логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 Како да се однесуваме кон грешките на свештеникот?
In Православие, Православна светлина, Современи искушенија, мпц, црква on Август 2, 2013 at 11:38 pm

Кога треба да го известиме епископот за грешките на свештеникот, а кога не треба да брзаме со забелешките? Дали првин треба да ја потполниме празнината во сопственото образование и каква опасност за младиот јеромонах крие добивањето парохија во Москва? Зошто грчкиот селски свештеник има најдобра кола во селото, а архиерејот понекогаш патува со половен – „коњ за работа“? За сето ова зборува митрополитот Саратовски и Вољски – Лонгин.

Како да реагираме на фактот дека свештеникот направил грев?

litija gruzijaСвети Игнатиј Брјанчанинов, одговарајќи на слободната критика на Црквата, мошне добро забележува: „Монаштвото е барометар кој, стоејќи во заедничка соба, затворена од сите страни, точно покажува какво е времето на улицата“. Овие зборови може да се однесуваат општо и на црквата. Црквата е исто така дел од општеството. Луѓето, кои ја сочинуваат Црквата, значи и клириците и мирјаните, не доаѓаат од други планети. Тие луѓе израснале заедно со нас и се воспитани на ист начин како и сите останати. И тие боледуваат од исти болести како и цело општество. Единствено по што се разликуваат од нецрковниот народ, е фактот дека тие ја спознале состојбата на својата душа – и дошле во болницата. Како да се однесуваме кон тоа што во болницата некој ги почитува упатствата на лекарот, а некој не ги почитува, зашто пие и пуши, или, дури бега од таму? Дали треба да ја затвориме болницата поради тоа што, да речеме, медицината како наука е неспособна, и ништо добро од неа не можеме да очекуваме? Се разбира, не.

Но, црквата не е повикана да биде поинаква, значи, не онаква какво што е општеството?


litija gruzija
-          Црквата е повикана да биде поинаква. Навистина, ние сме повикани да живееме свет живот. Апсолутно сите. Но, дали гледате дека патот на големите светители кон свет живот, не бил едноставен. Не можат да се променат луѓето за еден час: денес човекот е едно – утре, сосема друго, и таков ќе остане до смртта… Човекот е интересен склоп: се издигнува на некоја висина, но, треба да застане и да констатира дека е храбар и колку е денес подобар отколку вчера. Меѓутоа, тој овде често паѓа уште пониско. Тоа е законитоста на духовниот живот. А Црквата го прима асолутно секој човек, со сите негови маани. Ете, во тоа смисла Црквата е навистина – пресек на нашето општество. Не е тајна дека хедонизмот се зацврстува во нашето општество како главна идеологија, така што луѓето во Црквата доаѓаат со сè поизразен белег: на внатрешните проблеми и рани.

Дури и ако човекот побегнал од таа идеологија, сепак не може во потполност да се ослободи од нејзиното влијание.

Дали свештеникот мора да биде попобожен од своите парохјани? Дали е должен да биде подвижник? Макар и да не вози скап автомобил која иритира?

Што значи попобожен? Не постојат такви мерни инструменти, со кој би можеле, кога ќе излеземе наутро од станот, да го измериме нивото на побожност и кај себе, и кај останатите луѓе… Па сепак, свештеникот за својот народ мора да биде пример, односно, правило. Тој е должен на дело да го извршува она што го проповеда, а во однос на материјалното – да живее онака како што живее неговата паства. Но, ако нам ни се причини дека тоа и не е баш така, не треба да изнесуваме пребрзи осуди.

Гледате, доаѓа човекот во Црквата, искрен верник. Зад себе остава сè што може да остави, сè што имал. Тој, значи, тежнее кон духовните височини и затоа станува монах. Но одеднаш – му доделуваат голема Московска парохија… А тој сè уште млад и не баш искусен монах… И, сега нему му се отвораат такви можности, какви што може никогаш не му се отвориле да не станел монах. Јас не велам дека тој зема пари од црковната каса и ги троши на некакви пијанки, не! Едноставно, тој стекнува нови познанства, духовни чеда, на пример, некој познат естраден уметник, или некој сличен таков… Тие луѓе го водат секаде, како тој ним да им е некаква егзотична играчка. Тие се негови другари, и малку по малку, доаѓа до тоа човек под сомнителни околности да вози некое незамисливо скапо возило. Како се случило тоа? Во кој момент требало да се запре тој млад човек…? Може тој сите други задолженија свештенички да ги извршува одлично. На пример, исклучително добар свештеник, прекрасно се однесува кон луѓето и тие го сакаат зашто тој им помогнал, сакал да ги сослуша, поради некои потреби дури и ноќе одел на другиот дел од градот… Едното со другото многу често се совпаѓаат. Затоа треба да настојуваме да бидеме повнимателни во осудувањата, надевајќи се дека овие ситуации, за кои денес говорат медиумите, некого ќе сопреме, а некому ќе му послужат како лекција.

Патем, се сетив на една приказна која никогаш порано не сум ја кажал. Кога бев млад, често патував во Грција. Таму две нешта многу ме изненадија… Добро ги запамтив. Со неколку архиереи се возев во автомобил и видов дека тоа беше обичен странски автомобил, како што ги викаме работни коњи – не поради тоа што се исчукани, туку поради тоа што се половни. По ништо не се разликуваше од другите возила во колоната од автомобили. Тоа ми беше прва лекција. А другата… Бевме на гости кај свештеник во едно мало село, високо на ридовите. Го прашав како живее парохијата, и од кои средства  живее лично свештеникот со семејството. Селото е мало…По наши мерила не само семејство, туку ни мачка овде не можеш да прехраниш. Дел од платата свештеникот ја добива од Митрополијата, а дел од државата. Станот е секогаш црковен. А автомобилот, ми велат, секогаш ја купува населението од селото, и секогаш свештеничкиот автомобил во селото е најдобар! Се разбира, не станува збор за „лексус“, ниту за некој раскош, но никому не му паѓа на памет да купи подобар автомобил од оној на свештеникот. И ако се случи во соседното село да му купат на отецот нов автомобил, тогаш и овде исто така веднаш ќе купат нов автомобил. Јас слушам и размислувам – кај нас тоа едноставно е невозможно. А таму тоа е природно, затоа што кај нив свештеникот е човек, когошто го почитуваат, кој ги води луѓето и сите жители на селото – од нивното раѓање па сè до смртта. Едноставно, тоа се, разликите во психологијата на нациите.

Дали треба да се жалиме кај епископот, ако дознаеме дека свештеникот направил грев?


- Тоа, дека свештениците може да згрешат, не е откриено во последните две недели, ниту во последниве два века. Токму од тие причини Црквата има соодветни канони, но и големо искуство во борбата со грешките на свештенството, како и да се лиши од свештенослужителите, кои тие грешки не можат да ги исправат. Постои книга на прописи во која се разгледуваат сите можни лоши постапки, кои може да ги направат свештените лица. За нив соодветната казна ја одредуваат каноните. Самиот збор епископ во превод значи надзорник. Ако свештеникот не ги извршува своите обврски, или нив ги извршува неправилно, а вие станете сведок на некоја таква непримерна постапка, којашто ја направил свештенослужителот, сигурен сум дека обраќањето кон епископот – всушност  е најисправна одлука. И, ако човек направил дело, кое не е соодветно на свештеничкиот чин, тој мора да биде лишен од тој чин. Ако тоа дело уште е и злосторство, тој подлежи и на судска казна, значи, свештеникот мора да ја сноси како и секој друг граѓанин. Тука нема за што да се расправа.

Од друга страна, понекогаш луѓето имаат чудна претстава за Црквата, и за тоа каков треба да биде свештеникот. Не е сосема јасно од каде тоа доаѓа. Еве, какви забелешки сум добивал:

„Јас дојдов во црква, и тие ме истераа“. Што всушност се случило? Воопшто никој не ја истерал, само нејзе ѝ било речено дека пред да го крстат детето, треба да поминат часови по вероучение. И, ете, пишува жалба, како во продавница да им скратиле од мерената роба. Па, ни во општеството на потрошувачи не се жалат во таа смисла: дојдов, ве молам да ми ја исполните мојата желба… Понатаму, гледаме дека свештеникот често го обвинуваат токму таму каде што тој е верен на заклетвата, и каде што не смее да дозволи да се озакони беззаконието.

- Зашто се случува општеството да не ја разбира суштината на Црквата, споредувајќи ја со митологија и одвојувајќи ја од реланоста на нејзиното постоење?

- Зборовите на Пушкин „ние сме мрзливи и незаинтересирани“, во денешно време, за жал, можеме да ги примениме за сите нас. Всушност, ако човек има желба да сфати што е Црквата, но да го прифати тоа без пристрасност, тогаш сето тоа може да го најде и на интернет. Тука може да научи и теологија и литургика. Богословија и академија можат да се завршат и врз основа на информациите кои денес се достапни. Но, ние сме мрзливи и незаинтересирани, а при тоа самоуверени, па, иако и ништо не знаеме, ние милиме дека можеме да судиме за сè. Но, ова не се однесува само на Црквата. Погледнете само колку има стручњаци во државната управа. Кај нас сите знаат како се управува со државата, земјоделието, што се прави во економијата, како се води надворешна политика… Луѓето не ги знаат оние околности околу кои со години, ако не и со векови, се трупаат овие или оние проблеми, а при тоа бескомпромисно го изнесуваат најрадикалниот суд. А потоа почнува да навредуваат: зошто нив никој не ги послуша и веднаш не отрча да го направи тоа што тие ќе го кажат… Апсолутно тоа е исто и во однос на Црква. Тоа всушност е одлика на човечката психологија.

Сепак, зошто Црвата во голема мера ја критикуваат? Дали затоа што народот не ја сфаќа нејзината суштина? Или, состојбата во нашата Црква, па и кај свештенството, сепак е такво, што сепак сме ја заслужиле таа критика?

- И едното и другото. Меѓутоа, треба да земеме во предвид дека сме сведоци на концентриран напад на Црквата од страна на ангажираните медиуми. Овој напад е очигледен за секој човек кој ја следи ситуацијата: на многу мрежи, на радиостаниците, како и во телевизиските студија, каде што седат паметни луѓе, кои со резервирана љубопитност ги следат деталите на тие напади, технологијата и квалитетот на извршување. Значи, се земаат сите реални ситуации и настани, а потоа се преувеличуваат онолку, колку што е тоа можно. Тие соопштенија  постојано се повторуваат и така се одржува нивото на интерес за дадената тема. Понекогаш без било каква информациска причина, веста повторно се пушта во етер. Но, фактот дека таа кампања сепак постои, нас во никаков случај не нè оправдува. Дури и апостол Павле вели: „не давајте им повод на оние кои го бараат“ (2.Кор. 11,12). Нашите лични недостатоци и грешки во никој случај не можеме да ги оправдаме со тоа што нашите непријатели ги бараат и потоа со нив мавтаат како со знаме. Значи, самиот тој факт, верниот човек мора да го натера да биде внимателен и да се чува, и да го принудуваат да ги сочува здравото расудување и трезвеноста.

Кој е Вашиот пастирски совет – како да се однесува човекот кога ќе види дека свештеникот греши?

- Пред сè, никој не треба специјално да се труди и да бара нечии грешки. Најчесто човекот тие грешки не ги видел лично, бидејќи, или некаде за нив прочитал, или од некого слушнал. Јас не би рекол дека на луѓето во храмот грешките на свештенослужителите толку често им паѓаат во очи. Постои еден многу добар евангелски совет: „не судете, за да не ви се суди“. Треба да знаеме дека свештеникот сепак е човек, и дека тој има такви ситуации во животот, кои можат така да го растегнат, што тој да не може да биде 24 часа нежен, љубезен, добродушен, како што се вели, да биде „на готовс“. Пожелно е да биде така, но тоа е многу сложено. Како и парохјаните, така и свештеникот е подложен на искушенија и грешки. Свети Јован Златоуст вели дека кога сите христијани би биле вистински христијани, во светот не би останал ниту еден многубожец ниту Јудеец. Сите историски неуспеси во Црквата се поврзани само за едно – ние, луѓето од Црквата, не одговараме на своето предназначение и не живееме онака, како што тоа од нас го бара нашиот Спасител.

Превод од српски јазик:

Маја Јаневска, дипл. проф. по македонска книжевност

Православна светлина бр. 26

Извор: Ортодоксија и ортопраксија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная