Човекот треба да живее според духот; сиот состав на човекот треба да стане ’духовен’, да го достигне ’подобието’. Всушност, духот е тој што треба да влезе во единство со крштелната благодат и тој благодатта ја воведува во срцето, кое е центар на човечката природа што треба да биде обожена. Без срцето, кое е центар на сите активности, духот е немоќен.
Без духот, срцето е слепо, лишено од управување. Затоа е потребно да се најде хармоничен однос меѓу духот и срцето, за да се организира, да се гради личноста во благодатта, бидејќи патот на единството не е бесвесен процес. Тој пат претставува постојана будност на духот, непрестаен напор на волјата.
- Владимир Лоски