логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

kosnica-720x340

08/04/2015   Поуки - совети

Постојат повеќе толкувања околу символиката на велигденското јајце, како и причините и начинот на негово фарбање. Иако голем дел од обичаите кои го следат фарбањето (вапсувањето) се од сомнително протекло, постои Православно предание кое нуди објаснување на елементите кои го следат овој радосен чин.

Имено, Православното предание го поврзува ритуалот на вапсување црвени јајца пред новозаветната Пасха, односно Велигден, со ликот на светата мироносица Марија Магдалена рамноапостолна. Во Светото Евангелие според светиот апостол Лука, ликот на Марија од Магдала (наречена Магдалена според Магдала, покрај Генисаретското Езеро од каде што е нејзиното потекло) е поврзан со нејзиното мачење од седум бесови, од кои ја ослободил Спасителот Исус Христос.

Претходно живеејќи блуден и развратен живот, сега веќе излекуваната Марија доживела целосно преумување, и започнала да живее нов живот, станувајќи вистински верен следбеник на Христос. Посведочувајќи ја својата верност кон Христа за време на Неговата проповед, но и Неговото страдание и погребение (имено, таа била единствената која заедно со Пресвета Богородица и свети Јован Богослов стоеле под Крстот), Марија на третиот ден од Распнувањето пошла кон Христовиот гроб да Го миропомазе Спасителот Христос. Кога пристигнала таму, видела дека каменот е тргнат, и Христос не бил на местото каде бил положен. Марија побрзала да ги повика апостолите Петар и Јован, кои и самите се увериле дека Сонцето на Животот Го немало во гробот. Стоејќи подоцна сама на местото каде Христос бил положен, видела два ангела, за веднаш потоа да Го види својот Учител, кој и рекол да им каже на другите ученици дека Христос се враќа кај Неговиот и нивниот Отец, Неговиот и нивниот Бог; таа го сторила тоа, што всушност претставува и прва проповед на Воскресението Христово.

Апостолите понатаму го ширеле Благовестието на Христовото Воскресение по сите краишта на земјата, а со нив заедно заминала и Марија Магдалена, која според сведоштвото на Светото Предание, заминала да проповеда во паганскиот Рим. Таму таа насекаде Го проповедала Христа и Неговото учење, но кога луѓето не и верувале дека Тој воскреснал, таа им го повторила она што им го рекла и на апостолите: „Го видов Господа!“ Од голема ревност, го посетила и императорот Тибериј, на кому исто така му го проповедала Христовото Воскресение. Со неа понела и едно јајце, како символ на Новиот Живот и Воскресение, и давајќи му го на императорот, му се обратила со зборовите: „Христос воскресна!“ Тибериј ја отфрлил можноста за воскресение од мртвите, велејќи дека никој не може да воскресне од мртвите, исто како што и јајцето кое таа му го донела не може да стане црвено. Во тој момент, јајцето станало црвено, за и тоа да сведочи за зборовите на мироносицата, и таа ги повторила зборовите на апостолите – дека верата во Воскресението Христово не е како минливото злато и сребро, туку дека скапоцената Крв Христова е како неизвалкано и чисто Јагне. На тој начин се создала традицијата за подарување на пасхални јајца на денот на Пресветлото Воскресение Христово.

Според едно древно манастирско правило, кое се чува во манастирската библиотека на свети Атанасиј, близу Солун, постои молитва на самиот ден на Воскресение за благословување на приложените јајца, во кое е означено дека игуменот ги разделува јајцата, велејќи им на возљубените: „Како што примивме од нашите свети отци, кои го зачуваа овој обичај уште од апостолско време, кога светата рамноапостолна Марија Магдалена пред верните прва го прикажала примерот на овој радосен дар.“

Извор: http://agapi.mk/za-veligdenskoto-jajce/

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная