Полесно е да отидеш во рајот, ОТКОЛКУ во пеколот
Старец Никон Светогорец
Ако живееш како што ти предпага Христос ќе научиш нешта кои на никој друг начин не би ги научил. Целото христијанство е спротивно на логиката на светот. Нашата вера не се учи со читање и слушање. Во пракса, со со примена ќе се увериме дали е нешто вистина. Нашата вера е живот и ја учиме живеејќи. По 2000 години само ќе веруваме? Ако не Го живееме Бога, не Го ни знаеме.
Ѓаволот ни помага да правиме милостина, да постиме, да девствуваме, да градиме цркви бидејќи знае дека може да Нè фрли во гордост. Само две нешта ѓаволот нема да те остави да ги правиш: да велиш „Господи Исусе Христе, помилуј ме" и да одиш да се исповедаш. Зборовите се сиромашни, со нашиот живот ќе зборуваме за Христа. Ние христијаните сме нашиот проблем и проблем на другите. Бидејќи тешко е да се поправиме себеси, претпочитаме да ги поправаме другите. „Не ќе постоеја многубошци, ако ние бевме христијани како што треба", вели свети Јован Златоуст.
Зборовите без живот замолкнуваат. Животот без зборови извикува. Живеј со телото правилно за да го следи и душата. За да одиш во пеколот треба да се испотиш!
Каков е твојот живот, таква ќе биде и твојата философија, а не обратно.
Престанавме да бидеме едноставни. Еден човек има 1000 желби. 1000 ангели имаат една желба, како да Му угодат на Бога. Нема таков грев кој не сме го прифатиле најпрво во умот. Нема да одиме во пеколот затоа што сме грешни, туку затоа што не се каеме и не се исповедаме. Мрзливи сме и бараме Бог да ја заврши нашата работа! Човекот треба да го прави она што е според неговите сили и потоа Бог ќе го направи неговото чудо. Не можеме ние да ги бираме нашите крстови, туку ни ги подготвуваат... Во моментот на приковување ќе се покаже колку сме христијани. Недостатокот на трпение покажува недостаток на љубов, преголем егоизам и гордост. Светоста не е заразна (леплива). Интернетот и технологијата се многу добри и благословени. Малку ги користиме, имаме задоцнето, требаше да направиме многу повеќе. Многу повеќе сме задоцнети отколку нашиот грев. Никогаш претходно христијаните немале толку оружја за да се борат и да се одбранат. Интернетот е ризница и нужник. Од нас зависи каде ќе одиме.
Не ни требаат нови галаксии, ни требаат огледала за да си ги видиме слабостите. Под изговор на љубовта сакаме да ги наметнеме нашите точни размислувања на другите, за да се покаже нашата супериорност. Љубовта е омилена облека на ѓаволот... Сакај сè освен Христос. За да завладее злото, доволно е добрите да не прават ништо. Треба да бидеме борци (подвижници) и да се поддржуваме еден сo друг. Учете од Јуда!
Превод од грчки јазик: свештеник Јани Мулев.
Извор: Ортодоксија-ортопраксија
20-ти март. лето Господово 2015