Постепеното влегување во Царството Божјо, кое е внатре во нас, се повеќе го смалува просторот на “плот и крв, кои не можат да го наследат Царството Божјо” (1.Кор. 15:50). Ете зошто Светиите можеле да се хранат толку малку и истовремено да бидат физички силни луѓе. Небесната храна не е алегорија, туку чудо, со што истовремено не се намалува и нејзиното биолошко дејство.
Кога “сите човечки помисли составуваат една целина по Бога, тогаш и телото наследува помисла по Бога и се јавува духовна радост во срцето, која ја храни душата и го угојува телото, укрепувајќи ги обете” (ава Јован - пророк, Д II - 568).
“Ние не можеме по своја желба да се откажеме од сластите (јадење и пиење), доколку на дело и со опит не ја вкусиме божествената сладост со сите свои чувства“ (блажен Диадох, Д II - 33). “Поверувај ми, брате, знам човек кој е на таков (духовен) степен што во текот на неделата, по еднаш, двапати, а и почесто се восхитува на духовната храна, и од нејзината сладост заборава на сетилната храна; кога доаѓа време да јаде леб, тој како презаситен, не сака да го вкуси“(ава Јован - пророк, Д II - 568).
“Вашите тела се храм на Светиот Дух кој во вас живее - рекол Апостолот“ (1 Кор. 6:19). Апостолските учења на Оците за човечкото тело како храм Божји, неразделно е поврзано со нивното учење за Невидливата борба. Оците го нарекле телото “природен манастир на душата“ и поучувале дека душата треба да го почувствува своето самотно пребивање во него, као во прибежиште, за да може да ги отфрли нападите на помислите и страстите, за да создаде во себе дом Божји. На таквото самотно пребивање внатре во себе, а посебно во срцето, на таквото соединување на вниманието на умот со срцето во сеќавање на Бога, е заснована не само заштитата од нападите во Невидливата борба, туку и стекнувањето на мир и услови за непрестана молитва. Човекот мора да влезе во својата внатрешна пустина за да може да отиде во ветената Земја.
Сергеј Јосифович Фудељ☨
Подготви:
SL, Чикаго
22ри декември 2020лето Господово
Друго: (Исповед свртена кон срцата, ...нам духовен завет )
Богослужењето е живо искуство на Царството Небесно
„ Денес, сакам да разговарам со вас за една ризница која ја поседува секој од нас и која не би ја менувале за ниту едно богатство на светот. Што е таа ризница? Тоа е секојдневно богослужење. Тоа е скапоцениот бисер на монашкиот живот. Секојдневниот круг на богослужење - тоа, може да кажеме,е секојдневното рајско блаженство! Нека ни пријдат најбогатите цареви и нека ни ги покажат сите свои богатства - ние сме побогати од нив. Нека се соберат најуспешните луѓе во светот и нека ни раскажат за своите победи - ние сме посреќни од нив. Нека пристапат најмудрите од мудреците - кај нас во нашите раце е ризницата на највозвишената мудрост.“
p.p
Декември 2020 лето Господово