логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

СРЕТЕНИЕ НА ГОСПОД БОГ И СПАСИТЕЛОТ
НАШ ИСУС ХРИСТОС

ГОЛЕМА ВЕЧЕРНА



Блажен е оној човекː првата катизма
Стихири на Господи, повикав, глас 1.

 



Кажи ни, Симеоне, кого носиш во рацете, та во храмот толку се радуваш? Кому се обраќаш и викашː Сега се ослободив, бидејќи го видов мојот Спасител! Тој е Оној што се роди од Дева. Тој е Бог Словото од Бога, Кој заради нас се воплоти и Кој го спаси човекот. Нему да Му се поклониме.

Прими Го, Симеоне, Оној што некогаш Мојсеј Го виде во мракот на Синај, и Кој стана дете, потчинето на законот! Он е тој што говореше преку законот! Он е тој што беше претскажан од пророците, Кој заради нас се воплоти и Кој го спаси човекот! Нему да Му се поклониме.

Да дојдеме и ние, со песни божествени да Го пресретнеме Христа и да Го примиме Оној чиешто спасение го виде Симеон! Овој е тој што Давид Го предвести! Овој е тој што говореше преку пророците, Кој заради нас се воплоти и преку законот ни говори. Нему да Му се поклониме.


Слава, и сега, глас 6.



(од Јован монахДенес нека се отвори небесната врата, зашто беспочетното Слово на Отецот, откако прими почеток во времето, не отстапи од Своето божество. Како четириесетдневно дете, од Мајката Дева доброволно се принесува во законскиот храм и Него, на своите раце, Го прима старецот кој викаː Сега отпушти го Својот слуга, Владико, зашто моите очи го видоа Твоето спасение. Господи, Кој дојде во светот за да го спасиш родот човечки, слава Ти!


Литиски стихири, самогласни, глас 1 (Анатолиеви).



Стариот по денови, Кој некогаш на Синај му го даде законот на Мојсеја, денес како младенец се покажува и, како Творец на законот, исполнувајќи го законот, според законот се принесува во храмот, и на старецот му се предава; Симеон, пак, праведниот (старец), откако Го прими и го виде ветувањето исполнето, радосно викашеː Очите мои ја видоа тајната, криена со векови, како се јавува на крајот од овие последни деновиː тоа е Светлината која го изгонува мракот од неверните народи, и која на новоизбраниот Израил му дава слава. Затоа, ослободи го Твојот слуга од врските на ова тело, заради вечната младост и чудниот и бесконечен живот, давајќи му на светот милост голема.

(Од Јован МонахОној што во она време на Синај му го даде законот на Мојсеја, денес на прописите им се повинува, откако заради нас, од милосрдие, стана како нас. Денес пречистиот Бог како свето дете, откако ја отвори чистата утроба, на Самиот Себе како Бог се принесува, ослободувајќи нѐ од клетвата законска, и просветлувајќи ги душите наши.

Глас 2.


(Од Андреја ПираОној Кому вишните служители Му се молат со треперење, сега  долу Симеон во материјалните раце Го прима, проповедајќи дека Бог се соединува со луѓето и, гледајќи Го небесниот Бог како со луѓето се соединува, разделувајќи се од луѓето на земјата, радосно извикувашеː Слава Ти, Господи, Кој што Незодната Светлина им ја откриваш на оние што се во темнина.

(ГермановаДенес Симеон Го прима на раце Господа на славата, Кого што Мојсеј порано Го виде под мракот на Синајската Гора, кога му ги даваше таблиците (со Божјите заповеди). Тој е Оној што говореше преку пророците и е Творец на законот. Тој е Оној што Давид Го навестува, Кој е страшен за сите, Кој има милост голема и богата.

Света Дева Го донесе Светиот (Господ Исус) при светиот Симеон, кој Го прими на раце радувајќи се, и повикаː Сега го отпушташ Својот слуга во мир, Владико, според Твоите зборови, Господи!

Создателот на небото и на земјата, денес од старецот Симеон се носеше на раце. А тој, преку Светиот Дух, говорешеː Сега се ослободив, зашто Го видов мојот Спасител.

(Анатолиева)ː Старецот Симеон денес во храмот влегува радувајќи се духовно, за да Го прими на раце Законодавецот на Мојсеја и Исполнителот на законот. Тој, пак, се удостои да Го види Бога низ облакот и да го слушне Неговиот глас. Потоа, со покриено лице ги изобличи неверните срца на Евреите; додека Симеон Го понесе предвечното Слово на Отецот, воплотено, и на јазичниците им ја откри Светлината, Крстот и Воскресението. Се покажа и пророчица Ана, проповедајќи Го Спасителот и Избавителот на Израила. На Христа нашиот Бог да Му извикамеː Заради Богородица, помилувај нѐ.


Слава, глас 5.



(Од Андреј КритскиИспитајте ги Писмата, како што рече Христос нашиот Бог во евангелијата, зашто во нив наоѓаме како Он се раѓа и во пелени се повива, во јасли се полага и со млеко се храни, како прима обрезание и е носен од Симеона. Тоа не е ниту вообразување, ниту привидение, туку дека на светот вистински му се јави. Затоа  кон Него да повикамеː Предвечни Боже, слава Ти.

И сега, истиот гласː


(Германова)ː Стариот по денови, како дете по тело, од Мајка Дева во храм се принесува, исполнувајќи го ветувањето на својот закон. А Симеон, откако Го прими, говорешеː Сега го отпушташ во мир Твојот слуга, (Владико) Свети, според Твојот збор, зашто очите мои го видоа Твоето спасение.


Стиховни стихири, глас 7 (од Козма монах).



Украси ја твојата свадбена одаја, Сионе, и прими Го Царот – Христа! Прегрни ја Марија, небесната врата, оти таа како престол херувимски се покажа; таа Го носи Царот на славата. Дева е облакот на светлината, која на раце Го носи Синот, роден пред ѕвездата Деница. Симеон, пак, откако Го прими во своите раце, на сите луѓе им проповеда дека е Он Господарот на животот и на смртта, и Спасителот на вселената.

Стихː Сега го отпушташ Својот слуга во мир, Владико, според Твоите зборови.

Оној што засветли од Отецот пред вековите, потоа и од девствената утроба, најпосле е однесен во храмот од Неговата неискусобрачна Мајка. И Оној што го даде законот на Синајската Гора, му се покорува на законскиот пропис и се принесе на старецот светител и праведник, кому му беше ветено дека ќе Го види Христа Господа. Откако Симеон Го прими на своите раце, се зарадува викајќиː Овој е Тој едносуштен Бог на Отецот, и Избавителот на душите наши.

Стихː Светлина за просвета на незнабошците и слава на Твојот народ, Израилот.

Оној што е носен на херувимски колесници, и во песни е воспеан од серафимите, Кој неискусобрачно се воплоти од Богородица Марија, Авторот на законот чиј пропис Он го исполнува, носејќи го на раце му Го подаваше на раце на старецот свештеник кој, носејќи Го Животот, бараше разрешување од животот, велејќиː Сега отпушти ме да му јавам на Адама дека Го видов Детето, Кое неизменливо е предвечниот Бог и Спасителот на вселената.


Слава, и сега, глас 8.


(од Андреј КритскиОној што е носен од херувимите и е воспеван од серафимите, денес, според законот е донесен во божественото светилиште и, како на престол, седи на старчевите раце и од Јосифа прима дарови богодолично, како две грлици – Црквата неосквернета и новоизбраните  луѓе од незнабошците, две млади гулабици, како началник на Стариот и на Новиот завет. Откако го виде исполнето пророштвото за него, благословувајќи ја Дева Марија – Богородица, Симеон символично ѝ го открива страдањето на нејзиниот Син и од Него бараше ослободување, викајќиː Отпушти ме сега, Владико, како што порано ми предвести, зашто Те видов Тебе – предвечната Светлина, Спасителот и Господ на луѓето што го носат името Христово.

Потоа, Сега го отпушташː Трисвето, и по Оче нашː На благословувањето на лебовите, тропар на празникот трипати, глас 1.


Радувај се, благодатна Богородице Дево, зашто од тебе засветли Сонцето на правдата – Христос нашиот Бог, Кој ги просветлува оние што се во темнина. Весели се и ти, старче праведни, кој Го прими во прегратките Ослободителот на душите наши, Кој ни дарува воскресение.

 


Изворː ИЗБОР на месечни и празнични богослужби. Прв том, Февруари – август / (препев и превод од црковнословенски јазик протојереј – ставрофор Јован Таковски). – Битолаː Преспанско-пелагониска епархија, 2008.

✜✣✜

Подготви: Светланка Трајчева

15ти  февруари 2019 лето Господово

 

 Друго:

SRETENIE.na.Hristos3

Сретение Господово

Во четириесеттиот ден по Рождество Пресветата Дева Го донесе својот Божествен Син во ерусалимскиот храм за, според Законот, да Му Го посвети на Бога, а самата да се очисти (Левит. 12, 2 - 7; Исход 12, 2). Иако не беше потребно ни едното ни другото, сепак Законодавецот никако не сакаше да се огреши кон Законот којшто Самиот го беше дал преку Својот слуга, Пророкот Мојсеј. Во тоа време во храмот држеше чреда првосвештеникот Захариј, таткото на Свети Јован Предвесник. Тој Ја смести Богородица не на местото за жени, туку на она за девојки. Во таа прилика во храмот се јавија две необични личности: старецот Симеон и Ана, ќерката Фануилова. Праведниот старец го зеде на своите раце Месијата и рече: „Сега отпушти го Твојот слуга, Господи, зашто го видоа очите мои спасението Твое“. Уште рече Симеон за Младенецот Христос: „Глеј, овој лежи за подигање и паѓање на мнозина во Израилот“. Ана пак, која од младоста Му служеше на Бога во храмот во пост и молитва и самата Го позна Месијата, па Го прослави Бога и им објави на ерусалимјаните за доаѓањето на Долгоочекуваниот. А фарисеите, присутни во храмот, штом видоа и слушнаа сѐ, се разгневија на Захарија зашто ја постави Дева Марија на местото за девојки и му јавија за тоа на царот Ирод. Уверен дека тоа е Новиот Цар за когошто говореа ѕвездогледците од Исток, Ирод брзо испрати да Го убијат Исуса. Но во меѓувреме Божественото семејство веќе поодмина од градот и според упатство од ангел Господов се упати кон Мисир. Денот Сретение меѓу христијаните се празнува уште од самиот почеток, но торжественото празнување на овој чудесен ден е особено востановено во 544 година, во времето на царот Јустинијан.

SRETENIE.na.Hristos

The Meeting of Our Lord in the Temple


SRETENIE.na.Hristos6

The fortieth day after His birth, the All-Holy Virgin brought her Divine Son into the Temple of Jerusalem, in accordance with the Law, to dedicate Him to God and to purify herself "Consecrate to me every first-born that opens the womb among the Israelites both of man and beast, for it belongs to me" (Exodus 13:2). "Tell the Israelites: when a woman has conceived and gives birth to a boy, she shall be unclean for seven days, with the same uncleanness as at her menstrual period. On the eighth day, the flesh of the boy's foreskin shall be circumcised, and then she shall spend thirty-three days more in becoming purified of her blood; she shall not touch anything sacred nor enter the sanctuary till the days of her purification are fulfilled. If she gives birth to a girl, for fourteen days she shall be as unclean as at her menstruation, after which she shall spend sixty-six days in becoming purified of her blood. When the days of her purification for a son or for a daughter are fulfilled, she shall bring to the priest at the entrance of the meeting tent a yearling lamb for a holocaust and a pigeon or a turtledove for a sin offering. The priest shall offer them up before the Lord to make atonement for her, and thus she will be clean again after her flow of blood. Such is the law for the woman who gives birth to a boy or a girl child" (Leviticus 12:2-7). Even though neither the one nor the other was necessary, nevertheless the Lawgiver did not, in any way, want to transgress His own Law whom He had given through Moses, His servant and prophet. At that time, the high-priest Zacharias, the father of John the Forerunner (Precursor], was on duty in the Temple ("serving as a priest before God in the order of his division"St. Luke 1:8). Zacharias placed the Virgin, not in the temple area reserved for women but rather in the area reserved for virgins. On this occasion, two unusual persons appeared in the Temple: the Elder Simeon and Anna, the daughter of Phanuel. The righteous Simeon took the Messiah in his arms and said: "Now, Master, You may let Your servant go in peace, according to Your word, for my eyes have seen Your salvation." (St. Luke 2: 29-30). Simeon also spoke the following words about the Christ-child: "" (St. Luke 2:34). Then Anna, who from her youth served God in the Temple by fasting and prayers, recognized the Messiah and glorified God and proclaimed to the inhabitants of Jerusalem about the coming of the long-awaited One. The Pharisees present in the Temple, who having seen and heard all, became angry with Zacharias because he placed the Virgin Mary in the area reserved for virgins and reported this to King Herod. Convinced that this is the new king about whom the Magi from the east spoke, Herod immediately sent his soldiers to kill Jesus. In the meantime the Holy Family had already left the city and set out for Egypt under the guidance of an angel of God. The Feast of the Meeting of our Lord in the Temple was celebrated from earliest times but the solemn celebration of this day was established in the year 544 A.D. during the reign of Emperor Justinian.

 

http://mistagogia.mk/wp-content/uploads/2014/06/PC140592-%D0%B0%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%98-%D0%B8-%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B8%D0%BB1-e1403278696576-768x1024.jpg

 


Подготви: Светланка Трајчева



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная