логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


„МОЛИТВИ ЗА РАЗНИ ПОТРEБИ“

evp.liturg12.jpg

Молитва при влегување во храмот
Се зарадував кога ми рекоа: да појдеме во домот на Господа. Господи, по Твојата голема милост ќе влезам во домот Твој и ќе се поклонам пред Тебе со страв во Твојот свет храм. Господи, води ме кон Твојата правда, направи го мојот пат пред Тебе прав заради моите непријатели, та без пречки да Те прославувам Тебе, единствено Божество - Отецот и Синот и Светиот Дух, сега, секогаш и во сите векови. Амин!

 evp.liturg13.jpg evp.liturg11.jpg

  evp.liturg10.jpg

 evp.liturg15.jpg

 Молитва по излегување од храмот
Се поклонувам на Тебе, мојот Господ Бог, Кој си присутен со Твојата благодат во Твојот свет храм, особено во пречистите и животворни тајни. Пред Тебе, вистинскиот Христос, Спасителот мој, ги приклонувам колената на моето срце, се поклонувам на Твојата Пречиста Мајка, Владичица и Дева Марија Богородица, помопшица, единствена надеж на моето сиасение. Го почитувам светиот ангел, служителот Твој, кој секогаш го чува Твојот божествен олтар; со љубов ги целивам сите Твои светии, претставени на иконите. Ти се молам, Владико мој благи, послушај го молитвениот глас за сите умрени што го посетувале овој свет храм и се молеле во него; спомни ги во Твоето небесно царство, прости им ги прегрешенијата, зашто си благ и милостив во сите векови. Амин!

 evp.liturg14.jpg

evp.liturg16.jpgМолитви по завршување на работниот ден
Ти благодарам, Господи Исусе Христе, Боже мој, што ме удостои да се вратам здрав и неповреден од работа, та со бодро и благодарно срце да Ти пеам и да Те славам. Ти, божествениот Работник, не сметаше дека трудот унижува, туку со Твоите пречисти раце трудот го освети. Дај ми да се одморам од работата, со која ја исполнив Твојата волја. Пресвети Владико, Ти си рекол: "Мојот Отец до сега работи, и Јас работам". Со ова си ни оставил заповед усрдно и послушно да се трудиме во Твоето име. Ти благодарам уште, Премилостив Боже, затоа што ми даде сили, трпение и желба за работа; што не позволи да се вгнезди во мене мрзливоста, незадоволството и негодувањето, но милостиво ме награди со радост од работата и ме исполни со признателност кон Тебе за Твојата постојана помош. И сега, кога Ти принесувам благодарствена песна, Ти се молам и во останатото време од мојот живот да ми бидеш крепок помошник во секое добро и на Тебе угодно дело, та и во вечноста да ја добијам наградата, приготвена за сите што се труделе во Твое име. Амин!
Милосрден Господи и Владико на мојот живот, Ти си рекол: "Дојдете при Мене сите изморени и оптоварени, Јас ќе ве успокојам". Ете, доаѓам при Твојата благост и моето срце го прислонувам под Твоето меко крило, дарувај ми мир на мојата душа и на моето тело, изморени од тешката дневна работа. Да се одмори моето срце, мојата душа да се успокои во Тебе, мојот Господ и Спасител, за да ја видам и јас, недостојниот Твој слуга, вечната светлина на Твојата вистина и да го прославувам секогаш Твоето пресвето име, името на мојот Бог Господ и Закрилник. Амин!

 

Молитва за подобар христијански живот
evp.liturg18.jpgГосподи, Господи, сило на моето спасение! Сврти си го лицето од моите гревови, избриши ги моите беззаконија и помогни ми да се засили мојата вера во Тебе, Спасителот наш. Мојата љубов кон Тебе да ги надвиши сите природни сили и секаква земна приврзаност. Верувам, Господи, помогни му на моето неверие, пројавено во мисли, зборови и дела. Разврзи го мојот ум од врските на овој свет, за да мисли според законите на Твојот божествен разум. Ослободи го моето срце од товарот што лежи на него и го притиска кон земното. Окрили ја волјата моја, за да ја бара и извршува Твојата света волја. Води ги моите стапки кон верата и љубовта, зашто несигурно одам и многу пречки има по патиштата на мојот живот. Ти си патот на спасението. Нека Твојата вечна светлина ја просветлува мојата душа, та да може во сите случаи на сомневање, колебливост, нерешителност, земен страв или човечка суетност да Те наоѓа Тебе - Патот на вистинскиот живот. Чувај ме од секакво телесно мудрување, кое е непријателство против Тебе, против Твојата вистина и волја. Не дозволувај да ме завладее мислата на земното. Ти знаеш што е нужно за мојот земен живот. Не ме лишувај од тоа, туку помогни ми да го придобијам преку благословениот од Тебе труд. Закрилувај ме од лукавото мудрување на телото, кое го смета земното богатство за најголема вредност. Дај ми очи да го гледам животот во вистинска, а не во лажна светлина и секогаш да паметам дека пред се друго треба да ги барам Твоето царство и Твојата правда и дека се друго ќе ми биде дадено. Господи, Твојата милост е до небесата, Твојата вистина - до облаците, Твојата правда е како планините, а Твоите планови - голема бездна. Помогни ми да успевам во духовниот живот, душата моја секогаш да Те прославува Тебе, Господи на моето спасение. Амин!

evp.liturg9.jpg

Молитва за христијанско смирение
Господи, Ти ги гледаш сите слабости на моето срце, ти знаеш колку често се предавам на ѓаволските искушенија и се исполнувам со гордост и надуеност. Мислам за себе повеќе отколку што е потребно, се гордеам пред моите блиски и чекам да ме почитуваат повеќе отколку што заслужувам, а тоа го правам од самољубие. Со мисли, зборови и дела не ја барам Твојата слава, туку своето прославување пред луѓето, затоа, Господи на моето смирение, мојата душа е пуста и моето срце не наоѓа утеха. Ме гризе гордоста на самољубието, не ми дава спокој, ме унижува пред мене самиот, ми ги расипува односите со блиските, ме води кон кавги, неразбирање и ми го расипува животот. Како можам да застанам пред Тебе или да направам нешто достојно за Твоето величие, кога сум оптоварен со мисли и чувства спротивни на Тебе, Господи Велики, Ти ни даде пример на смирение и не поучи да бидеме смирени по срце. Ти се понизи, прими образ на човек, за да го спасиш човекот. Твојот земен живот беше подвиг на смирение. Ти им ги изми нозете на Твоите ученици; Ти им послужи на сите и го даде својот живот за спасение на човекот. Со смирение ги претрпе страданијата и крстот. Ни даде пример и поука за смирение. "Поучете се од Мене, зашто сум кроток и смирен и ќе најдете спокој на вашите души". Не сум достоен да Ти се обрнувам, Господи, не сум достоен да го носам Твоето свето име, нити да ги подигам моите очи кон Тебе и да го спомнувам Твојот свет знак. Мојата гордост и моето самољубие го оддалечуваат мојот дух од Тебе. Владико Човекољупче, смилувај се над мојата нераскајана душа, ослободи ме од смрдливата гордост, од оганот на надменоста, од црвецот на 'рѓата, од самољубието. Да најде мир мојата душа во согласност со Твојот совршен и божествен Дух. Дај ми сила да го победам овој спротивен дух, кој ме на-паѓа и измачува, кој ме гони да се гордеам, за да зас-лужам осуда со него. Поведи ме кон смирение; смирението ќе ме утврди во љубовта кон Тебе, а љубовта ќе ја оправда мојата вера и верата ќе ме спаси. Во Твоето вечно царство направи ме учесник преку смирение. Издигни ме од слабостите на сегашната духовна состојба, та се што имам и се што ќе имам - богатства, чест, знаење, име, положба и се друго во овој свет - да има вредност пред Тебе - Оценувачот на вистинското добро, и да ми послужи за изградување на Твоето царство во човечките души. Ако ми ја дадеш оваа голема милост, Учителе благи, чувај ме од погубно влијание за духовно предимство пред другите, надари ме со смирението на митникот. Боже, биди милостив кон мене грешниот. Амин!

 Од Православен молитвеник (2)

Од Православен молитвеник (3)

Од Православен молитвеник (4)

Од Православен молитвеник (5)

  

Издавач: Повардарска Епархија на Македонската Православна Црква  Извор: ПРАВОСЛАВЕН МОЛИТВЕНИК

Фрескопис: Во манастир Св. Никола, с. Љубанци (скопско)

 

 Посети: {moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная