логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TviTER796.Kalistos.Ver

            Всушност, ние, клириците, а особено монасите, кои немаме потреба да се грижиме за семејство и деца, ги разбираме тие услови, во кои живеат брачните христијани. Луѓето се принудени многу да работат, долго да патуваат до работното место и до дома, а навечер дома исто така имаат многу обврски… Треба да ги разбереме тие сложени услови, во кои живеат многу верници. Без оглед на тоа, секој христијанин може да најде барем малку време наутро и навечер, за да се помоли пред иконата. Дури и пет минути наутро и навечер имаат огромно значење. Тие минути даваат „насока“ на целиот ден и ја даваат таа длабочина која поинаку не може да се достигне.

          Треба да се каже и за кратките молитви, кои може да се кажуваат во текот на денот. Можеме да се молиме, кога се тушираме, кога п атуваме во метро, возиме автомобил или стоиме во сообраќајниот метеж. Можеме да користиме кратки молитви, на пример, Исусовата: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме“, или „Слава Ти, Господи, слава Ти“, или „Пресвета Богородице, спаси нѐ“, или некои други кратки молитви. Така можеме да се молиме дури и кога сме зафатени, на пример, кога одиме од едно место до друго.     

           Многу е важно да увидиме, дека освен специјално одделеното време за молитва пред иконата (кое е неопходно за секого од нас), има можност слободно да се молиме и во текот на денот, на секое место. Но ако сакаме да се молиме во текот на денот, тогаш треба да ги одбереме за тоа најкратките и наједноставни молитви, како Исусовата. Секогаш може да се извршува оваа молитва: Кога нешто чекаме, кога патуваме, шетаме, во моменти кога менуваме обврски на работа итн. Апостолот Павле пишува: „Молете се непрестајно“.

        Тој зборува за тоа, дека многу е тешко, но се почнува од најпростото: со чести кратки молитви во текот на денот. Со помош на такви молитви можеме да го исполниме целиот свој ден со присуството на Христос – и тоа е патот кон вистинската молитва. Барајте Го Христос насекаде. Исусовата молитва може да ја извршуваат не само монасите или клириците, туку и верниците, кои имаат семејства и световни обврски. Кажувајте ја Исусовата молитва – не тогаш, кога е потребна поголема концентрација на вниманието, туку во сите слободни моменти.

         Можеме да го соединиме времето за молитва и работата. Многу е важно на тој начин да се учиме на Исусовата молитва во нашиот секојдневен живот. И исто така добро е да ги учиме и децата на Исусовата молитва. Тие можат одвреме навреме да ја повторуваат Исусовата молитва уште од најрана возраст, бидејќи таа е многу едноставна.

 

Извадок од интервју со митр. Калистос Вер

 

Превод од руски јазик: Свештеник Јани Мулев

 

https://crkvaveles.wordpress.com/2022/08/15/%D0%B8%D1%81%D1%83%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0-%D0%B5-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D0%B8%D1%82%D0%B5/



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2054
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2070
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 515
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

09/05/2026 - сабота

Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски; Свети Јоаникиј Девички; Свети Стефан епископ Пермски; Преподобен Филотеј Зервакос ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная