логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Еднаш во едно училиште кажував беседа за љубовта. На крај едно дете многу спонтано ме праша, а зад него стоеше и мајка му:

– Отче, како ме сака Бог, кога пред девет месеци го зеде татко ми?

Јас зборував пред тоа за љубовта, сѐ убави работи, луѓето беа трогнати. А малиот постави прашање и ме порази. Не знаев што да кажам, што да одговорам. После тоа продолжи со други прашања, а мајка му одзади го туркаше и му велеше: „Запри, дете мое! Што му зборуваш на човекот, сѐ расипа со тоа што го кажа“.

Одеднаш слушаш едно дете како те прашува: „Како ме сака Бог, кога го зеде татко ми?“ И не знаеш што да одговориш. После тоа ми рече:

– Јас ли сум виновен, отче, што не ја оставам мама да се омажи?

И мајка му го искара:

– Престани! Доста!

Кога малите зборуваат, кажуваат сѐ. Јас му предложив:

– Ако сакаш, другпат ќе позборуваме за тоа со тебе и со мајка ти.

Лесно е да зборуваш за љубов, но во реалноста, додека Бог нѐ љуби, Неговиот однос понекогаш е многу жесток. Бараш алфа од Бога, а Он ти дава омега. Го молиш за решение на твојот проблем, а Он ти дава уште поголем проблем. Го молиш твојата баба да оздрави, го кажувам тоа, зашто многу деца во училиште ги сакаат многу своите баби и кога бабата ќе замине од овој свет, детето чувствува голема болка. Еден ученик од гимназијата ми рече:

– Многу ја сакам баба ми, болна е, ќе ги оставам цигарите за неколку месеци, за да живее таа!


Свети пророк и цар Давид

Накрај, како нѐ љуби Бог? Он нѐ љуби, а истовремено се соочуваме со болка. Он нѐ сака, но и дозволува да поминуваме низ моменти, во кои ни доаѓа да извикаме со силен вик: „Зошто? Зошто ми го правиш ова?“ Не знам дали тука има човек, којшто никогаш не го упатил кон Бога тоа прашање: „Зошто, Боже мој?“ – како оплакување. Не се мислете ако го живеете. И светците го доживеале. Во Давидовите псалми има такви прашања: „Зошто, Боже мој? Зошто, Господи, ме остави? Зошто ме презираш? Зошто Ти зборувам а Ти не слушаш? Зошто ме толку многу ме поразуваш?“ На друго место светиот цар и пророк Давид Го моли Бога и Го повикува: „Пази ме, Господи, како зеница во окото. Помогни ми зашто чувствувам болка во животот“. Свети Силуан Атонски вели дека кога стигнал до моментот во кој не Го чувствувал Бога како љубов, туку како искушение, тортура, како суровост во својот живот, извикал со силен вик кон Него: „Боже мој, Ти си неумолив! Многу си жесток!“ „И во тој час – вели – кога стигнав до крајниот предел, до границата на издржливоста, на бездната на очајот, Го видов Христос жив како се преобразува на иконостасот. Тоа што го видов и ме потресе, беа Неговите очи, кои зрачеа љубов, смирение и кротост. Не ме импресионира тоа што изгледаше величествен, туку ги видов Неговите очи, кои, ако и вие ги бевте виделе, моментално ќе го променевте вашиот живот.

Сепак, на крај, Христос е смирен. Тој „суров“ Бог, на крај е многу добар, но бидејќи знае дека нашиот живот не може да се промени на друг начин, дека не можеме поинаку да ги пројавиме нашите харизми, освен преку болката во животот, затоа многу пати дозволува да минеме низ многу испити.

Кога човекот се појавил како биолошки вид на планетата Земја, сите светци велат дека Бог го создал од љубов. Ние сме создадени со љубовно расположение од страна на Бога. Господ не нѐ создал затоа што имал таква потреба или бил задолжен да нѐ создаде, туку од љубов. И кога нашите родители прифатиле ние да се родиме, какви луѓе и да биле, колку недостатоци и слабости и да имале, во тој момент од нив излегувала љубов и давање. Ние самите сме плод на љубов. Но повеќето од нас не сме вкусиле силно љубов во нашиот живот и чувствуваме тешкотија. Ве прашувам: Се наситивте ли со љубов во својот живот? Јас не сум се наситил. Некои биле обвинети од своите блиски. Тие прифатиле понижувања, девојки, чиишто родители не ги оставале да учат. Сето тоа те тера да ја чувствуваш оваа жед, дека во животот не си се наситил од љубов! Тогаш се жениш и Бог ти вели да создадеш деца и да дадеш љубов. И повеќето велат: „Како да дадам, кога ја немам?“ Ако јас не сум добил љубов да ја наситам мојата душа, јас самиот да почувствувам среќа и задоволство, како ќе прелее љубовта од мене, за да дадам и на другите?“ Тоа е многу тешко. Од друга страна, знаете ли што правам? Тоа што го прават повеќето родители спрема своите деца, раѓаат деца и наместо да им дадат љубов, всушност земаат љубов, ја исмукуваат љубовта од нив. Додека тврдиме дека ги сакаме, всушност, сакаме да нам ни удоволат. Едно дете ми кажа за мајка си: „Мајка ми ми вели дека ме сака, но ќе појдеме некаде и јас не сакам да бидам облечен, па се соблекувам, зашто ми е топло, а таа:

– Облечи се, дете мое!

– Мајко, не ми е студено!

– Но, мене ми студи! – вели таа. Стави си јакна!

И се прашувам на крај, таа жена мене ли ме сака или преку мене сака да ги задоволи своите потреби, очекувања, желби, аспирации? Други родители, пак, сакаат нивното дете да учи медицина. Тоа сепак сака да стане адвокат или учител по математика. „Зошто да не ми стане доктор детето?“ „Го сакам!“ „Јас му го мислам подоброто“. „Гледај, длабоко во мене и јас сакав да станам лекар, но не успеав, затоа нека стане моето дете! Да го видам, да се зарадувам да го направи тоа што јас не го направив“.

Ги проектираме нашите неостварени желби и очекувања преку детето. Оваа љубов што ја демонстрираме, не е здрава, туку проблематична. Затоа родителите се караат постојано со децата, затоа сопрузите се караат постојано. Велат дека се сакаат, но всушност едниот сака другиот да му дава нешто – достоинство, авторитет, признание. Затоа постои таква нервоза помеѓу нив. Кога сакаш, го оставаш другиот слободен. Не да ти ѕвонам по сто пати на ден да видам што правиш, туку ти се доверувам, затоа што те сакам. И ти ме сакаш. Ниту ќе ти го прегледувам телефонот, затоа што ми е страв дека правиш нешто зад мојот грб. Кога сакаш, не чувствуваш страв од другиот, туку го оставаш слободен. Ние не сме сигурни. „Ме сакаш ли? Колку ме сакаш? Засекогаш?“ – прашуваат жените. „Бре, ти реков дека те сакам!“ „Сакам да го слушам тоа! Постојано!“ Не се наситуваш да го слушаш тој збор – дека некој те сака. Тоа е жедта на нашата душа – да почувствуваме дека сме центарот на нечија љубов.

Љубовта значи многу нешта – да му зборуваш на некого кога е потребно. Другиот се враќа од работа. Љубовта ќе рече да се заинтересираш околу него и да му зборуваш кога треба. Кога ќе го видиш дека е готов да избувне, љубовта значи да замолчиш. Колку долго? За половина час, додека се смири, додека се соземе и започне да зборува. Ние го правиме спротивното. Има жени, како и мажи, кои зборуваат не кога треба, а кога, пак, треба да кажат нешто, молчат. „Јас не му зборувам! Како што ми рековте, отче! Молчам!“ Јас ја запрашав: „Во кој момент молчиш?“ Мажот ѝ ми објасни после тоа: јас ѝ велам: „Кажи ми што се случи?“ А таа: „Сега не ти зборувам!“ И си мисли дека наводно од љубов го прави тоа. Тоа не е љубов. Љубовта значи да знаеш кога ќе зборуваш и кога ќе молчиш. Има зборови кои ја засладуваат целата атмосфера дома. Има и зборови, од кои, кога ќе ги кажеш, настанува кавга. А ние токму нив ги користиме. Како да го притискаш црвеното копче и се добива експлозија. За пари, за караници, за грижи и исчезнува оној дух на љубов и спокојство.

Пред неколку години, кога уште не бев свештеник, случајно влегов во еден храм, каде свештеникот читаше молитви против магии над човек обземен од нечист дух. Дотогаш не бев видел слично нешто. Беше малечко дете, нешто му беа направиле, не знам, некакви магии, негови роднини, нешто такво. Свештеникот му читаше молитва. Во тој момент тоа имаше многу голема сила, иако беше уште во градинка. Го држеа тројца големи мажи и не можеа да го додржат. Со свои очи го видов. Свештеникот викаше и велеше:

– Христе мој, очисти го ова детенце од секое искушение и донеси му љубов дома!

Од него се слушна еден многу свиреп глас:

– Ако имаше љубов во тој дом, мислиш дека би влегол во него?

Сите го слушнаа тоа и рекоа:

– Слушај што вели!

Ако имаше љубов во овој дом, ќе влезеше ли искушувачот во нашиот живот? Имено, љубовта го оддалечува секое искушение. Одговорот на секој проблем е да го најдеш решението на љубовта. Што ќе помогне за љубовта? Да се каже или да не се каже? Дозволете ми да не го кажам, да се направам дека не гледам, нека го загубам своето право заради љубовта, како што велеше Старец Пајсиј кога го запрашале:

– Кога се карам со жена ми, кој да отстапи? Јас или таа? Затоа што Евангелието вели жената да отстапи.

И Старецот одговорил:

– Да отстапи поумниот! Тој прв нека си ја затвори устата.

Кога сакаш, ќе си го ризикуваш животот, ќе направиш нешта, кои понекогаш другите нема да ги разберат целосно. Ако сакаш вистински, ти направи тоа што треба, а останатото остави го на Бога.



Многупати свештениците треба да одговорат на сопрузи, на некој млад човек и да кажат нешто што другиот нема да го разбере. Не пречи. Кога сакаш, го правиш. Се однесуваш и ризикуваш. Како што ми рече некој на Света Гора: „Не може да интервенираш во еден дом и да не си ги извалкаш малку рацете. Но ако го направиш од чисти побуди, Бог го гледа тоа и ќе се покаже за добро“.

Не може да пристапуваме кон сѐ со писмото на законот и со апсолутна правда. Штом засакаме, ќе ја оставиме справедливоста според која 1+1=2 и ќе појдеме таму, за каде што зборува Старец Пајсиј, кога прашува: „Како да се разделат шест портокали на две души?“ Некој му одговара: „Три на три“. А тој вели: „Тоа е праведно. Љубовта, сепак, знаеш ли што вели: колку сакаш за да се наситиш? Доволни ли ти се три? Сакаш ли четири? Земи ти четири, јас ќе земам два!“ Праведноста на Бога не е 1+1=2, туку е еднаква на тоа колку Бог сака. Ти јадеш четири портокали, а јас два и така ги разделивме шест портокали на пола. Нема да влеземе во рајот со писмото на законот туку со духот на оваа љубов.

Следствено љубовта ќе рече сѐ – љубов може да биде нешто што и не изгледа баш за љубов, љубов може да биде да удриш шлаканица на своето дете, кога го правиш тоа со вистинска намера за негово добро. Но детето да почувствува дека сега, кога те удирам, на оваа рака пишува дека те сакам и ме боли пред да те натепам. Сте јаделе ли ќотек некогаш? Тоа го чувствуваш…

 

Извор:Бигорски манастир

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная