логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


sv.Pantelejmon.cikago.jpgКондак 1
Избран Христов страдалнику и благодатен лекару, ти бесплатно даваш исцеление на болните, и ние со песни те славиме тебе, нашиот заштитник. А ти, бидејќи имаш слобода пред Господа, ослободи не од сите опасности и болести, за со љубов да ти воскликнуваме:
Радувај се Пантелејмоне, великомачениче и исцелителе!
Икос 1
Славен Пантелејмоне, ние те знаеме како земен Ангел и небесен човек, бидејќи украсен со ангелска чистота и мачеништво, ти се пресели од земјата на небото. Таму стоејќи со Ангелите и сите Светии пред Престолот на Господа, моли се за нас земните кои те почитуваме и воскликнуваме:
Радувај се, огледало на побожноста!
Радувај се, пресветол светилнику на Црквата!
Радувај се, прекрасен украсу на Мачениците!
Радувај се, потпоро на верните во непоколебливо трпение!
Радувај се, голема пофалбо на младоста!
Радувај се, непобедлив војнику Христов!
Радувај се, иако роден во светот, се покажа како битие надсветско!
Радувај се, Ангеле во тело кој ги надминуваш смртниците!
Радувај се, блажен жителу на небото!
Радувај се, сместилиште на Божествениот разум!
Радувај се, со тебе верата се возвиши!
Радувај се, со тебе измамата се откри!
Радувај се Пантелејмоне, великомачениче и исцелителе!
Кондак 2
Гледајќи дека си избран сад, Господ ја засака убавината на твојата душа. Презирајќи ја секоја земна сласт и слава, ти посака да се украсиш со венец маченички, ранет од Божествената љубов вдахновено пеејќи: Алилуја!
Икос 2
Имајќи Боговдахновен разум, сјаен војниче Пантелејмоне, го збуни царот Максимилијан со јунаштвото на твојата душа и зборовите со кои без страв Го исповеда Христа Бога. Ние, величајќи ја твојата безстрашност ти зборуваме:
Радувај се, зашто ја презре заканата на царот Максимилијан!
Радувај се, зашто советите на незнабошците не ги послуша!
Радувај се, расаду на вистинското Богопочитување!
Радувај се, искоренителу на службата демонска!
Радувај се, изобличителу на беззаконието на мачителот!
Радувај се, разорителу на идолопоклоничката измама!
Радувај се, гонителу на сатанското собиралиште!
Радувај се, се трулежно замени со небесно!
Радувај се, собеседнику на невештествените Ангели!
Радувај се, поддржувачу на многустрадалните Светители!
Радувај се, ти го посрами сатаната!
Радувај се, со тебе се прослави Христос!
Радувај се Пантелејмоне, великомачениче и исцелителе!
Кондак 3
Храбар победнику, со силата дарувана од Севишниот и јуначкото трпение, ти ја обезсили надежта на мачителите; не плашејќи се од огнот, ѕверовите и тркалата, со меч ти беше отсечена главата, но прими венец на победа од Христа Бога, за да Му воскликнуваш: Алилуја!
Икос 3
Богомудар Страдалниче, твојата обител е преполна со радост, имајќи ја твојата драгоцена глава; со љубов ја слават благодатта за исцеление што од Бога ти е дадена и благодарно ти воскликнуваат:
Радувај се, сесветол светилниче на градот Никомидија!
Радувај се, неуморен чувару на твојата чесна обител која со љубов те почитува!
Радувај се, со тебе замрзна безбожието!
Радувај се, со тебе порасна Богопознавањето!
Радувај се, светла славо на мачениците!
Радувај се, радосна благовест на православните!
Радувај се, благодатен изворе на исцеление!
Радувај се, сместилиште на големи дарови!
Радувај се, благомиризливо миро со кое се замирисуваат душите!
Радувај се, бидејќи им помагаш на оние кои те повикуваат!
Радувај се, на слепите вид им подари!
Радувај се, на хромите добар од им обезбеди!
Радувај се Пантелејмоне, великомачениче и исцелителе!
Кондак 4
Опфатен од многубожечки мисли, незнабожниот цар се збуни кога дозна од невидливите лекари дека ти ги исцелуваш болестите со Името Христово. А ние, со радост славејќи Го прекрасниот Бог во тебе, Му воскликнуваме: Алилуја!
Икос 4
Жителите на Никомидија, кога слушнаа за твоето големо сочувство кон страдалниците и за бесплатното лечење од разните болести, сите поитаа кон тебе со вера во исцелителната твоја благодат. Добивајќи брзо исцеленија од разни болести, Го прославуваа Бога и те величаа тебе, милостивиот исцелител, повикувајќи:
Радувај се, помазан со мирото на благодатта!
Радувај се, осветен храме за Бога!
Радувај се, голема славо за побожните!
Радувај се, тврд бедеме за угнетените!
Радувај се, мудрите со разумот ги надминуваш!
Радувај се, ги просветлуваш мислите на верните!
Радувај се, живеалиште на Божествените дарови и наш извор за разните Господови милости!
Радувај се, брз помошнику на страдалниците!
Радувај се, пристаниште на разбранетите бури!
Радувај се, наставнику на заблудените!
Радувај се, бесплатно ги лечиш болните!
Радувај се, излеваш изобилно исцеление!
Радувај се Пантелејмоне, великомачениче и исцелителе!
Кондак 5
Преславно чудо направи Господ кога преку служителот свој Ермолај те повика во чудесната светлина Своја, бидејќи детето кое умре од каснувањето на огромната змија, по твоите молитви кон Христа веднаш оживеа и стана здраво. Ти преку тоа познавајќи Го Животодавецот на сите, вистинскиот Бог, со тврда вера си повикал кон Него: Алилуја!
Икос 5
Слепите кои ги допре, кога Го повика Името Христово, ја видоа светлината. Просветен од свештеникот Ермолај, ти го отфрли татковото многубожие и ја прегрна верата мајчина, со која и таткото свој го просвети. Поради тоа и ние тебе, славниот угодник Божји и чудесен лекар, ти воскликнуваме:
Радувај се, бидејќи имаш голема љубов кон Бога!
Радувај се, непрестано распламтен огну на Божествената љубов!
Радувај се, ревносен слушателу на свештените поуки од Ермолај!
Радувај се, следбенику на советите од твојата мајка Евула!
Радувај се, ти раздаде се, Христа за да Го стекнеш!
Радувај се, љубовта спрема светот со љубовта кон Бога ја победи!
Радувај се, наместо сласти од овој свет, за Христа прими лути страдања!
Радувај се, стана заедничар на Христовите страдања!
Радувај се,сите страсти со Него ги победи!
Радувај се, се украси со благодатно безстрастие!
Радувај се, со радост ги исполнуваш сите кои прибегнуваат кон Тебе!
Радувај се, бесплатно сите ги исцелуваш со Христовата благодат!
Радувај се Пантелејмоне, великомачениче и исцелителе!
Кондак 6
Слепиот, просветен од тебе и телесно и духовно, се покажа проповедник на вистината: слично на слепецот од Евангелието, тој смело пред сите исповеда дека Христос е вистинската светлина која го осветлува секој човек, а незнабожниот цар и незнабожечките богови ги исмеа. Поради тоа, исечен со меч тој замина кон незалезната Светлина на Небото, за да Му пее на Бога: Алилуја!
Стоејќи пред царот со радосно лице, ти, блажен, без страв си викал сите да слушнат: Исцелителната моја сила и моја слава е Христос, вистинскиот Бог, Господарот на сите, Кој мртвите ги воскреснува и секоја болест ја исцелува. Величајќи те поради таквата исповед, ние повикуваме:
Радувај се, громогласна усто на Христовото Божество!
Радувај се медоточен јазику со кој се благовествува Христовиот домострој за спасение!
Радувај се, благоглаголив беседнику на возвишеното Богословие!
Радувај се, мудар сеачу на побожноста!
Радувај се, милозвучна харфо на верата!
Радувај се, славен проповеднику на Православието!
Радувај се, бидејќи пред смртта си објавил многу прекрасни чуда!
Радувај се, ти кој и после смртта правиш чуда!
Радувај се, сведоку на славата Христова!
Радувај се, бидејќи ги услишуваш оние кои ти се молат!
Радувај се, со милост ги оградуваш оние кои те бараат!
Радувај се, бидејќи измолуваш богатство за оние кои го слават твојот спомен!
Радувај се Пантелејмоне, великомачениче и исцелителе!
Кондак 7
Богомудар исцелителе, миро се изли врз твојата душа од Духот Утешител; затоа после смртта, чесните мошти твои со својот благопријатен мирис ја истеруваат смрдеата на страстите , и даваат исцеление на оние кои со вера повикуваат кон Бога: Алилуја!
Икос 7
Божји светителе, кога идолопоклониците видоа како со својата молитва го подигна долгогодишниот раслабен и тој почна да оди, многумина поверуваа во Христа. Жреците пак, тие служители на ѓаволот, мачени од завист, го поттикнаа царот на гнев. А ние, тебе кој беше стружен и пален во огнот, со умиление ти воскликнуваме:
Радувај се, земните страсти ги презре!
Радувај се, над светските богатства се издигна!
Радувај се, убавините не овој свет за ништо ги сметаше!
Радувај се, минливата слава од себе ја истресе!
Радувај се, неуловен остана од Велијаровите замки!
Радувај се, ги победи лукавствата на мачителот!
Радувај се, поради Христа не го поштеди ни животот!
Радувај се, се покажа непријател на сластољубивото тело!
Радувај се, ширината на многубоштвото ја стесна!
Радувај се, со Божествена сила идолите ги уништи!
Радувај се, стрело која непријателите ги рануваш!
Радувај се, заштитниче кој ги штити верните!
Радувај се, Пантелејмоне, великомачениче и исцелителе!
Кондак 8
Чудно и Божествено ти се јавуваше Господ, бодрејќи те и чувајќи те во мачењата за Неговото име; ти се јавуваше во облик на презвитерот Ермолај, го разладуваше вжештеното олово во кое си бил фрлен и во морето го одврза големиот камен од твојот врат. Така те изнесе неповреден на земјата. А ти, застанувајќи повторно пред царот, радосно пееше кон Христа Бога победна песна: Алилуја!
Икос 8
Сиот живееејќи со умот на небото, ти не не оставаш нас кои сме долу на земјата; сочувствувајќи со нас со чесната своја глава, Христов страдалниче, ти го примаш просветувањето и осветувањето од Господа и го предаваш на оние кои воскликнуваат кон тебе:
Радувај се, ти кој си исполнет со Божествена мудрост!
Радувај се, поверенику на Божјата промисла за нас!
Радувај се, насладо за умовите на Богомудрите!
Радувај се, уживање за Богољубивите души!
Радувај се, бидејќи си се населил кај првородените на небото!
Радувај се, бидејќи живееш во вечно блажените палати!
Радувај се, созерцателу на Светотроичната светлина!
Радувај се, усрден застапнику за нас во молитвите кон Бога!
Радувај се, на душите им даваш просветување!
Радувај се, бидејќи испраќаш утеха за напатените!
Радувај се, Пантелејмоне, великомачениче и исцелителе!
Кондак 9
Свети Пантелејмоне, секое битие се восхитува на блескавата благодат која е во тебе и богатството на добри особини: на ангелската твоја чистота, големата храброст во лутите маки, крепката љубов спрема Христа и огромното сочувство твое спрема луѓето на кои им правиш преславни работи, за да пеат: Алилуја!
Икос 9
Благоглаголивите беседници не се во состојба достојно да ги пофалат твоите борби славен победниче. Ти, многу млад, со непобедлива Божествена сила го победи стариот ѓавол и ја засрами лагата на идолопоклонството. А ние, исполнети со воодушевување, воскликнуваме:
Радувај се, радосна глетко за Ангелите!
Радувај се, восхитување за побожните луѓе!
Радувај се, својата крв ја проли за Христа и од намаченото твое тело во часот на смртта млеко истече!
Радувај се, за Христа своето тело на маченичка смрт го предаде!
Радувај се, правило на исповедувањето!
Радувај се, сјаен војнику на Царот на царевите!
Радувај се, бидејќи темнината на властодржецот ја победи!
Радувај се, со својата победа небото и земјата ги зарадува!
Радувај се, блажен жителу на небесниот свет!
Радувај се, мудар странецу на долниот свет!
Радувај се, украсено дрво со плодовите на благодатните дарови!
Радувај се, бидејќи носиш победничко гранче!
Радувај се, Пантелејмоне, великомачениче и исцелителе!
Кондак 10
Тебе, чесен страдалче кој си исполнет со премногу сострадување како вистински поддржувач на Дарителот на милоста, Господ ти го смени името нарекувајќи те Пантелејмон, што значи – секогаш милостив, и ти на сите кои притекнуваат кон тебе им излеваш милост. Изобилно изли ја и на нас кои воскликнуваме кон Бога: Алилуја!
Икос 10
Кога виде мачителот дека си тврд како карпа и со никакви маки не може да те победи, проба силата твоја да ја уништи со забите на ѕверовите и со забите на маченичкото тркало. Но и со тоа не можеше ништо да постигне: Христовата сила ја скроти свирепоста на ѕверките, а страшното тркало на кого го вртеа твоето тело веднаш се скрши. Затоа ние тебе, непобедливиот страдалец, ти воскликнуваме:
Радувај се, скапоцен Христов избранику!
Радувај се, беспрекорно Божјо благоухание!
Радувај се, тврд дијаманте на Црквата!
Радувај се, непобедлив столбе кој достига до небото!
Радувај се, видливите ѕверки ги скротуваш!
Радувај се, невидливите ламји ги сотираш!
Радувај се, за Христа облеан со твојата крв помешана со млеко!
Радувај се, нераспаднати венци прими!
Радувај се, на Ангелите и луѓето радост им направи!
Радувај се, прославен од Бога на небото и на земјата!
Радувај се, жителу на небото кој со Мачениците ликуваш!
Радувај се, се насладуваш со гледање на преслаткото Христово лице!
Радувај се, Пантелејмоне, великомачениче и исцелителе!
Кондак 11
Го опеваме со песна исходна твоето осветено посекување за Христа, при што од тебе заедно со крвта истече и млеко; дури и маслинката под која си бил посечен веднаш сета се накити со исцелителни плодови. Затоа,на Христа Кој чудесно ги прославува оние кои Него Го слават, од сета душа Му воскликнуваме: Алилуја!
Икос 11
Ти си блескава Богомудра светлина на оние кои седат во темнината на многубоштвото, водејќи ги кон Сонцето на правдата – Христос Бог. Моли Го Него, во светлината на Неговите заповеди да живееме и ние кои ти ги принесуваме овие радосни восклици:
Радувај се, пресјајна ѕвездо која светиш на Небесниот свод!
Радувај се, фитилу кој им светиш на Православните!
Радувај се, таинствено осветлен од Сонцето – Христа!
Радувај се, земјата со духот ја посетуваш!
Радувај се, прекрасно живеалиште на Пресветиот Дух!
Радувај се, драгоцен саду кој излеваш исцеление!
Радувај се, чиста ризницо!
Радувај се, истоименику на милоста!
Радувај се, наследнику на Небесното Царство!
Радувај се, соучеснику на славата вечна!
Радувај се, заштитнику на животот на оние кои се во опасност на морето!
Радувај се, бессребрениче кој помага на оние кои со вера го повикуваат!
Радувај се, Пантелејмоне, великомачениче и исцелителе!
Кондак 12
Изобилие на благодат доби, блажен, по мерка на твојата изобилна љубов спрема Бога, Кој те објави како обилен извор на исцеленија кој бесплатно ги лечиш и душевните и телесните болести на оние кои со вера прибегнуваат кон тебе и Му воскликнуват на Бога: Алилуја!
Икос 12
Славен Мачениче, опевајќи ги твоите многустрадални подвизи за Христа, ја фалиме долготрпеливоста твоја, ја величаме маченичката твоја смрт, наш застапниче и исцелителе, и во твоја пофалба воскликнуваме.
Радувај се, милозвучна трубо на побожноста!
Радувај се, мечу кој ја сотираш безбожноста!
Радувај се, на дрво стружен за Оној Кој на Крстот ги рашири Своите раце!
Радувај се, горен во огнот за Него, ти ја изгаси печката на измамата!
Радувај се, ти со своите рани им донесе рани на ѓаволите!
Радувај се, ти со својата крв ги исуши потоците од идолската крв жртвена!
Радувај се, за Христа те фрлија во врело олово!
Радувај се, за Името Христово ти беше во море потопен!
Радувај се, по Божја промисла ти остана неповреден!
Радувај се, преку огнот и водата влезе во небесниот спокој!
Радувај се, на верните им изливаш непресушен порој на милост!
Радувај се, благ сострадален лекаре кој даваш благодатни исцеленија!
Радувај се, Пантелејмоне, великомачениче и исцелителе!
Кондак 13
О, многустрадален и прекрасен Мачениче Христов и наш исцелителе Пантелејмоне, милостиво прими го од нас овој мал принос, исцели не од секакви болести и со крилјата свои сочувај не од видливите и невидливите непријатели. Замоли Го Господа да се избавиме од вечните маки, и во Неговото Царство вечно да воскликнуваме: Алилуја!
(Овој кондак се чита три пати, а потоа пак се читаат Икос 1, па Кондак 1).

Прва молитва кон Свети Пантелејмон
О, преславен маченику и сјаен војнику на Небесниот Цар, блажен Пантелејмоне, врвен поддржувачу на Бога милостивиот, ти Христа храбро на земјата Го исповеда и разни маки за Него претрпе; поради тоа доби несвенлив венец на небото, каде со вечно блаженство се насладуваш и слободно претстојуваш пред Престолот на Трисолнечното Божество. Поддржувачу на страдалните после Христа Бога, кон тебе сите прибегнуваме и усрдно те молиме: не престанувај да се грижиш за нас несреќните, тажните. Со својата молитвена помош и исцелувачка сила, секогаш избавувај не од лути зла, погибел и секакви други опасности и маки. Ти, Светителу Божји, прими неисцрпна исцелувачка благодат од нашиот Спасител Исус Христос поради твојата тврда вера во Него, споена со чистиот, беспрекорен живот, со запечатеното мачеништво и победничката твоја смрт. Покрај таквата вера и дадената ти благодат, ти, истоимениче на милоста, секогаш милостив Пантелејмоне, со милоста ги поливаш сите кои кон тебе прибегнуваат во своите болести и неволји. Знаејќи го сето тоа, ние со вера повикуваме кон тебе: услиши не со благопријатното свое посредство. Дај ни се што ни е потребно во овој живот за вечно спасение. А со маченичката смелост твоја моли Го милостивиот Бог, по Својата голема милост да не помилува нас грешните и недостојните; да не избави од земјотреси, поплави, пожари, колеж, секаков праведен гнев и закана, благовремено побудувајќи не на очистено и милостиво покајание за нашите гревови. По немерливата Своја милост да ни подари на сите нас безопасен, тивок и Богоугоден живот и победа над непријателите; сите да не сочува од видливите и невидливите непријатели со Својата благодат и непобедливата војска на Своите Ангели; опкружени и поучени со нив да поживееме во овој век во покајание, чистота и правење на Богоугодни дела. Со усрдното твое посредство да се удостоиме да добиеме безболна, мирна, непосрамена христијанска смрт, да се избавиме од замките на возушните кнезови на темнината и вечните маки и така да станеме наследници на бескрајното блажено Царство.

О, угоднику Божји, не престанувај да се молиш за нас грешните за да по твоето застапништво бидеме избавени од времените и вечните маки, да те величаме тебе, нашиот застапник и молитвеник и вечно да Го прославуваме заедничкиот Владетел – нашиот Господ Исус Христос, на Кого Му прилега секоја слава, чест и поклонување со Неговиот беспочетен Отец и Пресветиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови.


Втора молитва кон Свети Пантелејмон
О, голем Христов угодниче, преславен исцелителу, великомачениче Пантелејмоне, со душата престојувајќи пред Престолот Божји на Небото и насладувајќи се со Триипостасната Негова слава, со телото и светиот лик почивајќи во Божествените Храмови, со дадена благодат одозгора излеваш разни чуда; погледни со милостивото твое око на присутните луѓе кои со умиление се молат на чесната твоја икона и бараат од тебе исцеление и помош; принеси ги кон Господа Бога нашите усрдни молитви и измоли за нашите души опростување на гревовите. Ете, ние поради нашите беззаконија не се осудуваме да ги подигнеме своите очи кон Небото, ниту да принесеме молби кон непристапната слава на Негоовоте Божество; со срце скрушено и дух смирен те побикуваме тебе, милостивиот посредник и молитвеник пред Господа за нас грешните. Ти доби благодат болестите и страстите да ги исцелуваш. Тебе те молиме: не не презирај нас, недостојните кои ти се молиме и ја бараме твојата помош. Боди ни во неволјите утешител, лекар во тешките болести, брз покровител во искушенијата, во очните болести дарител на прогледување, во маките на доенчињата и децата исцелител и заштитник; измоли за сите она што е корисно за спасение. Со твоите молитви кон Господа да добиеме благодат и милост за да Го прославиме Изворот на сите блага, Дарителот – Единиот Бог во Света Троица, прославениот Отец, Син и Свет Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин.


Трета молитва кон Свети Пантелејмон
О, голем угодниче Христов, страдалче и лекару, многумилостив Пантелејмоне. Смилувај се над мене, грешниот слуга, слушни го повикот мој: умилостиви Го небесниот врховен Лекар на душите и телата наши – Христос Бог, да ми подари исцеление од болестите на гревовите кои ме притискаат. Прими го моето недостојно молење, погрешно од сите луѓе. Посети ме со благодатна посета. Не гнаси се од гревовните мои рани; помажи ги со маслото на твојата милост и исцели ме; здрав со душата и телото, со Божјата благодат остатокот на моите денови да ги поминам во покајание и угодување на Бога и да се удостојам да примам благ крај на мојот живот. О, угоднику Божји, помоли Го Христа Бога, по твоето застапништво да ми дарува здравје на моето тело и спасение на мојата душа. Амин!

 

Извор:

Македонска Православна Црква „Св. Параскева - Петка“

2056 N Kedzie Ave, Chicago, IL 60647

http://www.mpc-svpetka.com

Друго:

Архиерејска Божествена Литургија во н.Нерези, Скопје (09.08.2008) nerezi.Pantelejmon17.jpg

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная