логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT337

Пет години надвор од животот: исповед на бивша интернет зависничка

Ова е запишано според зборовите на мојата другарка, која замоли да не се открива нејзиното име.
Интернетот ми украде пет години. Не дека се беше премногу безнадежно. Не дека безглаво исчезнав во вртлогот на глобаланта мрежа. Не, јас во принцип, нормално (искрено во од’) јадев, речиси нормално спиев, учев (искрено не баш), дури повремено излегував и да прошетам но, во текот на пет години сите мои интереси беа восредоточени на Интернет, на тоа што таму се случуваше, на моите четови, на форумските расправи, на кавгите, пресметките и лајковите.
            

Скокав од радост, кога ќе добиев три лајка еден по друг во текот на еден час, а не приметив, кога мама претрпе криза на хипертензија.

Јас плачев кога приметив дека на модераторот му дале завидна улога во форумската игра, а потоа случајнно дознав дека успеале да ја оперираат мачката. Ми стана многу срам, побрзав да и’ направам сок на мајка ми, ја грабнав мачката во раце. Но, потоа се сетив, дека не стигнав да одговорам на еден коментар на клипот и портокалот се исуши, а мачката, откако го пикаше својот нос на клавијатурата, отиде да дреме на окното.
         А одеше година по година. Се ми се чинеше, дека «толку» невиното  хоби, наскоро ќе помине но, не сега, не сега. Плус, јас продолжувам да учам. Полошо? Но, затоа јас се учам да пишувам (фикција), да монтирам (клипови), на крајот од краиштата, ги усовршувам своите аналитички способности (во форумските битки). Моите дома наскоро подигнаа тревога. На почеток претпaзливо навестуваа дека се формира зависност. Потоа се трудеа да ме оддалечат од компјутерот. Јас лукавев.
               Седев на заедничката трпеза, ги фалев пирошките, одев да се шетам, се воодушевував на езерцата во паркот, одев на викендица, дишев од чистиот воздух. Собирав јаболки, се смеев, а всушност рацете ми трепереа на помислата, дека еве за полчас – час и јас ќе бидам слободна од сите нив, од сето тоа. Па брзам кон компјутерот. Јас навистина трчав, ги прескокнував скалите, да стигнам до мојот  кабинет, маса, екранот што трепери, стискав копчиња и се’ што беше надвор од страната на екранот, ја губеше бојата, звукот и реалноста.
Одеа годините, есента стигаше некако многу брзо, веднаш по пролетта, а снегот поради нешто паѓаше (да кажеме) во јули. Потоа, јас отидов на магистерски студии но, дисертацијата, се разбира, немаше кога да ја пишувам. Моите дома три години веруваа, дека  ја пишувам неа. Уште две  години чекаа, за да започнат  со мојата “одбрана”.
          Мене ме спаси Причеста. Во интернетските години јас не се причестував, не можев, бев длабоко острастена. Јас разбирав, не можев да не разбeрам, дека всушност “невиното” вовлекување се нарекува токму така – страст, која те откинува од животот, ти го преисполнува умот без остаток, срцето, душата. Се плашев да се причестам на осуда, а истовремено се плашев да ја оттргнам страста од мене (тогаш ми се чинеше, дека нема ништо да остане наместо неа).
       Истовремено се појави страв во мене, јас ужасно се плашев да не се разболам, оти ако се разболам, нема да има време за повлекување, ќе морам да одам на исповед и следствено, да ветам дека ќе ја оставам својата зависност. Така ја устроив својата мислена шема, баш како една малолетна хериоина на еден англиски роман, која на прашањето, што треба да се прави за да се избегне адот, одговори: “да не се разболам”.
Еднаш годишно си доаѓав на себе. Тоа се случуваше за време на Страдалната седмица. Се оддалечував од мрежите, се откинував од столот пред компјутерот и одев во храмот. Ги слушав песнопенијата за време на Страсната седмица и се препознавав себе во тие примери. Бесплодната смоква. Робот кој го закопал длабоко во земја својот талант. Девицата со угаснатиот светилник. Која се’ пропуштила, се’  преспала, секаде задоцнила. Стоев во аголот и плачев и не си заминував. Сфаќав, дека ако си заминеш во Страдалната седмица, си заминуваш од Самиот Христос. Истовремено, продолжував да верувам, дека бргу – бргу, еве речиси следната недела, јас ќе прекинам со ова невино “вовлечение” и тогаш ќе имам време, срце и душа за се’.
Зборовите на светителот Инокентиј Херсонски од книгичката “Како да ја сретнеш Пасха”, ме ободруваа и утешуваа:
    «Кога, браќа е најприлично да се пости, ако не во овие денови, кога ни се одзема од нас Женикот на душите ( Мт. 9,15), кога Он Самиот е гладен покрај бесплодната смоква, кога е жеден на Крстот! Каде е најприродно да се положи тежината на гревовите со помош на Исповедта, ако не во подножјето на Крстот! Во кое време е најдобро да се причестиме од Чашата на животот, ако не во овие денови кои настапуваат, кога таа ни е подадена нам, може да се каже, од рацете на Самиот Господ!»

          А потоа доаѓаше Причеста. Одев дома во пролетно утро на Велики Четврток. Одев, знаејќи, дека повторно сум дел од Црквата. Дека повторно сум се вратила, дека ми е простено, дека сум примена. Јас повторно сум - дел од животот, јас повторно живеам. «Животот жителствува» – јас чувствував со сето свое битие. Тивко се насмевнував на радоста на моите ближни и мислено ветував: «Господи, јас Тебе веќе нема да  Те оставам, нема да Те заменам со ништо» (и уште потивко шепотев: «дури ниту со Интернет»). Најнакрај го уверував Христа повторно и повторно, дека сега ќе останам со Него засекогаш.
                   Потоа доаѓаше Пасха и Светлата седмица. А потоа, Томиното воскресение – некогаш ден порано, некогаш за два денови подоцна, - јас си седнував крај компјутерот, секогаш – со бодра насмевка, уверена, дека ќе излезам надвор од мрежите за 10 минути, ќе го земам молитвеникот, ќе ги прочитам вечерните молитви, утре ќе појдеме на викендица, задутре мама ме замоли за помош да исчистиме и уште и на претстава ме повикаа...
Пред само една година јас стоев на редот за исповед. А зад грбот ми беше пустота со должина од една година. Уште една година.
          Така беше пет години. Покрај се’, јас и понатаму одев во црква секоја недела, не пропуштав да отидам, без оглед на било што но, секоја недела дури физички чувстував глад и празнина, кога среќлиите одеа кон Чашата, а јас стоев, понекогаш на два – три чекори  од неа, кога би ја протегнала раката, би можела да ја допрам, доколку не не’ разделуваше бездната во мојата душа, која јас сама си ја изградив.
На крајот од краиштата имено тој глад и ме спаси мене. Гладот и – колосалната желба повторно да ја осетам таа состојба, кога ти просто одиш дома во пролетно утро од литургија и ништо не се случува, а ти чувствуваш лесен умор, и глад и уште ти просто чувствуваш, дека ....повторно живееш.
Еднаш навечер јас просто го отворив компјутерот, застанав пред икона и буквално крикнав: «Јас повеќе не можам без Тебе!» (дали подоцна ја најдов таа реченица кај владиката Антониј или ја бев читала порано и ја направив своја молитва, не се сеќавам). Се причестив – вон Пасха и вон пост. По една седмица – повторно. Отидов на викендица без компјутер и телефон. Насадив хризантеми. Можам уште многу да раскажувам, како и со што јас се лекував но, сега не е во тоа смислата. Почеткот беше поставен.

Интернет – зависноста помина

Помина, оставајќи зад себе голема болка поради бесплодно поминатите години. Тие можеа да бидат сосема поинакви. Онакви, какви што моите ближни сакаа да ги видат. Онакви, какви што сакаше да ги види Бог. Најубавите години, годините на младоста, со огромен размер на сила, отвореност на душата. Во текот на тие години јас проживеав, дејствително проживеав, само десет недели, Страстната и Светлата, секоја година.
            Згора на се’, остана навредата кон моите ближни, кои го избраа патот на деликатното очекување, патот на молчаливото страдание зад мојот грб. Тие не сакаа да ме притискаат, не сакаа да ме принудуваат. Тогаш јас им бев благодарна. Не, всушност тие неколку пати се обидуваат да ми го «пленат» компјутерот, а јас страшно се навредував, плачев: па како тие не можат да разберат, дека тоа е просто една невина страст, јас ќе се справам но, сама, сама...  И тие се повлекоа. Навистина јас и се справив сама, само по 5 години.
Јас не знам како ќе беше подобро. Ако се откажеа, ќе можеа  ли да ги спасат за мене, тие години? Или ќе полудев комплетно, ќе се вдадев некаде уште подалеку и подлабоко од нив? Јас немам одговор.
Некогаш јас мислено ја  поминувам онаа, првата година. Мама го зема компјутерот, јас вриштам три дена и заедно со брат ми одам да се капам на реката. Се враќам и молчејќи (се` уште налутена) ја јадам питата со зелка, која ја направила мама. Се лутам на татко ми кога ние заедно ја чешламе мачката. На есен одам на лекциите за магистранти. Загрижена сим за воведот на дисертацијата, кој никако не можам да го срочам. А не ми текнува, не сакам да знам, што значи – свесно да го избегнуваш Христос цела 51 седмица во годината.
Зошто така испадна? Не знам и нема да дознаам. Никогаш.
Но, си напомнувам себеси, дека сепак се вратив, сепак оживеав, сепак ме прими и ме прима мене Господ. Се разбудив на време. Да, моите врсници веќе имаат семејства, а многумина и – деца.  Се разбира и јас се’ уште можам да создадам семејство, животот се’ уште може да успее.
Така се утешувам. Ми успева на овој начин.
             Потоа си спомнувам дека на 12 години самоуверено и весело кажав, дека веќе немам сили да ја слушам фразата, дека треба да се живее така, за да не ти биде измачувачки тешко за бесцелно проживеаните години.

Јас тогаш не знаев, дека таа била за мене...

Запишала: Анастасија Брусникина

22ноември 2022 г.

Извор: https://pravoslavie.ru/149582.html

МБ

23ти март лето Господово

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная