро блесна во мојата со тага стемнета душа. “Барајте и ќе ви се даде” рече Ти. Стоплен од надежта, мразоподобните примки на очајанието започнаа да се топат, и затоа благодарен на Твоето надразумно човекољубие извикувам:
 Господи мој, Господи, утешение мое, утеха влеј во мојата збунета душа!
  Господи мој, Господи, Застапнику мој, заштити ме од сите и од се што се противи на животот мој од Тебе подарен!
 Господи мој, Господи, помош моја, смири ги мислите мои, ослободи ги од злите стрели на лукавиот и натопи ги со Твојата лековита светлина!
  Господи мој, Господи, предвечен Логосу, дарувај ми секогаш да се сеќавам на Твоите добрини и никогаш да не ја загубам надежта во Твојата милост.
 Господи мој, Господи, сило моја, осили ме секогаш без сомнеж да можам од Тебе да ја просам Твојата помош.
  Господи мој, Господи, радост моја, дарувај ми да се радувам на Твојата милост!

Кондак 7
 
 Злочестивиот цар Навуходоносор, сакајќи да ги погуби невините младичи кои не сакаа да се поклонат на идолите, заповеда да ги фрлат во огнена печка. Тогаш Ти, Татко Небесен, го испрати својот ангел и со шумлив влажен ветар ги олади огнените пламени. Испрати и сега, Господару на се, утешение во мене, како свежо ветре, и спаси ме по твојата милост. Во грев влегов, но од Тебе не отстапив, единствениот и вистински Бог, и поклонувајќи се Ти пеам:  Алилуја!

Икос 7

 Над фараонот и над сета негова војска чудесно се прослави, Боже Израилев, зашто го виде страдањето на Твојот народ и ја слушна неговата молба. Слушни ја и сега мојата молитва и спаси ме мене што повикувам:
  Господи мој, Господи, Ти кој во периодот на Стариот завет промислуваше и го избавуваше народот Твој од сите видливи и невидливи непријатели, избави ме и мене, искупениот со крвта на Твојот Син, од злото што ме дави!
  Господи мој, Господи, како што Твојот народ старозаветен преку пророкот Мојсеј го изведе од земјата египетска, изведи ја и мојата душа од робството на празнината обесмислувачка!
 Господи мој, Господи, победителу во битките, победа дарувај ми мене што на Тебе се надевам!
 Господи мој, Господи, Ти кој во Црвеното Море ги потопи првенците египетски и нивните коњаници, потопи ги во морето на Твоето милосрдие множеството мои беззаконија кои совеста ми ја напаѓаат!
       Господи мој, Господи, радост моја, дарувај ми да се радувам на Твојата милост!

Кондак 8

 Самиот себе си недостоен се направив за Твојата добрина, Татко Небесен. Ме отуѓија од Тебе злите дела и робувањето на овој суетен отпаднат свет. Затоа горам во внатрешна борба со лутата тага која ме фрла во длабоки бездни на очајание. Но Ти, како милосрден и човекољубив, како мој единствен Излез, прими ме мене заблудениот и спаси ме од секоја беда за да Ти пеам:  Алилуја!
 

Икос 8

 Целиот осквернет од нечистотијата на гревот и заглибен во калта на злото, ги подигам очите кон Тебе, Кој си на небесата, и Те молам – слушни го мојот плачовен крик:
  Господи мој, Господи, Ти Кој го осветли денот со сончева светлина - просвети ја душата моја помрачена од темнината на овој суетен свет!
  Господи мој, Господи, Утешителу мој преблаг, со утеха божествена исполни ме и тагата моја изгони ја!
  Господи мој, Господи, на почетокот на се' преку Твојот збор ги утврди небесата, утврди ме и мене во исповедањето на Твоето сесилно свето име.
  Господи мој, Господи, Ти кој си носен од херувимите и воспеван од серафимите, прими го ова мое молење кое Ти го принесувам јас, грешниот!
   Господи мој, Господи, радост моја, дарувај ми да се радувам на Твојата милост!

Кондак 9

 Преблаг Утешителу, извор на секоја милост и на разумот вразумителу, вразуми ме што да говорам пред Тебе. Мојот ум, од секојдневието житејско соблазнет и смутен, и душата моја, од желби неблагословени обеспокоена, со Твоето присуство – смири ги, за да можам со весел глас да Ти пеам: Алилуја!

Икос 9

 Сине Божји, многуречитите говорници не можат да ги искажат многуте Твои добрини и надумната Ти љубов кон родот човечки. Зашто Ти, смирувајќи се, слуга на сите им стана. И затоа, знаејќи го сето тоа, Ти пристапувам, пред Тебе со трепет стојам и Ти се молам:
 Господи мој, Господи, предобар Пастиру, Кој ја полага душата Своја за овците Свои, избави ме мене, заблуденото јагне, од устата на волкот – душоубиец, кој зинал за во темнина да ме проголта!
   Господи мој, Господи, Кој заради нас беше исмеван, на крст закован и убиен, заради страданијата Твои за нас, сочувај ме од исмевањето од видливите и невидливите непријатели на животот мој!
 Господи мој, Господи, единствен Безгрешен, кон беззакониците, оние кои во беззаконие живееја, Те причислија, избави ме од рацете на оние кои ме мразат!
 Господи мој, Господи, преку раните Твои сите исцеление и ослободување од злото добивме, исцели ги таговните рани на срцето мое и ослободи ме од злото што ме гуши!  
       Господи мој, Господи, радост моја, дарувај ми да се радувам на Твојата милост!

Кондак 10

 Кога се исполни времето, за преку Твојата промисла да го ослободиш од Тебе создадениот народ израелски од робството египетско, Ти го повика Твојот слуга Мојсеј преку капина што гори, а не изгорува, и му рече: “Го видов страдањето на мојот народ во Египет и го слушнав гласот кој за помош повикува”. Погледни го Господи и моето страдање, слушни го гласот мој и тагата на срцето мое исцели ја, и од робството на злото ослободи ме мене за да можам со благодарност да ти пеам: Алилуја!

Икос 10
 
Цару Небесен, Утешителу, Дух на вистината, милоста своја покажи ја на мене, слугата Твој. Посети ме мене кој во тага тонам и со својата сила љубовна укрепи ме за следнава молитва да можам да ја изглаголам од срцето свое:
  Господи мој, Господи, Ти Кој си ги научил апостолите да говорат на туѓи јазици, научи ме и мене да Те слушам во себе!
   Господи мој, Господи, Ти Кој со храброст благодатна си ги исполнувал мачениците пред нивните мачители, дарувај ми и мене смелост непоколеблива да се спротиставам на злоизворниот сатана, на гревот и на од Тебе отпаднатиот начин на живеење.
  Господи мој, Господи, Ти Кој со светлината на вистината вечна ги просветуваш Твоите верни слуги, очисти ја душата моја од темнината на незнаењето и удостој ја да биде Твој дом!
  Господи мој, Господи, Ти Кој самиот си Светлина и Дарител на светлината, просветление дарувај ми мене, за себе си да се спознаам и Тебе во животот мој да Те прославам!
 Господи мој, Господи, Ризницо на духовните дарови, не лишувај ме мене од даровите на Твојата милостива благост!
  Господи мој, Господи, радост моја, дарувај ми да се радувам на Твојата милост!

Кондак 11

 Не отфрлај го оној кој сеумилно пеење Ти принесува и со скрушено срце Ти се моли, о предобар Господи. Сврти го лицето Твое од гревовите мои, но не и од мене, слугата Твој, за со дерзновение да можам да Ти пеам:  Алилуја!
 
Икос 11

 Христе, Боже наш, Ти кој си вистинска Светлина, просвети ја од страстите помрачената душа моја со светлината на Твојата благодат, та со полна душа да Ти се молам и пред Тебе да говорам вака:
 Господи мој, Господи, не заборавај ме мене во животно промашување што сум, и животот свој не сум го поправил, а сум се дрзнал пред Тебе да стојам!
 Господи мој, Господи, животворна топлино, згреј ме мене од тагата смртоподобна изладен!
 Господи мој, Господи, Ти кој си сјај од сјајот на Отецот Беспочетен, со сјајот на светлината Твоја несоздадена закрили ме и исполни ме!
 Господи мој, Господи, ангелите Твои како ветрови секадеприсатни се' и слугите Твои како огнен пламен се', испрати ми ангел Свој од секоја итрост на злото да ме пази!
 Господи мој, Господи, радост моја, дарувај ми да се радувам на Твојата милост!

Кондак 12

 Заради добрината и љубовта кон родот човечки, Татко Небесен, Ти го испрати Својот Единороден Син, нашиот Господ Исус Христос, Кој на земјата дојде и со луѓето живееше и како врв на се, Тој, Безгрешниот, за целиот род човечки на крст се принесе во жртва љубовна, за живот на сите да им даде, и тоа живот вечен. И затоа од целиот свет слушаш: Алилуја!

Икос 12

 Го воспевам Твоето неискажливо човекољубие, Христе, Спасителу наш, затоа што на крст појде и смрт претрпе за нас да не ослободиш од вечната смрт. Ја исповедам и Твојата правичност, зашто по правда и родителска љубов ми ги испрати овие искушенија, заради осознавање на гревовите мои. Но Ти Кој дојде да ги повикаш не' праведните, а грешните кон покајание, слушни го гласот мој, на најгрешниот од сите, кога Ти се молам:
 Господи мој, Господи, Јагне Божјо, Кој ги земаш гревовите на светот, ослободи ме и мене од тешкото бреме на моите гревови!
 Господи мој, Господи, Кој како безгласно јагне на колење си бил воден, научи ме сите неправди и непријатности што ме снаоѓаат без роптање да ги носам и на сите да им простувам!
 Господи мој, Господи, Кој го искина свитокот со гревовите на Адама и на сите што се од него, искини го и свитокот на моите безбројни гревови!
 Господи мој, Господи, Кој го прими покајанието на разбојникот, прими го и од мене ветувањето дека животот свој на Твојот тврд темел ќе го  градам, а не на песок!
 Господи мој, Господи, Кој ги воскреснуваш мртвите, воскресни ја, подигни ја душата моја од гревовите и злото умртвена!
   Господи мој, Господи, Ти Кој си подигање на паднатите и просветлување на од злото потемнетите, подигни ме и просветли ме мене, недостојниот ученик Твој!
  Господи мој, Господи, радост моја, дарувај ми да се радувам на Твојата милост!
  

 Кондак 13

 Премилосрден и предобар Господи, Боже наш, Застапнику на понижените и Надеж на безнадежните, погледни со Твојот благ поглед кон моето страдање и болката неподнослива и спаси ме заради милоста Твоја кон мене, кој Ти пеам: Алилуја!

Hristos.pricestuva.jpg

(Овој Кондак се чита три пати, а по него Икос 1 и Кондак 1, со тоа Акатистот завршува. По читањето на Акатистот (Неседалниот) се препорачува неколку минути да се остане во тишина за благодатното присуство на утехата Божја да го исполни нашиот внатрешен човек, а потоа коленопреклоно се вознесуваат следните прозби)

Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме (не')!
Биди ми храна и питие за мојата душа!
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме (не')! (оваа се кажува по секој прочитан стих)
Биди ми извор непресушен кој жедта за вистината ќе ја гасне во мене!
Биди ми радост во секојдневната тага на отпаднатиот од Тебе живот!
Биди ми мир и спокој во немирот, што злото кое е внатре и надвор од мене, го предизвикува!
Биди мое очистување од делата на гревот и мој ослободител од робството сатанско!
Биди ми штит против оние кои ме прогонуваат и лажно говорат против мене!
Биди ми светлина во мојата внатрешна темнина!
Биди ми Учител кој ќе ме научи вистински да љубам и да им служам на ближните и на Твојата Црква! 
Биди ми пат кон тоа што си го промислил за мене, и тука и во вечноста!
Биди ми врата преку која ќе излезам и ќе влезам и спокојно пристаниште ќе најдам по мојата смрт телесна!
Биди ми вечност по моето воскресение!


Слава и Благодарност на Отецот и Синот и Светиот Дух, нашиот Бог, сега и секогаш и во вечни векови. Амин!

Дело на свети Тихон Задонски

 

Превод : презвитер Ивица Тодоров

Посети: {moshits}


 

 

 


 

 


 

    
 

  
 
 

 


 

 


 

  

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная