логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

НА СВЕТИОТ И ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК



УТРЕНА


По Шестопсалмие Алилуја: глас 8.



Тропар, глас 8:

Кога славните ученици, при миењето на нозете на Вечерата, се просветлуваа, тогаш злочестивиот Јуда, болен од среброљубие, се помрачуваше и на беззаконите судии, Тебе – праведниот судија – Те предава. Душо среброљубива, гледај каде оди да се обеси таквата душа; одврати се од среброљубието на Јуда, кој се осмели да Му направи такви работи на Својот Учител; Господи, Кој си добар за сите, Слава Ти (3-пати).


Потоа, Евангелие според Лука, зачало 108, од половина, а крајот е во зачало 109 (односно: 22, 1-39). И псалм 50. Молитвата: Спаси ги, Боже, луѓето Твои: не ја кажуваме.


Канон, творба на господин Козма, глас 6. Ирмосите по двапати, а тропарите на 6.


Песна 1


Ирмос: Црвеното Море се разделува, а дното се исушува; за народот без оружје станува проодно, а гроб за оние со оружје; кон Бога, пак, песна се вознесува: Христос, нашиот Бог, славно се прослави.


Неизмерната Мудрост Божја, која е причина на сѐ, и дарител на живот, си создаде храм од чистата неискусомажна Мајка, зашто, откако во телесен храм се облече, Христос нашиот Бог славно се прослави.


Вистинската Мудрост Божја, тајно водејќи ги пријателите свои, им подготвува душехранлива трпеза и за верните ја полни чашата на бесмртноста. Да пристапиме набожно и да повикаме: Христос, нашиот Бог, славно се прослави.


Сите верни, да ја слушнеме несоздадената Премудрост Божја, која ни упатува врвна порака, зашто вика: Вкусете и видете колку е добар Господ, и запејте: Христос, нашиот Бог, славно се прослави.



Песна 3


Ирмос: Господ, Кој е Создател и Бог на сите, иако нестрадален, откако осиромаши, создаденото со Себе го соедини, и Самиот Он, како наша Пасха, се принесе на жртва за оние што сакаше со Својата смрт да ги спаси, викајќи: Јадете го телото Мое и со вера утврдете се.


Со Твојата чаша на радоста, Добри, избавителна за целиот човечки род, откако ја наполни, ги напои Твоите ученици, бидејќи Самиот Себе се жртвуваш, викајќи: Пијте од неа, ова е Мојата крв, и со вера утврдете се!


На Твоите ученици си им претскажал, Незлобиви: Еден од вас е предавник; тој е безумен и не ги разбира овие работи, и никогаш нема да ги разбере! Но вие останете во Мене и со вера утврдете се!


Седален, глас 1.
Подобен: Гробот Твој:


Оној што ги создаде езерата, изворите и морињата, давајќи ни пример за врвно смирение, се препаша со крпа и нозете на учениците им ги изми, смирувајќи се поради Неговото преизобилно милосрдие и издигнувајќи нѐ од бездната на злото, единствениот Човекољубец.


Седален, глас 3.
Подобен: На божествената вера:


Смирувајќи се поради милосрдие, си ги измил нозете на Твоите ученици, и си ги подготвил да Го следат Бога. И Петар, кој одбиваше да биде измиен, веднаш се покори на Божјата заповед и, додека го миеше, срдечно Те молеше, да ни даруваш милост голема.


И сега: глас 4.
Подобен: Си се јавил:


Господи, додека јадеше со Твоите ученици, таинствено си го навестил Твоето сесвето жртвување, со кое од смртта се избавивме, почитувајќи ги Твоите чесни страдања.



Песна 4


Ирмос: Предвидувајќи ја Твојата неискажлива тајна, Христе, пророкот извика: Ти ја покажа силата на Твојата крепка љубов, Оче штедар, зашто си Го испратил Твојот Единороден Син за очистување на светот, Благи.


Одејќи, Христе, на страдање, кое е извор на нестрадалност за сите луѓе од Адама, на Твоите пријатели си им рекол: Имав желба оваа Пасха да ја јадам со вас, зашто Отецот Ме испрати во светот Мене – Единородниот (Син), заради (негово) очистување.


Пиејќи од чашата, Бесмртен, на учениците си им викал: Додека сум со вас, повеќе нема да пијам од овој лозов плод, зашто Отецот Ме испрати во светот Мене – Единородниот (Син), заради (негово) очистување.


Песна 5


Ирмос: Соединети со врската на љубовта, Апостолите дозволија да им ги измие нозете Христос – Господарот на сите, Кој ги направи благовесници на мирот во целиот свет.


Премудроста Божја, која ги зауздува големите води, која ги скротува бездните, и го задржува бесот на морските бранови, денес сипа вода во леген, и Господарот ги мие нозете на своите слуги.


Господарот им дава пример на смирение на учениците: Оној што небото со облаци го покрива, со крпа се препашува и колената ги преклонува, на слугите да им ги измие нозете; Он, во чии раце е дишењето на сѐ што постои.

Песна 6


Ирмос: Крајната бездна гревовна ме обзеде и, не поднесувајќи ги повеќе брановите, како Јона Ти викам: Господи, од гнилежот изведи ме.


О ученици, вие ме именувате Господ и Учител! И навистина тоа сум, си викал, Спасителе. Затоа, подражавајте го примерот што во Мене го видовте.


Оној што нема скверна, нема потреба од миење на нозете. И вие, ученици, чисти сте, но не сите, зашто во овој миг еден од вас во своето лудило мисли да ме предаде.


Кондак, глас 2.
Подобен: Барајќи ги горните:


Откако предавникот зеде леб во рацете, скришно ги пружа и ја прима цената на Оној што со свои раце го создал човекот, и Јуда остана непоправен слуга и измамник.


Икос: Да се доближиме сите со страв до тајната трпеза и со чисти души да го примиме лебот, останувајќи со Господа. Да видиме како им ги мие нозете на учениците, а и ние да направиме како што гледаме, покорувајќи се еден на друг, и еден на друг нозете миејќи ги, зашто Христос така им заповеда на Своите ученици, но Јуда – слугата и измамник, не слушна.


СИНАКСАР




Стихови за миењето на нозете:


Бог, Кој некогаш го вознемири рајот додека одеше низ него во приквечерината,

Вечерта на Велики Четврток доаѓа да им ги измие нозете на учениците.



Стихови за Тајната вечера:


Вечерата е двојна: една е Пасхата на законот;

Втора е Новата пасха - Телото и Крвта на Господа.



Стихови за Првосвештеничката молитва:


Молитва и страв, пот од крв на лицето Христово, смрт,
А со тоа го прелажува ѓаволот.



Стихови за предавството:


Зошто доаѓате со ножеви и стапови да Го барате,

Оној што сака да умре за избавување на светот?




Во светиот и Велик Четврток, како што ни пропишаа светите отци, според Преданието што го примија од божествените апостоли и од светите Евангелија, ги празнуваме овие четири настани: миењето на нозете, Тајната вечера, свештената молитва и предавството Јудино.
Бидејќи еврејската пасха требаше да биде жртвувана во петокот, беше погодно вистината да биде во согласност со сликата, односно во истиот ден да биде жртвуван и Христос, нашата Пасха. Поради предвидување, како што велат божествените отци, Господ наш Исус Христос ја извршува во четврток навечер, бидејќи таа вечер и целиот ден од петокот Евреите го сметаат за еден ден и го именуваат ноќеденство – никтимерон (од едно заоѓање на сонцето до другото заоѓање). Тоа е причината поради која Он, со Своите ученици, ја изврши тогаш Пасхата според Законот, како што велат некои, меѓу кои и божествениот Златоуст. Прво, стоејќи простум и препашани, обуени во сандали, со стап в рака, запазувајќи ги и сите други прописи на законот, за да не се остави впечаток дека го прекршуваат. Оваа Пасха ја подготви Зеведеј, зашто стомната со вода ја носеше тој, како што вели Великиот Атанасиј, иако некои други за ова зборуваат поинаку. Потоа, откривајќи им на своите ученици едно посовршено славење, Господ ја востановува тајната на нашата Пасха, во горната одаја, кога ноќта веќе беше настапила, зашто е речено: „Кога настапи вечерта, Он седна на трпезата со дванаесетте.” Видете, Ова не беше Пасхата на Законот, бидејќи се седнува на трпеза приготвена од леб и вино, додека порано била со печено месо и со бесквасен леб.


Пред почетокот на вечерата (вака зборува божествениот Златоуст), Он станува од трпезата, ја остава Својата горна облека и става вода во леген, Самиот правејќи сѐ, за да го посрами Јуда, но и за да ги потсети другите апостоли да не бараат старешинство, како што тоа го покажува по миењето на нозете, велејќи: „Кој сака да биде прв, нека биде последен”, давајќи се Себеси за пример. Се чини дека Христос најнапред му ги измил нозете на Јуда, кој без срам беше го зазел првото место. На крајот доаѓа до Петар. Но овој, бидејќи најревносен од сите, Му забранува, но на крајот пак Му дозволува да му ги измие нозете. Откако им ги изми нозете и покажа колку високо можеме да се издигнеме преку смирението, ги зеде повторно Својата облека и Своето место на трпезата, ги поучи да се сакаат еден друг, но да не бараат старешинство.


И додека јадеа им го навести предавството. Бидејќи тие се вознемирија поради тоа, Исус му рече само на Јована, тајно: „На оној што ќе му дадам едно парче леб, откако ќе го натопам, тој е оној што ќе ме предаде.” Ако Петар знаеше на кого се однесуваат овие зборови, тој ќе го убиеше Јуда, бидејќи беше најревносен од сите. Или пак: „Оној што ќе ја стави раката своја во чинијата...”, бидејќи се среќава и едното и другото.
По малку време, зеде леб и рече: „Земете, јадете”, а слично и со чашата: „Пијте од неа сите, ова е крвта Моја на Новиот завет...ова правете го во мој спомен.” Ова правејќи го, и Он јадеше и пиеше со нив. Забележете добро, дека лебот (квасен) го именува Свое тело, а не бесквасниот леб (азим). Нека се засрамат оние што принесуват бесквасни лебови за бескрвната жртва.


По лебот, сатаната влезе во Јуда; ако порано само го искушуваше, сега конечно се всели во него. Кога излезе, тој се договори со првосвештениците да им го предаде за триесет сребреника.
По вечерата, учениците отидоа на Маслиновата Гора, во една градина, наречена Гетсиманија. По некое време, Исус им рече: „Оваа ноќ сите вие ќе се соблазните поради Мене.” Петар му рече: „Макар и сите да се одречат од Тебе, јас нема да го сторам тоа.” А беше доцна, односно длабока ноќ. Исус повторно му рече: „Пред да запее петелот двапати, ти ќе се откажеш од Мене трипати.” Така и се случи. Од ова Петар го обзеде голем страв. На овој начин Бог му ја покажа слабоста на неговата природа, но истовремено, бидејќи сакаше да му ја довери сета вселена, Он сака да му даде на знаење дека целиот свет има иста природа, и дека тој (Петар) треба да се покаже милостив кон грешниците.



Впрочем, тројното Петрово одречување ги претставува гревовите на сите луѓе против Бога. Пред се, заповедта што ја прекрши Адам; потоа прекршувањето на Пишаниот закон; на трето место, прекршувањето на заповедите на воплотеното Слово. Но, Спасителот го исцели со тројното покајание. Затоа Он му рече трипати: „Петре, ме љубиш ли?” Потоа им рече на учениците (покажувајќи им ја Својата човечка природа, бидејќи смртта е страшна за сите): „Душата моја смртно е нажалена.” Потоа се оддалечи малку, колку што со камен може да се дофрли, се помоли трипати и рече: „Оче Мој, ако не е можно да Ме одмине оваа чаша, да не ја пијам, но нека биде волјата Твоја.” И пак: „Оче, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша!” Од една страна, Он го вели ова како човек, но од друга страна Он вешто го отстранува ѓаволот со цел, овој последниов, мислејќи дека има работа со човек кој се плаши од смртта, да не прави пречки на тајната на Крстот.




Кога се врати при учениците и ги најде заспани, му се обрати на Петра и му рече: „Зар не можевте ниту еден час да бдеете со Мене?” А тоа значи: „Ти, кој велеше дека и до смрт ќе се бориш за Мене, еве, и ти спиеш како и другите!”



А кога мина на другата страна од потокот Кедрон, каде што имаше градина, таму остана со учениците Свои, бидејќи имаше обичај да оди таму често. Затоа и Јуда го знаеше тоа место. Откао зеде неколку војници, со народот што го следеше, тој се доближи до Исуса и Му даде целив. Овој целив беше договорениот знак, бидејќи Он требаше да биде фатен повеќе пати, но си заминуваше, без да биде забележан. Но овојпат самиот Исус излезе пред нив и им рече: „Кого барате?”, бидејќи тие се уште не Го познаваа. Сепак, мракот не беше целосен, затоа што тие имаа светилки и факели запалени. Исплашени, тие се повлекоа и паднаа на земја. Кога Јуда го направи она за што се беа договориле, Исус му рече: „Пријателу, направи го тоа за кое си дојден”, односно: „Ова е моментот да го направиш она за кое си дојден”. И пак им рече: „Зар како на разбојник излеговте со ножеви и стапови да Ме фатите?” А дошле ноќе за да не настане бунт кај народот. Тогаш ревносниот Петар извлече нож, зашто за ова беа подготвени уште од вечерта, и му го отсече десното уво на еден од слугите на првосвештеникот, по име Малх. Но, знаејќи дека првосвештениците велеа за Него како тој не го слушал Законот, а поучувал, Исус го укори Петра, бидејќи не е добро за ученик на еден духовен човек да се служи со нож. И Он го исцели Малха. Кога, пак, Го фатија Исуса, врзан Го приведоа во дворот на првосвештеникот Ана, кој му беше тест на Кајафа, зашто таму беа собрани сите – фарисеи и книжници, кои извикуваа против Христа. Таму и слугинката му се нафрли на Петра и тој се одрече од Христа; кога мина ноќта, петелот запеа трипати и тој се сети, па горчливо заплака. Бидејќи веќе беше утро, од кај Ана, Христа го одведоа при првосвештеникот Кајафа, каде што го плукаа в лице и беа повикани лажни сведоци. Кога засветли денот, Кајафа Го испрати при Пилата. Тие што Го водеа не влегоа во судницата, за да не се осквернат и да можат да ја јадат пасхата. Некои, како што вели божествениот Златоуст, тврдат дека фарисеите и првосвештениците го прекршиле законот префрлајќи ја пасхата за другиот ден, бидејќи требало да ја јадат токму таа ноќ, но дека тие ја поместиле за наредниот ден, за да можеле да Го убијат Христа. Но, ако тие требало да ја јадат пасхата тогаш, Христос покажал, јадејќи ја претходната вечер, дека не упатил во совршената тајна. Или пак, како што беше речено, требаше да стане реалност она што во Законот беше само слика. Всушност, свети Јован вели: „Пред празникот Пасха”. Од овие причини и ние го празнуваме се она што се случи во тој четврток и во наредната ноќ и со стравопочит правиме спомен на сите оние страшни и неискажливи дела и настани.

По Твоето неискажливо милосрдие, Христе Боже наш, помилуј не. Амин.




Песна 7



Ирмос: Младите момчиња во Вавилон, не се исплашија од огнот во печката, но среде пламенот фрлени, оросени пееја: Благословен си, Господи, Боже на нашите татковци.


Наведнувајќи ја главата, Јуда понираше во својата зла намера, барајќи погодно време, за да Го предаде на суд Судијата, Кој е Господ на сите и Бог на нашите татковци.


Вам, на пријателите, Христос ви викаше: Еден од вас ќе Ме предаде, а тие, заборавајќи ја радоста, ги обзеде страв и тага, велејќи: Кој е тој, кажи ни, Боже на нашите татковци?


Оној што со Мене ќе ја стави слободно раката во чинијата, за него ќе беше подобро никогаш да не ја минал вратата на животот; а оној што беше предавник, него го посочи Бог(от) на нашите татковци.


Песна 8


Ирмос: Блажените момчиња во Вавилон, знаејќи однапред за татковските закони, безумната царска заповед ја плукнаа, и собрани заедно, од огнот не беа изгорени, и на Семоќниот достојна песна Му пееја: Пејте Му на Господа, дела, и превозносете Го во сите векови.


Апостолите, блажени гости на Сион, го следеа Словото, како овци Пастирот и, соединети со Христа, од Него никогаш не Го оставија; хранети од Словото Божјо, со благодарност викаа: Пејте Му на Господа, дела, и превозносете Го во сите векови.


Јуда Искариот законот за пријателството самоволно го заборави, и нозете, што Ти му ги изми, на предавство го одведоа; откако го изеде лебот, Твоето божествено тело, Христе, Ти стави замка, и не знаеше да Ти запее: Пејте Му на Господа, дела, и превозносете Го во сите векови.


Безсовесниот Јуда го примаше телото кое ослободува од гревот и божествената крв пролеана за светот, но не се срамеше да ја пие оваа крв што за пари ја продаваше. Тој не умееше да го избегне ова предавство и да вика: Пејте Му на Господа, дела, и превозносете Го во сите векови.


Песна 9


Ирмос: Дојдете, верни, да се насладиме од гостопримството Господово и од Неговата бесмртна трпеза во горната соба, издигнувајќи ги нашите срца, зашто Словото е присутно горе, како што се научивме од Словото, Кое што Го величаме.


Одете, им вели Словото на учениците, пригответе Ми Пасха во горната соба, со која умот се утврдува, со бесквасен леб и со вистински збор, и силата на благодатта величајте ја.


Пред вековите, Отецот ме раѓа Мене, Премудроста создателка, имајќи ме за почеток на своите патишта, за делата што сега таинствено се извршуваат. Бидејќи сум по природа Словото несоздадено, сега си го присвојувам јазикот на оној што го примив.


Бидејќи сум и човек по природа, реално, а не привидно, а поради фактот на оваа размена, природата што ми е присоединета е Божја, затоа препознајте Го во Мене Христа, единствен во две природи, Кој спасува.


Егзапостилар.


Твојата свадбена одаја ја гледам украсена, Спасителе мој, и немам облека да влезам во неа. Просветли ја облеката на душата моја, Дарителу на светлина, и спаси ме.


На хвалитни земаме 4 стиха, и пееме стихири самогласни, глас 2.


Јудејското собрание се состана, за да му Го предаде на Пилата, Создателот и Творецот на сѐ. О беззакони, о неверни, кои Го предавате на суд Оној што ќе им суди на живите и мртвите; кои на страдање Го предавате Оној што ги лекува нашите страсти: долготрпелив Господи, голема е Твојата милост, слава Ти.


Беззакониот Јуда, кој на Тајната вечера ја стави раката во чинијата, заедно со Тебе, кон беззакониците ги пружи и рацете за да ги прими сребрениците: тој ја пресмета и цената на мирото и не се исплаши да Те продаде Тебе, Кој немаш цена; тој ги пружи и нозете за да му ги измиеш, Му даде лажен целив на Господа, за да им Го предаде на беззакониците: откако се одрече од соборот на апостолите, иако ги фрли триесетте сребреници, не се удостои да го види Твоето тридневно Воскресение. Господи, Кој воскресна, помилуј нѐ.


Предавникот и лажливец Јуда, со лажен целив Го предаде Спасителот и Господарот на сите, и како роб им Го продаде на Јудеите Господарот на сите: како јагне за колење, така го следеше Јагнето Божјо, Синот на Отецот, Кој е единствениот многумилостив.


Јуда, слуга и измамник, ученик и предавник, другар и по делата ѓавол се покажа, зашто Го следеше Учителот и од Него на Преданието се учеше, а во себе говореше: Ќе Го предадам и богатство ќе соберам: бараше и мирото да се продаде, и Исуса со измама да Го фати; како јагне на колење Го следеше Единствениот и Милостив и Човекољубец.


Слава, и сега: глас исти:

Јагнето што го навести пророк Исаија, оди на доброволно колење, и дозволува да биде биено по плеќите и образите; без да го свртува лицето од плуканиците, на срамна смрт се осудува: и Он, безгрешниот, доброволно прима сѐ, за да им дарува на сите воскресение од мртвите.


На стиховни стихири самогласни, глас 8.



Денес лукавото собрание се состана против Христа и против Него донесоа неправедна одлука, да му Го предадат на Пилата на смрт Христа невиниот. Денес Јуда среброљубецот си става јаже на вратот и двојно се лишува од живот – привремениот и божествениот. Денес Кајафа неволно претскажува, велејќи: Подобро е еден човек да умре за луѓето; зошто Он дојде да пострада за нашите гревови, да нѐ ослободи од ропството на ѓаволот, како добар и човекољубец.


Стих: Оној што ги јаде лебовите мои, ми подготвува искушенија.



Денес Јуда го скрива лицето на милосрдието, а го открива ликот на среброљубието. За бедните повеќе не се грижи, повеќе не го продава мирото на грешницата, туку небесното миро; од него ги присвојува сребрениците, зашто трча при Јудеите и на беззакониците им вели: Што ќе ми дадете, и јас ќе ви го предадам него? О среброљубие предавничко! Богатството го продава евтино; според желбата на купувачите ја определува цената на она што го продава. Тој не е настојчив околу цената, Го продава Господа како роб кој бега. Крадците секогаш го фрлаат она што е скапоцено, но денес она што е најсвето ученикот им го фрла на кучињата, бидејќи треската од среброљубието го насрчува против својот Господар. Но, да бегаме од неговиот пример, викајќи: Долготрпелив Господи, слава Ти.


Стих: Излегува надвор и веднаш против мене зборува.


Неправеден Јудо, твојот нарав со измама се исполнува, зашто, болувајќи од среброљубие, си стекнал човекоомраза. Оти, ако си го љубел богатството, зошто си тргнал да го следиш Оној што учи за сиромаштвото? Ако, пак, си Го љубел Господа, зошто Го предаде убиен да биде? Затрепери, сонце; заплачи, земјо; и, тресејќи се, повикај: Незлобив Господи, слава Ти.


Стих: Зборови законопрестапни покренаа против мене.


Верни, никој да не пристапува кон трпезата Господова, ако не е поучен во неа. Затоа никој да не ѝ пристапува лажно како Јуда. Оти тој, откако го прими лебот, се оддалечи од Лебот (на животот). Според изгледот беше ученик, а во реалноста – убиец. Со Јудеите се веселеше, а со апостолите на трпезата седеше. Мразејќи целиваше, а целивајќи, Го продаваше Оној што нѐ искупи од клетвата – Бога и Спасителот на душите наши.


Слава, глас исти: Неправеден Јудо, твојот нарав со измама се исполнува:

И сега: глас 5: Упатувајќи ги во тајните Твоите ученици, Господи, Ти ги учеше, говорејќи: Пријатели (мои), никаков страв да не ве раздели од Мене. Оти, ако страдам, тоа е за светот не соблазнувајте се од Мене, оти Јас не дојдов да ми служат, туку да послужам, и душата своја за избавување на светот да ја положам. Ако, пак, сте мои пријатели, мене подражавајте ме. Кој сака да биде прв, нека биде последен, како господарот, така и слугата. Останете во Мене, за плод да принесете, зашто Јас сум лозата на животот.


Добро е да се слави Господ:

Го додаваме и Прв час, во кој го читаме и тропарот на пророштвото, глас 3.


Ти, Кој прими шлаканици за родот човечки и не се разгневи, ослободи го од пропадливост животот наш, Господи, и спаси нѐ.


Слава, и сега: исто.

Прокимен, глас 1: Нека разберат народите, дека името Ти е Господ.


Стих: Боже, Кој ќе Ти се уподоби?


Од пророштвата на Еремија (11, 18-23, 12, 1-5, 9-11, 14-15), читање:

Господ ми откри, и јас знам; ти ми ги покажа нивните дела. Јас, пак, како кротко јагне, водено на клање, и не знаев дека тие смислуваат заговор против мене, велејќи: „да му ставиме отровно дрво во неговото јадење, и да го истргнеме од земјата на живите, така што ни името негово веќе да не се споменува.” Но Ти, Господе Саваоте, праведен Судијо, Кој ги испитуваш срцата и утробите, допушти да ја видам Твојата одмазда врз нив, бидејќи Тебе ти го доверив своето дело! Затоа така вели Господ, за луѓето од Анатот, кои сакаат да ја одземат душата твоја и кои велат: не пророкувај во името на Господа, за да не умреш од рацете наши; поради тоа вака вели Господ Саваот: еве, Јас ќе ги посетам; младичите нивни ќе умрат од меч; синовите и ќерките нивни ќе умрат од глад. И нема ништо да остане од нив, зашто ќе испратам зло врз Анатотите во годината, кога ќе ги посетам. И нема ништо да остане од нив, зашто ќе испратам зло врз Анатотите во годината, кога ќе ги посетам. Праведен си Ти, Господи, ако би се оправдувал со Тебе; но ќе проговорам за судовите Твои. Зошто патот на безбожниците е успешен и живеат во мир сите оние што не веруваат? Ти ги посади, и тие се вкоренија и израснаа, па и плод даваат; во устата нивна Ти си близок, но далеку си од срцето нивно. А мене, Господи, Ти ме познаваш, Ти ме гледаш и го испитуваш срцето мое какво е кон Тебе. Одвои ги како овци за клање и приготви ги за денот, кога ќе бидат убиени. Долго ли ќе тагува земјата, и ќе се исуши тревата по сите полиња? Добитокот и птиците гинат поради беззаконијата на жителите нејзини; оти велат: Он нема да види, што ќе стане со нас. Кога трчаше со пешаците и тие те изморија, како можеш тогаш да се натпреваруваш со коњи? И ако беше спокоен во мирна земја, што ли ќе правиш, кога ќе се крене Јордан? Наследството Мое стасна како птица шарена, врз која од сите страни се нафрлуваат други грабливи птици. Одете, собирајте се сите полски ѕверови, одете да го изедете. Многу пастири го растурија Моето лозје, го изгазија со нозе делот Мој: Мојот драг дел го направија гола пустелија, – го направија пустиња, и тој запусте, плаче пред Мене; целата земја ја опустошија, оти никој не го зема тоа при срце. Така вели Господ за сите мои лоши соседи, кои ги напаѓаа делата, што ги извршив за наследството на Мојот народ, Израилот. Еве, Јас ќе ги откорнам од земјата и домот Јудин ќе го истргнам од неговата средина. Но, откако ќе ги истргнам, пак ќе ги вратам и ќе ги помилувам, и секого ќе го доведам во неговиот дел и секого – во земјата негова.


Прокимен, глас 8: Помолете се, и дар принесете Му н Господа нашиот Бог. Стих: Познат е во Јудеја Бог, големо е името Негово во Израилот.



Извор: ПОСЕН ТРИОД

Подготви: Светланка Трајчева

Друго:

На Твоите ученици си им рекол, Благи: Бидете будни, оти не знаете во кој час ќе дојде Господ, за да суди секому (според неговите дела).

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная