логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 



21/03/2014  

 
Православната Црква на 22 март (9 март по стар стил) го одбележува споменот на 40-те севастиски маченици, ден кој меѓу народот е популарен како Младенци. На тој ден, според старата народна и црковна традиција, сопружниците (младенците) што стапиле во брак во текот на минатата година, во својот дом пречекуваат гости, кои им носат подароци и на тој начин тие им помагаат на брачниците во започнувањето на нивниот заеднички живот.

Кое е значењето на овој празник и каква е неговата конекција со бракот? За да одговориме на ова прашање, треба да го проанализираме значењето на овој празник и поимање на бракот во Црквата, па да го најдеме заедничкиот именител на овие две нешта. Токму во него се крие возвишениот теолошки концепт на таа врска, зашто тука, да разјасниме, не станува збор за бесмислен народен обичај, иако такви ги има многу во народното сознание.
Подвигот на мачеништвото

40-те маченици пострадале на почетокот од 4 век и култот на нивното почитување започнува уште оттогаш, за што сведочи и беседата на св. Василиј Велики, произнесена во денот на нивниот спомен, неколку децении по нивното мачеништво. Според мартириологот, за време на страдањето на мачениците, во еден момент се појавиле венци над нив како символ на небесната награда за нивниот подвиг.


Младенци

Во првите векови мачеништвото за Христа бил масовен феномен; речиси сите апостоли својот живот го завршиле со насилна смрт, а во првите три века речиси нема епископ на Црквата кој не пострадал маченички. Воопшто, станува збор за милиони знајни и незнајни личности, кои со својата смрт Го посведочиле Воскреснатиот Христос. А што, всушност, претставува мачеништвото? Христос рекол: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе крстот свој и нека Ме последува! Зашто, кој сака да го спаси животот свој, ќе го загуби; а кој ќе го загуби животот свој заради Мене, тој ќе го спаси. Зашто, каква му е ползата на човека, ако го добие целиот свет, а себе самиот се упропасти или си направи штета?“ (Лк 9,23-25). Мачеништвото, во оваа смисла, е подражавање par excellence на Христа, Кој беше распнат заради нас и нашето спасение.

Бог, според учењето на Црквата, во Христа ја воипостазира човечката природа, та преку воплотувањето таа да биде исцелена (спасена). Бог во Христа го исполни она што првиот човек не успеа и затоа за Исуса говориме дека е нов Адам (види Рим 5,12-21). Но, бидејќи овој свет е паднат и изопачен од гревот, а Бог е совршена Љубов и Смирение, затоа Божествената Љубов во овој свет не можеше поинаку да се манифестира, освен преку Крстот. Затоа што Бог го преобразуваше светот, победувајќи го злото со совршено добро (сп. Рим 12,21), зашто само на тој начин можеше да се стави крај на злото, оти, како што рекол Честертон, ако на злото му се враќа со зло, кога тој циклус воопшто ќе заврши. Христос, совршената Љубов Божја, не враќајќи му на злото со зло ја претрпе крсната смрт, но бидејќи таа Љубов беше посилна од смртта, на крајот следуваше и Воскресението од мртвите, а таа Христова победа му се дарува на секој оној што Го последува Него.

Словенскиот збор маченик претставува превод на грчкиот термин μάρτυρ, што значи сведок. Мачениците заради Христа биле сведоци на Воскреснатиот Христос, на Неговата победа над смртта, сведоци на преобразувањето на смртта во Христа, преку Кого таа станува Пасха, премин во животот на царството на славата. Еве како св. Василиј зборува за тоа: „Сега ние ликуваме кога умираат преподобните. Бидејќи природата на жалоста се измени по Крстот Господов. Смртта на светиите веќе не ја придружуваме со плач, туку околу нивните гробови се радуваме со божествена радост. Имено, смртта за праведникот е сон или, подобро речено, премин во подобар живот. Затоа мачениците ликуваат кога ги колат. Желбата за најблажениот живот ја умртвува болката на колењето. Маченикот не гледа на опасноста, туку на венците.“

Расудувајќи вака, можеби ќе се запрашаме: а зар да се следи Христа, мора да го завршиме животот со маченичка смрт? Воопшто не. Во погоре наведените Христови зборови, одрекувањето од сопствениот живот и носењето на крстот, заради здобивање на спасението, не треба да го сфатиме како повик на самоегзекуција. Тука станува збор за уништување на ултимативниот грев, коренот на сите други гревови – гордоста и на сите негови деривати: егоизмот, солипсизмот и високото мислење за себеси, а не одрекување од радоста на животот. Имено, во таа смисла е овде носењето на крстот: во победата над себеси во името на Христа, во откажувањето од својата гревовна волја, која се противи на совршената Божја волја, т.е. во стекнувањето на опозитот на гордоста – смирението. И тоа е мачеништво, крст, по кој следува воскресение. За неопходноста од смирението, еве како говори еден од најголемите боговдахновени аскети на нашето време, св. Силуан Атонски: „На смирената душа Господ ѝ ги открива Своите тајни. Целиот живот светиите се смирувале себеси и се бореле со гордоста. И јас се смирувам себеси ден и ноќ, и сѐ уште не се смирив како што треба, туку преку Духот Свет мојата душа го позна Христовото смирение, на кое Он ни заповеда да се научиме од Него, и мојата душа непрестајно се стреми кон Него… О, Христово смирение, колку е тоа слатко и пријатно. Тоа се наоѓа само во ангелите и светите души, а ние треба да се сметаме за полоши од сите, и тогаш Господ ќе ни даде и нам да го познаеме Христовото смирение преку Духот Свет… Каква е нашата радост, што Господ не само што ни ги простува гревовите, туку ѝ на душата и дава да Го познае Него, само кога таа ќе се смири. Секој последен бедник може да се смири и да Го познае Бога преку Духот Свет. Не се потребни ниту пари, ни имот, за да се познае Бога, туку само смирение. Господ Се дава Себеси бесплатно, само по милоста… На многу, поради гордоста на нивниот ум, Господ не им дава да Го познаат, а тие сепак мислат, дека многу знаат. А колку вреди нивното знаење, ако не Го знаат Господа, не ја знаат благодатта на Светиот Дух, не знаат како таа доаѓа и зошто се губи? Но да се смириме себеси, браќа, и Господ сѐ ќе ни покаже, како што љубовниот татко сѐ им покажува на своите деца…Силно верувај, дека ние страдаме само до тогаш, додека не се смириме; а штом се смириме, тогаш завршуваат маките, зашто Духот Божји заради смирението ја известува душата, дека таа е спасена.“ Но, за да се стекне смирението, потребно е многу труд и голем подвиг, и тој процес можеме да го идентификуваме како носење на крст, како мачеништво.
Брачниот живот како via dolorosa

Според учењето на Црквата, има два пата за стекнување на смирението, т.е. на спасението. Има два начина за да се последува Христа: монаштвото и бракот. Христијанинот треба да одбере помеѓу овие две (сп. Мт 19,10-12), а третата опција – девство во светот, светоотечкото предание не ја препорачува како многу опасна. Монаштвото и брачниот живот претставуваат испитани експерименти, на кои ако сериозно им се пристапи, водат до Царството Небесно. И двата начина обезбедуваат поволна атмосфера за стекнување на смирението: монахот целосно се откажува од својата волја, предавајќи се на послушание кон својот старец, а брачникот е постојано во ситуација да го лимитира своето јас, во полза на другиот.

Отец Александар Елчанинов прекрасно ја опишува човечката димензија на светата тајна брак, во која, како во оган, се претопува егоизмот: „Бракот е просветување, мистерија. Во него се случува потполно изменување на човекот, се раширува неговата личност, се добиваат нови очи, ново чувство за животот, преку него човекот се раѓа во светот во нова полнота. Но, индивидуализмот на нашето време во бракот создава особени тешкотии. Нивното преодолевање укажува дека двајцата вршат сознателни усилби за градење на бракот… Философијата на семејните кавги: честопати кавгите произлегуваат од прекорите на жената, што тешко се восприемаат од страна на мажот, макар тие прекори и да се правилни (самољубие). Треба да се разјасни од каде се тие прекори: често тие доаѓаат од желбата на жената да го види својот маж подобар, отколку што е тој навистина, од преголемото барање од него, т.е. од нејзиното идеализирање. Во таквите случаи, жената претставува совест на својот маж и така и треба да се восприемаат тие прекори. Мажот, особено во бракот, е наклонет да се опушти и да се успокои на емпириската даденост. Жената го оттрга од неа и од мажот очекува повеќе. Во таа смисла, постоењето на семејните судрувања, колку тоа и да е чудно, претставуваат доказ за остварениот (а не само на проектираниот) брак, и во тој нов човек, слеан од двајца, жената ја игра улогата на совест. Еве зошто меѓу блиските луѓе кавгите понекогаш се дури и полезни – во огнот на кавгата изгорува целото ѓубре на навреди, недоразбирања, понекогаш долго време натрупувано. И после взаемното објаснување и исповед настапува чувство на полна јаснотија и спокојство – сѐ е разјаснето, ништо не претставува бреме. Тогаш се разврзуваат возвишените способности на душата и, комуницирајќи взаемно, се достигнува потполна еднодушност и едномислие.“

Во истиот контекст, говорејќи за бракот како за крст, современиот руски теолог протоѓаконот Андреј Кураев на еден досетлив, но реален начин го уподобува него на космичка катастрофа. „Под тој термин во астрономијата се подразбира судар на два ѕвездени система. Замислете си, си било еднаш едно сонце по име Иван. Околу тоа сонце кружеле планети: тато, мама. По подалечните орбити – дедовци и баби. Понекогаш на гости прелетувале комети – чичковци и тетки… А во соседниот влез растело друго сонце по име Тања. Со сопствен планетарен систем. И во еден момент тие се сретнале… Секое од тие сонца се навикнало да биде центар на својот систем, околу кој сѐ се врти. Но, тука веќе тој треба да се премести. И наскоро таму и ново сонце ќе засветли, и толку – ти самиот си веќе само планетичка… Тешко е да се прими во својот живот друг човек. Тешко е да ги удвоиш сопствените нервни завршетоци, па болката и радоста на другиот да ги восприемаш како свои… Патот на бракот е тежок по самата своја суштина, зашто да создадеш семејство – тоа значи да пустиш друг човек во самата срцевина на својот живот, да живееш не само заради себе, да загубиш некаква автономија. Во таа смисла, секоја сериозна љубов, а уште повеќе бракот, се сродни на самоубиство: човекот престанува да живее за себе и во себе, и почнува да живее за другиот. Тоа е многу тешко и многу болно. И овде Црквата е чесна – затоа и таа говори, дека семејниот пат по себе е маченички. И при венчавањето врз главите на младите се полагаат токму маченички венци. Дека венците се маченички станува јасно од зборовите што се пеат во таквата пригода: ’Свети маченици, кои храбро страдавте и се овенчавте, молете се на Господа да се спасат душите наши‘.“

Имено така се восприема бракот во христијанството. Заедно со монаштвото, тој е еден од начините со кој ние можеме да го здобиеме спасението на душата. Во нашето општество, кое во голема мера го има изгубено црковното сознание, постои аверзија кон монашкиот начин на живот. Тоа е така, затоа што номиналните христијани не можат да го разберат него, бидејќи тие расудуваат со категориите на секуларниот, дехристијанизиран ум. И не можат да ја видат радоста, со која се исполнети монасите, затоа што Бог за нив не претставува предмет на нивната љубов, што значи дека таа радост за нив е непозната. А нивното преферирање на брачниот живот се базира само врз вообичаената претстава за брачната среќа: телесната љубов, потомството и т.н. Но, оние што Го познале Бога вистински, што дозволиле да бидат допрени од Неговата љубов, за нив Он претставува врвното нешто за што жеднее нивната душа. И во таа смисла, за христијаните што живеат во подвиг, и двата начина се тешки, така што нема некоја особена разлика меѓу нив, туку секој го избира оној пат што му соодветствува. Кој од овие два пата е потежок? Еве што вели Кураев: „Јас знам монаси, кои тргнале по патот на монаштвото, затоа што почувствувале таков религиозен поттик, така што тие решиле да не се премислуваат повеќе; тие го зеле оној крст, кој им се чинел како најтежок… Во исто време знам и монаси, кои го избрале тој пат врз спротивни препоставки. На пр., еден мој сокласник во Богословијата. Кога тој предаде молба за постриг во монаштво, јас го прашав: ’Зошто реши така?‘ Тој одговори: ’Едноставно се знам себеси. Јас сум слаб човек. Нема да успеам истовремено да им служам и на семејството и на Црквата. А навистина сакам да ѝ служам на Црквата. Затоа за мене тоа претставува полесен пат. Јас го избирам, затоа што би сакал да успеам да го сторам најважното во животот‘. Има луѓе, за кои брачниот пат би им бил потежок, отколку монашкиот пат. А има луѓе со поинакво устројство на душата. Маченичката символика ја има и во чинот на венчавање, и во монашкиот живот… Семејниот живот не е само медениот месец. Би било голема измама да се мисли, дека чувството на првичната вљубеност ќе се зачува за цел живот. На негова смена треба да дојдат некакви поинакви, многу подлабоки односи, отколку романтичните чувства на првите денови.“

Но, од ова не треба да заклучиме дека брачниот живот е исполнет само со мачнини и болка. Споменатиот отец Александар во своите „Записи“ ќе напише: „Во бракот празничната радост на првиот ден треба да се продолжи на цел живот; секој ден треба да биде празник, секој ден мажот и жената треба да бидат нови и необични еден на друг. Единствениот пат за тоа е задлабочувањето на духовниот живот и на двајцата, работата над себеси.“ Значи, сѐ зависи од самите брачници; колку и да е среќен бракот, сепак, неминовни се оние ситуации кога секој од нив ќе мора да ја крши својата гордост, затоа што во брачната заедница нема место за егоцентризам. Но, тој брачен крст поради љубовта се носи со радост. За таквото сугубо значење на љубовта пее еден познат христијански поет: „Кога љубовта ќе ве повика, следете ја, иако нејзините патишта се тврди и стрмни… Бидејќи, како што љубовта ве крунисува, така и ќе ве распнува. Бидејќи, колку ви помага да растете, толку и ве потсекува… Како снопови од жито таа во себе ве собира. Таа ве толчи за да ве оголи. Таа ве сее за да ве ослободи од вашите лушпи. Таа ве меле додека не побелите. Таа ве меси додека не станете еластични, а потоа ве става на својот свет оган, за да станете свет леб на Божјата света гозба. Сево ова љубовта ќе би го направи за да ги дознаете тајните на своето срце и според тоа знаење да станете парче од срцето на самиот Живот.“
Поуката на Младенци

Според досега кажаното, можеме да заклучиме дека заедничкиот именител на бракот и празникот на 40-те маченици е токму мачеништвото. Не случајно е тоа што празникот се паѓа во деновите на Великиот пост, во оној период кога се подготвуваме за празникот на Христовото Воскресение. Тоа е период кога христијаните усмеруваат поголемо внимание врз себеси, задлабочувајќи го својот духовен живот. Духовното расположение што тогаш преовладува со душите на верните, во светоотечката традиција се предава преку оксиморонот радосна тага или таговна радост. Тоа е така, затоа што великопосниот подвиг е проткаен со антиципацијата на вокресенската радост, со цврстата вера дека по Крстот следува Воскресението. Не случајно е и тоа дека празнувањето на Христовата Пасха, која претставува исполнување на старозаветната, паѓа во периодот на пролетта, кога се случува повторното раѓање на природата, а традиционално тогаш се случил и Исходот на Евреите од Египет. Натуралната димензија на Пасхата (преминот од зима во пролет) се дополнила со историската димензија (Исходот од Египет), за конечно и двете димензии провиденцијално да бидат исполнети со Христовата Пасха (Воскресението). Во таа смисла, Великиот пост е икона (образ) на христијанскиот подвижнички живот (и на монашкиот и на брачниот), кој започнува уште сега во историското време и за своја цел го има есхатонот (Царството Небесно), и тоа крстоносно патешествие е проткаено со радоста на воскресението, што со надеж се очекува.

Бројот на севастиските маченици, исто така, има големо значење. Тој се поврзува со бројот на деновите на светата Четириесетница (Великиот пост е составен од 40-дневен пост т.н. Четириесетница кој трае од Прочка до петокот пред Лазарева сабота, кон кој се додаваат уште неколку денови наречени Последование на Крстот: од Лазарова сабота, па Страдалната седмица до Воскресението). Бројот 40 има големо значење во библискиот јазик. Во нумеричката символика на Блискиот исток, чиј јазик се користи во Светото писмо, со бројот 40 се означува период на генерација, на подготовка и испитување , т.е. период на завршен акт (на пр. Мојсеј пости 40 денови пред примањето на Законот, Евреите 40 години скитаат по пустината, Христос 40 дена постел, по Воскресението Он им се јавува во тек на 40 дена). Врската помеѓу споменот на 40-те маченици и Великиот пост е очигледна. Неслучајно празникот паѓа во овој посен период, за со себе да ја потврди идејата на Великиот пост како за образ на христијанскиот маченички живот, кој преку Христа се овенчува со воскресение.

Животот е исполнет со страданија и ние мораме да се соочиме со нив, да ги осмислиме, инаку сѐ би било апсурдно. Во Христа сѐ добива смисла, па дури и страданијата; тие се преобразени во средство преку кое ние се спасуваме. Оние што стапуваат во брачните води, треба да знаат дека тргнуваат по еден трнлив пат, исполнет со радости и неволји, со крст, пат кој има цел и истрајните на него ќе бидат на крајот овенчани, исто како и светите 40 севастиски маченици, со венците на небесната слава: Не знаете ли дека оние што се натпреваруваат на стадион, трчаат сите, но само еден добива награда? Па така трчајте и вие, за да добиете. Секој натпреварувач се воздржува од сѐ: тие – за да добијат распадлив венец, а ние – нераспадлив. Јас, пак, така трчам, но не како без цел; не се борам како оној што удира по ветар… (1 Кор 9,24-26).

Младенци секогаш паѓа во периодот на Великиот пост, што значи дека трпезата тој ден треба да биде посна. Поради празникот, тој ден не се практикува строг пост, се дозволува употреба на масло. И затоа оние што го празнуваат, а секако станува збор за православни христијани, треба да го прослават како што приличи на нивното именување, запазувајќи го континуитетот на Великиот пост. Освен на храната, треба да се обрати внимание и на значењето и суштината на брачното живеење, на христијанското поимање на бракот како света тајна, како пат кој води до Царството Божјо. Како никогаш до сега е потребно сериозно пристапување кон бракот. Да напоменеме, не постои такво нешто како идеален брак. Оние кои тргнуваат по патот на брачниот живот, а не се спремни да се принесат себеси како жртва, не се подготвени да го прифатат крстот во бракот и воопшто не пристапуваат сериозно кон него, подобро е да го послушаат советот на поетот: „Но, ако во својот страв барате само љубовен мир и љубовно уживање, подобро ви е да ја покриете голотијата своја и да заминете од гумното на љубовта, во светот без годишни времиња, каде ќе се смеете, но не со полна насмевка, и каде ќе плачете, но не со сите свои солзи.“

М-р. Георгиј Глигоров

Извор: Агапи



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3122
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7592
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

14/11/2024 - четврток

+Светите Козма и Дамјан; Светиот маченик принцот Ерминигелд; Преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная