Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди како соборен празник на сите заедно, а со нив и Павле. Ова се имињата и деновите на посебното празнување на Дванаесеттемина:
Петар - 29 јуни и 16 јануари;
Андреј на 30 ноември;
Јаков Заведеев на 30 април;
Јован Богослов на 26 септември и на 8 мај;
Филип на 14 ноември;
Вартоломеј на 11 јуни и на 25 август;
Тома на 6 октомври;
Матеј евангелистот на 16 ноември;
Јаков Алфеев на 9 октомври;
Тадеј на 19 јуни;
Симон Зилот на 10 мај;
Матиј на 9 август;
Павле на 29 јуни.
Да спомнеме уште за начините како секој од овие најсвети и најполезни луѓе во историјата на светот го заврши својот живот на земјата: Петар беше распнат на крст главечки; Андреј беше распнат; Јаков Заведеев го убија со меч; Јован Богослов се упокои чудесно; Филип беше распнат на крст; Вартоломеј – распнат, па одран и заклан; Тома беше избоден со пет копја; Матеј го изгореа во оган; Јаков Алфеев – распнат на крст; Тадеј – распнат; Симон Зилот – распнат; Матиј го каменуваа, па мртов го расекоа со секира; Павле го убија со меч.
13ти јули 2024 лето Господово