Светите книги
Светите книги читај ги со целото свое срце оти од нив ќе го научиш здобивањето со добродетелите и твојата душа ќе биде исполнета со радост и веселба. (Св. Ефрем Синајски)
Граници
Границите помеѓу православието и ереста се испишани со крв. (Старец Иероним Светогорец)
Непријатели
Живи во мир не само со своите пријатели, туку и со своите непријатели; но само со своите лични непријатели, не и со Божјите непријатели. (Св. Теодосиј од Киевските пештери).
Вера – темел
Верата е единствениот благословен темел на личниот живот и на општествениот живот и на државното уредување. (Св. Николај Жички)
Слобода
Слободата која исклучува секаква можност да го погазиме доброто – е совршена и Божествена. (Св. Филарет Московски)
Златна Слобода
Како чисто платно им се дава слободата на луѓето; кога луѓето ќе ја извалкаат, мораат да ја перат со солзи и крв. Оти слободата е или чиста или никаква. Или Златна Слобода, нераздвојна од Чесниот Крст, или никаква. (Св. Николај Жички)
Слободата и злото
На прашањето како настанало злото? – Василиј Велики одговара вака: тоа настанало како што настанува темница кога ќе ги затвориш очите. Оној кој го створил окото не е виновен што ти си замижал и што за тебе настапила темница. За што служи слободата?
- Таа служи за тоа да можеш да го избереш доброто и да уживаш во блаженството, како Ангел и како човек, а не само да талкаш како животно, или да вегетираш како трева. (Св. Филарет Московски)
Слободата во Бога
Слободата во Бога а не од Бога – тоа е вистинската слобода, неминлива, животворна, радосна, златна. (Св. Николај Жички)
Задоволства
Како што разбојниците се кријат по скришните места за да го ограбат минувачот, така и ѓаволот се крие во задоволствата за да ја совлада нашата душа. (Св. Василиј Велики)
Верата и расипаниот живот
Исправната вера не користи воопшто ако животот е расипан. (Св. Јован Златоуст)
Волјата Божја
Не напуштај ја Божјата волја за да ја исполниш волјата на луѓето. (Преп. Антониј Велики)
Лоши мисли
Како што облаците го затскриваат сонцето, така и лошите мисли го затскриваат разумот. (Преп. Јован Синаит)
Духовни разговори
Никој не би требало да разговара за духовни работи со луѓе кои се незаинтересирани за нив. (Св. Серафаим Саровски)
Стомак
Завладеј над стомакот, додека тој не завладеал над тебе. (Преп. Јован Лествичник)
Жртвата усреќува
Не е богат оној кој поседува имот и го чува, туку оној кој го дели. Жртвата не усреќува, а не поседувањето. (Св. Климент Александриски)
(Продолжува)
Подготви:Б.Ѓ
Посети:{moshits}